Со економската програма ќе ја поразиме власта

Член од
29 декември 2008
Мислења
1.505
Поени од реакции
43
Народот е како “овца“ бе Горане,кој ќе му понуди “сол за крмење“,по него трча.Без разлика што така ги лажат овците кога треба да ги молзат и стрижат.Тоа си оди во континуитет со илјадници години.:toe:
Да тоа е стара изрека за народот но јас мислам дека добро ја процени мафијата СДСМ.Ги избираше 8 години да владеат и веруваше во нив.Кога виде дека не бидува ги симна од власт во 1998.Поминаја 4 години и повторно му ја даде власта демек ја сфатиле пораката од народот и сега поучени од грешките ќе направат нешто добро.И наместо тоа што се очекуваше СДСМ настапија уште поарогантно да владеат и повторно го понижија својот народ на најгнасниот можен начин.Му ја проебаја и таа гордост што остана.Е па доста е пичкаму материна нивна.А Грујо рано му е.Ќе видиме што ќе бидне и од него.Тој е 3 години па ќе видиме.Има 1000 опции има луѓе а ако СДСМ се врати во што не верувам,барем не со оваа постава колку и да направи Бранко измени тоа се истите луѓе.Не знаат тие поинаку.Тоа се деца на поранешните функционери кој жареа и палеа во бившата СФРЈ.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.777
Поени од реакции
12.241
Vo ovaa nasa drzava se slucuva nesto cudno....vo sekoja normalna drzava temi za debatiranje/diskutiranje/analiziranje/kritiki/pofalbi se potezite sto gi vlece ili planira da gi vlece vlasta a samo kaj nas ako treba so denovi i denovi ke gi analizirame sdsm i samo sdsm i nikoj drug......mislam deka ako B.C. slucajno prdne vo pogresen pravec pet dena ke se debatira tuka...no cooment :nesvest: :nesvest: :nesvest:
Па темава нели е за економска програма на опозицијата?

А за теми за властите има каде.
http://forum.kajgana.com/showthread.php?t=40477
каде што сум против да се меша опозиција во тема за преродба на позиција.

Тоа болдираното ти е батерфлај ефект
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Кај нас нема економија,нема ни Е од економија.Отвори за економија,ќе се истурат сите за политика,вака било пред 8,пред 10,пред 2.
Сега имаше емисија на канал 5,сигурно сите вмровци го смениле каналот.
Не ни требаат стратегии,ниту полики,ниту планови,ниту програми.Ни требаат луѓе кои ќе седнат здраво на газот и ќе работат,а при тоа ќе знаат основни поими од економија.Сегде приватниот капитал е примат,во македонија државниот,тргнете од ова и плукнете по сите кој не воделе.
 
Член од
29 декември 2008
Мислења
1.505
Поени од реакции
43
Па темава нели е за економска програма на опозицијата?

А за теми за властите има каде.
http://forum.kajgana.com/showthread.php?t=40477
каде што сум против да се меша опозиција во тема за преродба на позиција.

Тоа болдираното ти е батерфлај ефект
Во недостиг на ек.програма на опозицијата може да се чепне нешто од власта.Поточно сегашнава опозиција немала никогаш ек.програма,ако не ја сметаш онаа со која го искрадоја народот.Само таа не би ја нарекол економска.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.777
Поени од реакции
12.241
Во недостиг на ек.програма на опозицијата може да се чепне нешто од власта.Поточно сегашнава опозиција немала никогаш ек.програма,ако не ја сметаш онаа со која го искрадоја народот.Само таа не би ја нарекол економска.
Ако се изземе тој период кога беше пикот на трансформацијата на претпријатија со општествен капитал тогаш може да се каже и дека никогаш оваа Македонија не ни имала економска програма. Сето тоа биле обиди, но вистинска програма немаме видено во пракса. Од еден во друг фонд (ефект сврзани садови), од еден во друг џеб, живуркање со ММФ и СБ задолжувања, живуркање и фалење за ГДП со парите од нашите иселеници...вистинска економија-развојна немало.
Можеби на моменти некој и сакал навистина нешто да спроведе, но најчесто спречен од некого, нешто... брзо ја напушта функцијата.
Значи сите теории кои се учат на економски паѓаат кај нас во вода најчесто ради субјективни причини. Дури и на првата влада (Кљусев) која проба да блокира негативните моменти од влечењето средства и распадот на нашиот економски систем, и на таа влада и се правеа невидени сопки и сплетки.
 
realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134

Немој да бригаш Карлос...стрпи се до август кога програмата која сеуште е во изработка ќе биде доставена на увид на јавноста.

70% од програмата ќе биде посветена на економските прашања и решенија....таму каде што сегашнава влада е најслаба.

Знам дека со нетрпение ја очекуваш...но сепак, имај живци уште малку :)
 
Ова нашево нема ама баш никаква врска со економска програма.Шалата настрана ама јас од 1991 па наваму без разлика на тоа кој е на власт не сум видел економска програма.На никој.Овие нашиве мислам дека го искрадоја и ММФ и СБ.

Немој да бригаш Карлос...стрпи се до август кога програмата која сеуште е во изработка ќе биде доставена на увид на јавноста.

70% од програмата ќе биде посветена на економските прашања и решенија....таму каде што сегашнава влада е најслаба.

Знам дека со нетрпение ја очекуваш...но сепак, имај живци уште малку :)
:pos2::pos2::pos2::pos2::pos2:Дај реален вечерва сум нешто расположен не ми ја расипувај со финти кои се на границата на научна фантастика.И ако нее тајна каде се изработува таа програма.
 
Член од
15 мај 2008
Мислења
947
Поени од реакции
99
Немој да бригаш Карлос...стрпи се до август кога програмата која сеуште е во изработка ќе биде доставена на увид на јавноста.

70% од програмата ќе биде посветена на економските прашања и решенија....таму каде што сегашнава влада е најслаба.

Знам дека со нетрпение ја очекуваш...но сепак, имај живци уште малку :)
Па трпевме 19 години да видиме било каква програма од СДС, ќе истрпиме уште малце, не се секирај.

Но што потоа, со кој кредибилитет БЦ ќе ја презентира програмата, кога единствена програма што досега ја презентирал е: "На 15-ти септември.....". Е кога тој ќе се исчисти од СДС-то ќе може да се зборува за реформирана партија која заслужува внимание.
 
realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
:pos2::pos2::pos2::pos2::pos2:Дај реален вечерва сум нешто расположен не ми ја расипувај со финти кои се на границата на научна фантастика.
Видиш, ја па мислев дека со информацијава ќе те расположам за де не се секираш многу околу програмата на СДСМ :)
И ако нее тајна каде се изработува таа програма.
Каде се изработува е ирелевантно. Најбитно е кој ја изработува и што ќе содржи :toe:
Па трпевме 19 години да видиме било каква програма од СДС, ќе истрпиме уште малце, не се секирај.

Но што потоа, со кој кредибилитет БЦ ќе ја презентира програмата, кога единствена програма што досега ја презентирал е: "На 15-ти септември.....". Е кога тој ќе се исчисти од СДС-то ќе може да се зборува за реформирана партија која заслужува внимание.
Економскиот тим го предводи попретседателот Зоран Јовановски помопгнат од врвни партиски и непартиски експерти во државава.

Бранко е повеќе по политичките прашања.
 
Член од
29 декември 2008
Мислења
1.505
Поени од реакции
43
Ма добро сепак се изнасмеав ако можи и тоа да се смета дека ме расположило.
Каде се изработува е ирелевантно. Најбитно е кој ја изработува и што ќе содржи
Да не го викнавте на помош повторно Тео Вајгл?:pos2::pos2:Е никогаш не си ме насмеал олку.И....шалата настрана како мислиш дека ќе ја провни таа програма од бајките човекот кој неколку пати не измами.Само не ми мешај пастири вмровци патриоти оти и од нив ми е преку к.....
 
ogledalo

провинцијалец
Член од
12 мај 2008
Мислења
3.198
Поени од реакции
174
Pred kongres na Sdsm rekov ocekuvam da napravat dobar ecc tim...i stvarno dobri se...kako Vmroec zal mi e sto ovoj ZJ morase da odi vo Sds...za da pokazi sto znae...a ne vo Om ili vo maticnata mu Ldp...no to e to...ova e od dnevnik.

Ќе ги примениме истите основни принципи што се применуваат во водењето на семејниот буџет, при што фокусот на програмата нема да биде исклучиво на краток рок

Веднаш по неговиот избор за потпретседател на СДСМ, Зоран Јовановски, доживеа канонада од напади на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ.Нападите отидоа до таму што тој беше обвинет дека нема етика и професионализам и дека како припадник на „влашкото лоби“ќе ги уценува останатите банки со информации што ги добивал додека работел во Народна банка на РМ. За основаноста на нападите, економските состојби во земјава и решенијата што ќе ги понуди како еден од креаторите на економската програма на најголемата опозициска партија, Јовановски зборува во интервјуто за „Дневник“.

*Очекувавте ли такви напади, можно ли е, како што тврди владејачка партија, дека ќе ги уценувате банките во земјата?

- Не ме изненади тоа што имаше напади, ме изненади жестината и неоснованоста на нападите. Замислете, нема обвинувања дека нешто лошо е направено, туку дека нешто лошо евентуално би можело да се направи и дека „во јавноста постоеле сомневања“...Со оглед на тоа што никаков закон не е прекршен, се' е чиста шпекулација. Охрабрува тоа што медиумите брзо ја сфатија апсурдноста на нападите. Меѓутоа, нападите загрижуваат заради нешто друго. Прво, тоа е отсуството на чувство кај владејачката партија за приоритети во ангажманот. Наместо да се насочи целата енергија кон решавање на тешките проблеми во македонската економија, како нешто што најмногу ги погаѓа граѓаните, таа тотално непотребно ги троши времето и енергијата за бесмислени лични напади.

Подготвени и за непопуларни мерки

* Зошто сметате дека во Македонија се таложат огромни ризици кои имаат потенцијал за долгорочни последици? Власта сепак се фали со економски успеси и реформи.

- Во земјава веќе на сите им стана јасно. Приказната е многу едноставна. Од странство купуваме стоки и услуги многу повеќе од она што можеме да си го дозволиме и тоа не запира дури и во кризниве времиња. Иако размената на стоки и услуги со странство се намали, увозот се намалува значително побавно од извозот и побавно од очекувањата. Во недостиг на девизни приливи од странство, а заради обврска да ги исполниме обврските кон странство и потреба да се сочува девизниот курс на денарот, НБМ на девизниот пазар мора да продава девизи. Неизбежно, девизните резерви сериозно се топат, се намалија за речиси 30 проценти, за релативно краток период. И, тоа трае со месеци. Што се случи? Експанзивната фискална политика на Владата ја зголеми ранливоста на македонската економија во поглед на нејзината екстерна позиција.

Тоа го препознаа и странците, и ние како земја од мај годинава имаме влошен кредитен рејтинг. Јасно е дека ваквата ситуација не може неограничено долго да трае. Притоа, дополнително ме загрижуваат очекувањата дека економската криза својот најсилен удар врз македонската економија ќе го произведе во последните три месеци од годинава. Значи, притисокот врз девизниот курс на денарот е огромен, а тој е темелот на нашата макроекономска стабилност. Мораме да ја сочуваме макроекономската стабилност по секоја цена. Кога таа постои, па ќе се изгуби, покрај осиромашувањето на граѓаните, се губи и нешто што се вика доверба во способноста државата да ја води економијата, а таа не може на краток рок да се изгради.

НБМ презеде ригорозни мерки, веќе посегна и по инструменти кои не се флексибилни по својата природа и не се менуваат често на краток рок, како што е стапката на задолжителна резерва на банките. Сепак, арсеналот на мерки што може да ги преземе НБМ веќе се исцрпува. На потег е Владата и фискалната политика. Доколку приспособувањето кај буџетот не биде соодветно големо, не биде дополнето со мерки за дестимулирање на оној увоз, кој не е неопходен во кризни времиња, и ако веднаш не се обезбедат доволно пари за поддршка на билансот на плаќања кон странство, на крајот, граѓаните ќе платат висока цена.

* Кои ќе бидат контурите на економската програма што ја подготвувате, штедење, рестрикции или ќе има и развојни компоненти?

- Јас реков дека за да имаат граѓаните подобар живот мора да се носат тешки, сериозни и одговорни одлуки. Притоа, одлуките во врска со економската политика не смеат да зависат од тоа како тие се одразуваат на краткорочниот политички рејтинг на власта. Значи, мора да преземате и непопуларни економски мерки. Во однос на економската програма ќе ги примениме истите основни принципи што се применуваат во водењето на семејниот буџет. Притоа, фокусот на програмата нема да биде исклучиво на краток рок. Конкретен пример, треба да одлучите дали да склучите аранжман со ММФ по ниска цена или ќе се задолжите на финансиските пазари во странство по многу повисока цена? Кога би разбирале за што станува збор и би биле прашани, децата сигурно би го одбрале првото. Почитувањето на долгорочните аспекти покажува дека ние имаме обврска да се грижиме за перспективите и за благосостојбата и на идните генерации.

излез во долги патеки

*Нели се проблемите многу алармантни за да се дозволи чекање на долгорочни решенија?

- Мислам дека не е прашањето во тоа дали сите ние имаме време за чекање. Прашањето е како им приоѓате и како ги решавате тековните проблеми, кои, како што велите вие, се алармантни. Иако навидум тоа не изгледа така, решавањето на горливите тековни прашања е поврзано со долгорочните економски решенија. Значи, вие мора да имате долгорочна визија за тоа каде сакате да бидете после 10 години и како да стигнете таму. Доколку имате долгорочна визија, тогаш и краткорочните проблеми ќе ги решавате во согласност со неа. Клучната поента е дека треба да ги решавате тековните економски проблеми на начин што нема да ја загрози долгорочната економска иднина на земјата и со тоа постојано да се движите напред.

* Како гледате на она што досега беше водено во СДСМ како економска политика?

- Зависи што сте дефинирале како цел и како се позиционирани очекувањата. Замислете дека како политичка партија сте наследиле од претходната власт економија со значителни проблеми, нарушени економски текови, голема дупка во буџетот на државата, нарушен имиџ кај потенцијалните странски инвеститори затоа што сте имале внатрешен вооружен конфликт, ниско ниво на девизни резерви итн. Замислете сега дека сте го довеле во ред буџетот на државата, сте ги зголемиле девизните резерви, сте ја поставиле економијата на стабилна патека која создава економски растеж од 4 отсто, сте ја изградиле довербата кај странските инвеститори, всушност сте ја воспоставиле повторно макроекономската стабилност и економијата почнала да го забрзува растот. Истовремено, сте склучиле аранжман со ММФ, во кој се содржани суштински важни реформски чекори, и успешно сте го одработиле сето она што требало до доаѓањето на новите избори. Тоа е економската приказна на СДСМ во периодот 2002 - 2006 година. Дали е ова успех или неуспех? Мислам дека во минатото СДСМ не успеала доволно добро да ги искомуницира со јавноста своите економски остварувања.

Промашени напади

- Најстрашно е тоа што нападите против мене содржеа етикетирање од типот вакво или онакво лоби со етнички предзнак. Со тоа, се создаде основа одредени граѓани на земјава да се почувствуваат навредени само поради нивната припадност на одредена етничка заедница. Без оглед на тоа што јас не припаѓам на какво било какво и не сум припадник на, во конкретниот случај, влашката етничка заедница, мислам дека принципиелно ваков тип на етикетирање е апсолутно неприфатлив за модерни демократски општества и не смее да си го дозволи никој, па ни владеачката партија, вели Јовановски.

Ставрески спроведува туѓа политика

*Извесно е дека ќе доаѓате во судир со она што е економски концепт што го поставува вицепремиерот Зоран Ставрески, како гледате на она што тој досега го направил?

- Со вицепремиерот Ставрески се знаеме одамна, уште од факултетските денови. Потоа, не само што работевме заедно во Народна банка, туку извесно време и во иста канцеларија. За тој Ставрески, од тоа време, имам високо мислење. Мислам дека и подоцна имаше добар проект, како што е регулаторната гилотина. Меѓутоа, гледајќи што сега се случува во македонската економија, не можам да поверувам дека тој дава согласност за потезите што се влечат. На пример, јас не можам да сфатам како можеше Владата на почетокот од оваа година, со сите сознанија за светската економска криза, да излезе со проекција дека економскиот растеж во Македонија во 2009 година ќе изнесува тотално нереални 5,5 проценти. Затоа, верувам дека тој спроведува туѓа политика.

Бранко Ѓорѓевски
Во пресрет на расправата за ребалансот на буџетот СДСМ предлага 11 мерки за справување со кризата.
Партијата најавува дека со амандмани ќе бара имплементирање на нивните предлози во буџетот бидејќи предлозите на власта не значат напуштање на буџетскиот комодитет во делот на непродуктивните трошења и непродуктивните проекти. СДСМ се залага за поголем државен интервенционизам во стопанството.
Намалување на ДДВ од 18 на 15%, и од пет на четири проценти. Второ, нула проценти ДДВ за 10 најопходни прехранбени продукти, од потрошувачката кошничка. Трето, ослободување на 50%, од обврската за придонеси за плати по сите основи. Четврто, ослободување на најмалку 50%, од обврската за плаќање на персонален данок на доход. Петто, државна стимулација од 90 милиони евра, за извозно ориентираните компании“, изјави Зоран Заев, в.д претседател на СДСМ.

дали ова не се контра со болдираното?
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Немој да бригаш Карлос...стрпи се до август кога програмата која сеуште е во изработка ќе биде доставена на увид на јавноста.

70% од програмата ќе биде посветена на економските прашања и решенија....таму каде што сегашнава влада е најслаба.

Знам дека со нетрпение ја очекуваш...но сепак, имај живци уште малку :)

Не се сомневам дека ќе склопат некоја програма и тоа економска тоа е и логично...и тоа не толку поради лошата политика на владата туку поради фактот дека Бранко сфати дека прикаските одт типот „мижи Асан да ти бааме„ не поминуваат а тие позитивни трендови ги воведе токму Груевски сакал ти да признаеш или не тоа е факт...Значи во економска програма не се сомневам дури верувам дека таа ќе биде многу убава за читање а уште ако ја чита Бранко на задовослтвото ќе му нема крај...
Прашање е дали ќе има доброволци кои после СЕ ќе му веруват на Б.Ц....
Исто така прашање е и дали има капацитет таа програма да се оствари и најважно дали таа програма е реална...

Инаку за програма не е проблем и јас иако тоа не ми е професија за 2 саата ќе ти склопам програма од која лиги на устите ќе ти почетат...
 
realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
олку.И....шалата настрана како мислиш дека ќе ја провни таа програма од бајките човекот кој неколку пати не измами.
Значи пак ќе повторам. За економскиот дел од програмата (следствено и за нејзината реализација) е задолжен потпретседателот на СДСМ Зоран Јовановски во соработка со врвни партиски и непартиски економисти.
 
Член од
29 јуни 2005
Мислења
1.284
Поени од реакции
14

Sigurno врвни партиски и непартиски економисти: Jane Miljovski,Taki Fiti...ti ke gi dopishesh slednite.
 
realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
Исто така прашање е и дали има капацитет таа програма да се оствари и најважно дали таа програма е реална...
Дел од одговорот имаш овде:

Подготвени и за непопуларни мерки

- Во земјава веќе на сите им стана јасно. Приказната е многу едноставна. Од странство купуваме стоки и услуги многу повеќе од она што можеме да си го дозволиме и тоа не запира дури и во кризниве времиња. Иако размената на стоки и услуги со странство се намали, увозот се намалува значително побавно од извозот и побавно од очекувањата. Во недостиг на девизни приливи од странство, а заради обврска да ги исполниме обврските кон странство и потреба да се сочува девизниот курс на денарот, НБМ на девизниот пазар мора да продава девизи. Неизбежно, девизните резерви сериозно се топат, се намалија за речиси 30 проценти, за релативно краток период. И, тоа трае со месеци. Што се случи? Експанзивната фискална политика на Владата ја зголеми ранливоста на македонската економија во поглед на нејзината екстерна позиција.

Тоа го препознаа и странците, и ние како земја од мај годинава имаме влошен кредитен рејтинг. Јасно е дека ваквата ситуација не може неограничено долго да трае. Притоа, дополнително ме загрижуваат очекувањата дека економската криза својот најсилен удар врз македонската економија ќе го произведе во последните три месеци од годинава. Значи, притисокот врз девизниот курс на денарот е огромен, а тој е темелот на нашата макроекономска стабилност. Мораме да ја сочуваме макроекономската стабилност по секоја цена. Кога таа постои, па ќе се изгуби, покрај осиромашувањето на граѓаните, се губи и нешто што се вика доверба во способноста државата да ја води економијата, а таа не може на краток рок да се изгради.
Инаку за програма не е проблем и јас иако тоа не ми е професија за 2 саата ќе ти склопам програма од која лиги на устите ќе ти почетат...
Не зезај....па што не си кажал до сега да те препорачаме како независен експерт кој знае за два часа да скоцка економска програма :)
Sigurno врвни партиски и непартиски економисти: Jane Miljovski,Taki Fiti...ti ke gi dopishesh slednite.
Ванчев, си заглавил во времето пријателе.

Погледни во календарот....2009-та сме :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom