Pred kongres na Sdsm rekov ocekuvam da napravat dobar ecc tim...i stvarno dobri se...kako Vmroec zal mi e sto ovoj ZJ morase da odi vo Sds...za da pokazi sto znae...a ne vo Om ili vo maticnata mu Ldp...no to e to...ova e od dnevnik.
Ќе ги примениме истите основни принципи што се применуваат во водењето на семејниот буџет, при што фокусот на програмата нема да биде исклучиво на краток рок
Веднаш по неговиот избор за потпретседател на СДСМ, Зоран Јовановски, доживеа канонада од напади на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ.Нападите отидоа до таму што тој беше обвинет дека нема етика и професионализам и дека како припадник на „влашкото лоби“ќе ги уценува останатите банки со информации што ги добивал додека работел во Народна банка на РМ. За основаноста на нападите, економските состојби во земјава и решенијата што ќе ги понуди како еден од креаторите на економската програма на најголемата опозициска партија, Јовановски зборува во интервјуто за „Дневник“.
*Очекувавте ли такви напади, можно ли е, како што тврди владејачка партија, дека ќе ги уценувате банките во земјата?
- Не ме изненади тоа што имаше напади, ме изненади жестината и неоснованоста на нападите. Замислете, нема обвинувања дека нешто лошо е направено, туку дека нешто лошо евентуално би можело да се направи и дека „во јавноста постоеле сомневања“...Со оглед на тоа што никаков закон не е прекршен, се' е чиста шпекулација. Охрабрува тоа што медиумите брзо ја сфатија апсурдноста на нападите. Меѓутоа, нападите загрижуваат заради нешто друго. Прво, тоа е отсуството на чувство кај владејачката партија за приоритети во ангажманот. Наместо да се насочи целата енергија кон решавање на тешките проблеми во македонската економија, како нешто што најмногу ги погаѓа граѓаните, таа тотално непотребно ги троши времето и енергијата за бесмислени лични напади.
Подготвени и за непопуларни мерки
* Зошто сметате дека во Македонија се таложат огромни ризици кои имаат потенцијал за долгорочни последици? Власта сепак се фали со економски успеси и реформи.
- Во земјава веќе на сите им стана јасно. Приказната е многу едноставна. Од странство купуваме стоки и услуги многу повеќе од она што можеме да си го дозволиме и тоа не запира дури и во кризниве времиња. Иако размената на стоки и услуги со странство се намали, увозот се намалува значително побавно од извозот и побавно од очекувањата. Во недостиг на девизни приливи од странство, а заради обврска да ги исполниме обврските кон странство и потреба да се сочува девизниот курс на денарот, НБМ на девизниот пазар мора да продава девизи. Неизбежно, девизните резерви сериозно се топат, се намалија за речиси 30 проценти, за релативно краток период. И, тоа трае со месеци. Што се случи? Експанзивната фискална политика на Владата ја зголеми ранливоста на македонската економија во поглед на нејзината екстерна позиција.
Тоа го препознаа и странците, и ние како земја од мај годинава имаме влошен кредитен рејтинг. Јасно е дека ваквата ситуација не може неограничено долго да трае. Притоа, дополнително ме загрижуваат очекувањата дека економската криза својот најсилен удар врз македонската економија ќе го произведе во последните три месеци од годинава. Значи, притисокот врз девизниот курс на денарот е огромен, а тој е темелот на нашата макроекономска стабилност. Мораме да ја сочуваме макроекономската стабилност по секоја цена. Кога таа постои, па ќе се изгуби, покрај осиромашувањето на граѓаните, се губи и нешто што се вика доверба во способноста државата да ја води економијата, а таа не може на краток рок да се изгради.
НБМ презеде ригорозни мерки, веќе посегна и по инструменти кои не се флексибилни по својата природа и не се менуваат често на краток рок, како што е стапката на задолжителна резерва на банките. Сепак, арсеналот на мерки што може да ги преземе НБМ веќе се исцрпува. На потег е Владата и фискалната политика. Доколку приспособувањето кај буџетот не биде соодветно големо, не биде дополнето со мерки за дестимулирање на оној увоз, кој не е неопходен во кризни времиња, и ако веднаш не се обезбедат доволно пари за поддршка на билансот на плаќања кон странство, на крајот, граѓаните ќе платат висока цена.
* Кои ќе бидат контурите на економската програма што ја подготвувате, штедење, рестрикции или ќе има и развојни компоненти?
- Јас реков дека за да имаат граѓаните подобар живот мора да се носат тешки, сериозни и одговорни одлуки. Притоа, одлуките во врска со економската политика не смеат да зависат од тоа како тие се одразуваат на краткорочниот политички рејтинг на власта. Значи, мора да преземате и непопуларни економски мерки. Во однос на економската програма ќе ги примениме истите основни принципи што се применуваат во водењето на семејниот буџет. Притоа, фокусот на програмата нема да биде исклучиво на краток рок. Конкретен пример, треба да одлучите дали да склучите аранжман со ММФ по ниска цена или ќе се задолжите на финансиските пазари во странство по многу повисока цена? Кога би разбирале за што станува збор и би биле прашани, децата сигурно би го одбрале првото. Почитувањето на долгорочните аспекти покажува дека ние имаме обврска да се грижиме за перспективите и за благосостојбата и на идните генерации.
излез во долги патеки
*Нели се проблемите многу алармантни за да се дозволи чекање на долгорочни решенија?
- Мислам дека не е прашањето во тоа дали сите ние имаме време за чекање. Прашањето е како им приоѓате и како ги решавате тековните проблеми, кои, како што велите вие, се алармантни. Иако навидум тоа не изгледа така, решавањето на горливите тековни прашања е поврзано со долгорочните економски решенија. Значи, вие мора да имате долгорочна визија за тоа каде сакате да бидете после 10 години и како да стигнете таму. Доколку имате долгорочна визија, тогаш и краткорочните проблеми ќе ги решавате во согласност со неа. Клучната поента е дека треба да ги решавате тековните економски проблеми на начин што нема да ја загрози долгорочната економска иднина на земјата и со тоа постојано да се движите напред.
* Како гледате на она што досега беше водено во СДСМ како економска политика?
- Зависи што сте дефинирале како цел и како се позиционирани очекувањата. Замислете дека како политичка партија сте наследиле од претходната власт економија со значителни проблеми, нарушени економски текови, голема дупка во буџетот на државата, нарушен имиџ кај потенцијалните странски инвеститори затоа што сте имале внатрешен вооружен конфликт, ниско ниво на девизни резерви итн. Замислете сега дека сте го довеле во ред буџетот на државата, сте ги зголемиле девизните резерви, сте ја поставиле економијата на стабилна патека која создава економски растеж од 4 отсто, сте ја изградиле довербата кај странските инвеститори, всушност сте ја воспоставиле повторно макроекономската стабилност и економијата почнала да го забрзува растот. Истовремено, сте склучиле аранжман со ММФ, во кој се содржани суштински важни реформски чекори, и успешно сте го одработиле сето она што требало до доаѓањето на новите избори. Тоа е економската приказна на СДСМ во периодот 2002 - 2006 година. Дали е ова успех или неуспех? Мислам дека во минатото СДСМ не успеала доволно добро да ги искомуницира со јавноста своите економски остварувања.
Промашени напади
- Најстрашно е тоа што нападите против мене содржеа етикетирање од типот вакво или онакво лоби со етнички предзнак. Со тоа, се создаде основа одредени граѓани на земјава да се почувствуваат навредени само поради нивната припадност на одредена етничка заедница. Без оглед на тоа што јас не припаѓам на какво било какво и не сум припадник на, во конкретниот случај, влашката етничка заедница, мислам дека принципиелно ваков тип на етикетирање е апсолутно неприфатлив за модерни демократски општества и не смее да си го дозволи никој, па ни владеачката партија, вели Јовановски.
Ставрески спроведува туѓа политика
*Извесно е дека ќе доаѓате во судир со она што е економски концепт што го поставува вицепремиерот Зоран Ставрески, како гледате на она што тој досега го направил?
- Со вицепремиерот Ставрески се знаеме одамна, уште од факултетските денови. Потоа, не само што работевме заедно во Народна банка, туку извесно време и во иста канцеларија. За тој Ставрески, од тоа време, имам високо мислење. Мислам дека и подоцна имаше добар проект, како што е регулаторната гилотина. Меѓутоа, гледајќи што сега се случува во македонската економија, не можам да поверувам дека тој дава согласност за потезите што се влечат. На пример, јас не можам да сфатам како можеше Владата на почетокот од оваа година, со сите сознанија за светската економска криза, да излезе со проекција дека економскиот растеж во Македонија во 2009 година ќе изнесува тотално нереални 5,5 проценти. Затоа, верувам дека тој спроведува туѓа политика.
Бранко Ѓорѓевски