- Член од
- 28 март 2006
- Мислења
- 17.749
- Поени од реакции
- 12.207
Па требало да си остане во тоа време, да не прави експерименти со фирмите.Иначе и јас сум чула исто.. дека ги стекнале уште 86. Црвенковски е ел.инжинер. Според мене човек пред времето...
Значи ако нема докази (тргнати, скриени, недостапни со еден збор, тогаш сите фирми и пари од објекти, задруги, претпријатија се отидени кај работниците...кои во меѓувреме останаа на улица?Супер е ова сето, но како приказна личи. Јас сум за прибирање докази.. за секого. И ако некој направил нешто илегално, да се казни тоа преку правниот систем.
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=76951
Ах, минати времиња, како брзо се бришат. Но тука е гугл, А1. Од ова дали може да се види дека и претходниот претседател чекал со своето ливче?Вистината за анкетниот лист на Бранко Црвенковски ќе се дознае до крајот на месецов. Таков исход најавува првиот човек на Управата за јавни приходи, откако бизнисменот Љупчо Палевски минатиот месец тврдеше дека Црвенковски не навел 160.000 евра аванс, кои неговата сопруга Јасна со партнерите од „Семос“ ги уплатила за деловниот простор во „Тифани“.
„За претседателот Црвенковски е оформен предмет, досие. Обезбедени се добар дел од доказите, чекаме уште мал дел и веруваме дека во некој пристоен рок од 20-тина дена Управата ќе се произнесе со сите тврдења и шпекулации што беа изнесени во медиумите“, рече Горан Трајковски, директор на УЈП.
Од УЈП пред петнаесетина дена тврдеа дека ќе го повикаат Црвенковски на отчет пред даночните служби. Од кабинетот велат дека никој досега не го повикал, но и повторуваат дека Црвенковски не гледа причина за такво нешто.
Црвенковски тврдеше дека постои интерен договор меѓу четворицата партнери од „Семос“, во кој се гледа дека неговата сопруга не уплатила ништо за деловниот простор. УЈП бараше писмен доказ за ваквото тврдење, кој не е доставен.
Од даночната управа се одлучија да проверуваат откако сопственикот на „Тифани“, Палевски, им однесе нотарски договор на кој освен договорот за уплатен аванс, стои и името и потписот на Јасна Црвенковска.
Непријавениот аванс бил уплатен во кеш, летото 2002-ра, за купување деловен простор за „Семос“, а 160-те илјади останаа кај Палевски. Антикорупција не отвори случај, но писмено го побарале основниот договор за купување деловен простор во „Тифани“.
Палевски најавува дека ќе им го достави и ќе понуди дополнителни документи. Тој најавува дека в четврток ќе поднесе кривична против Црвенковски и тужба за клевета.
Првиот човек на „Семос“ учествувал во трансакциите на „Табак осигурување“
Првиот човек на „Семос“ Герасим Ванчев бил посредник во трансакциите во кои браќата Бојчеви од Америка останаа без своите акции во „Табак осигурување“.
Герасим Ванчев една година на негово име имал 5% од акциите во осигурителната компанија, вредни 600.000 евра. Биле купени директно од измамениот бизнисмен од Америка Мито Бојчев, со истите полномоштва за кои сега обвинителството води истрага дали се фалсификувани.
Директорот на „Семос“ Ванчев, кој од пред два месеца е и член на Бордот на директори на „Јака табак“, за А1 изјави, дека тој само се јавувал како посредник и му правел услуга на неговиот долгогодишен пријател Роберт Блажевски, кој е акционер во „Табак осигурување“.