- Член од
- 7 октомври 2008
- Мислења
- 6.055
- Поени од реакции
- 6.443
Велкам ту Табановце
Македонија е прекрасна мала земја, со убави езера, планини, градови, со питоми и гостопримливи луѓе... Тоа е сликата што самите ја имаме за нашата земја. Но, која е сликата за нас и за нашата земја што ја добиваат странците при првиот контакт со Македонија?
Со намера да добиеме едeн објективен одговор за тоа прашање поминавме неколку часа на граничниот премин Табановце, преку кој во летниот период влегуваат најголем број странци во земјава, главно туристички патници за Грција и за Турција. За жал, првата слика која ја добиваат странците при самиот влез во државата тешко се поправа со скапите реклами за вечноста на Македонија.
Екипата на „Дневник“ се обиде да убеди неколку транзитни туристи наместо транзит да ја „прелетаат“ Македонија, да скршнат барем до главниот град и да се запознаат со дел од знаменитостите на родниот град на Мајка Тереза и на Јустинијан Први, местото каде што се спојуваат исламот и христијанството... Но нашите обиди завршија безуспешно.
ИШ ПЕСУ, САКАМ ДА ВЛЕЗАМ ВО МАКЕДОНИЈА
Патниците при самиот влез во Македонија ги пречекува малата табла на која пишува: „Граничен премин Табановце“. Гордо стои наспроти двете големи табли од српска страна каде што се посакува добредојде во Србија. Затоа пак, по стотина изминати метри на нашата територија испуштеното добредојде го посакува глутница кучиња. Големи и не безопасни, тие се одомаќиниле тука непосредно до граничните рампи каде што полицијата ја врши пасошката контрола.
- Овде се со месеци. Јавивме во Скопје на надлежните служби, но никој не презема мерки. Српската полиција често ги брка, но само до граничниот камен. Кучињата ќе си влезат на наша територија и овде си се на сигурно - иронично ни објаснува еден од полицајците.Но, сигурно не се чувствуваат патниците. Гледајќи ја глутницата која се вртка околу нивните автомобили, со страв ги подзатвораат прозорците на автомобилите. Затоа и нема да можат да ја видат таблата на која пишува дека влегуваат во Македонија, оти е поставена високо горе на зградата. Додека бевме таму, процедурата одеше бргу а полицајците и цариниците имаа коректен однос.
- Дали се вака експедитивни оти вие новинарите сте тука - не прашаа млади туристки од Унгарија, кои не' забележаа уште пред да ја поминат границата. Очекувале полош прием, па дури и дека ќе им бараат мито зашто така биле опоменати од нивни пријатели кои пред неколку дена поминале на Табановце и веќе се во Грција. На нашето укажување дека во Македонија работите се менуваат на подобро, тие како контрааргумент веднаш ни го покажаа единствениот тоалет сместен во мала изолирана куќарка.
- Изгледате како многу сиромашна држава. Првпат доаѓаме во Македонија и ова што го гледаме не е баш позитивно - ни рече Унгарката.Нејзината пријателка тргна кон тоалетот, кој е оддалечен од паркингот дури 500 метри, но брзо се врати прашувајќи не' која од двете врати е за жени и што пишува на вратите. Засрамено објаснивме дека само на македонски е напишано, оти водата не смее да се пие, а дека може да избира каде ќе влезе. Се „вадевме“ дека барем се релативно чисти. Таа се откажа од намерата и си влезе во автомобилот. За среќа не не' праша каде има вода за пиење, оти срамот ќе беше поголем бидејќи тоа се единствените две чешми на целиот граничен премин, а нема ниту каде да се купи. Но срамот на Табановце едноставно не можеше да се избегне. Другата Унгарка која ја убедувавме дека првиот впечаток ќе се поправи ако го посетат Скопје, кое е само 20 минути од автопатот (за што не знаеја воопшто), не' праша каде има туристичко биро за да земе мапа и проспект од градот. И толку ... нашите понатамошни обиди да објаснуваме дека сме добра туристичка дестинација беа невозможни. Заминаа, куртоазно најавувајќи ни дека можеби на враќање од Грција ќе влезат во Скопје.
ЧЕКАЈЌИ ЈА ПРЕРОДБАТА
Нашиве имаат повеќе преведувачки чекори за да стасаат до еден натпис на англиски јазик. Прво се' беше на кирилица, потоа се појавија и натписи на латиница, ама на македонски. Следно, пред конечно да бидат напишани и на латиница и на англиски, ќе бидат на англиски, но на кирилица. Па ќе осамне табла „Велкам ту Табановце“, баш така како што е напишана во реченицава.Следен ни пријде еден камионџија од Србија и самиот почна да дава нови поводи за срамење.
- Напишете дека немам каде да седнам, иако сум тука веќе едно деноноќие. За секој час паркирање на мојот камион на терминал плаќам 200 денари, а немам ниту каде да се измијам - револтиран укажуваше на своите маки.Негов колега од Австрија, пак, немаше каде да размени евра во денари. Единствената пошта сместена во мизерен контејнер со застрашувачки решетки на немиените прозорци беше затворена.
- Што да правам сега, цариниците ми бараат денари - нервозно реагираше.Го упативме во малото продавниче сместено во сличен контејнер, иако ни нагласи дека му е страв да не биде покраден. Сепак немаше избор, се упати таму. Вакви и слични реагирања имаше повеќе на местото предвидено за паркирање и краток одмор на патниците. Обележано е со ‘рѓосан билборд на кој има неколку неповрзани букви. Поставени се 16 монтажни бараки (контејнери) стари со децении. Неколку се празни со искршени прозорци. Пред една од нив извадени се три маси и два чадора за сонце. Странците очигледно уморни од патот и сонцето подзастануваат со автомобилите, но гледајќи ја оваа слика, додаваат гас и продолжуваат понатаму.
- Знаеме дека е мизерно. Вода од дома си носиме. Мало продавниче има колку за најнеопходното, ама по цел ден не вршиме нужда - објаснува вработена во некоја од шпедициите.Нелогично поставените објектите на целиот граничен премин - прво е преминот, па потоа празнина од 400 метри, па мала зграда за ве-це без паркинг пред него, а потоа по 500 метри е делот каде што може патниците да застанат.
- Доаѓаа неколкупати од Владата и ветуваа дека брзо ќе бидат преземени соодветни мерки - ни рекоа вработени на граничниот премин.На прашањето колку години поминаа со такви ветувања и има ли сега рок кога тоа ќе се поправи, добивме само иронична насмевка дополнета со последните ветувања кои ги добиле дека мизерните контејнери ќе се дислоцираат, ќе се изгради трговска зграда, а потоа и фонтана ќе се постави... Дотогаш, додека „преродбата“ да стаса на „Табановце“ и мизерната слика да биде барем малку разубавена, странците со страв ќе влегуваат и со итање ќе излегуваат, а ние може само да си сонуваме дека туристи ќе ја нападнат Македонија, прекрасната мала земја, со убави езера, планини, градови, со питоми и гостопримливи луѓе...
Антонио Спасев
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=0801E0541B0B3C46B6645A341FA93E42
Браво за текстот...
Конечно на некој му текна да потсети дека почетниот впечатокот е најважниот а каков впечаток им остава најфрекфентната Македонска граница на туристите најдобро говори погорниот текст...а се надевам дека некој од вас тоа го осетил и на своја кожа...
Како и да е уште едне срам за државата...
А проблемот со нормални и пристојни тоалети и места за застанување , уредени паркнзи го имаме во цела држава...А за патокази или недај боже табли кои ќе ги рекламират туристичкте капацитети да не зборувам...
Очигледно на владата сеуште не и е јасно дека добар збор вреди многу повеќе од милион реклами...
Баш ме интересира која е таа реклама што ќе ги анимира оние што се соочуват со пеколот на табановце да ја посетат нашата земја...
Сигурно по пат молат господ што побргу да ја напуштат...
И што е најтажно не се работи за некој огромни инвестиции , а кучињата скитници можат да се отстранат малтене бесплатно...