SuicideMessiah
Советник
- Член од
- 7 јули 2008
- Мислења
- 5.564
- Поени од реакции
- 286
Имотот на Црвенковски без промени, на Иванов не се соопштува
И по истекот на петте години, Црвенковски го пријавил станот од 61 квадратен метар
И актуелниот и поранешниот претседател на државава, Ѓорге Иванов и Бранко Црвенковски, навреме ги доставиле своите анкетни листови за имотната состојба до Антикорупциската комисија и го запазиле законски утврдениот рок. Имотната состојба на експретседателот Црвенковски и опозиционен лидер е без промени, од онаа што е наведена пред 5 години кога тој беше избран за шеф на државата. Имотот што го поседува актуелниот претседател на државата, Иванов, не се соопштува.
„Имотниот лист на претседателот Иванов е доставен навреме до Антикорупциската комисија, но детали од листот ќе се знаат кога ќе се објават на Интернет-страниците на Комисијата и на претседателот, а тоа најверојатно ќе биде од понеделник“, информираат од Кабинетот на претседателот Иванов.
Без некакви промени е анкетниот лист, кој поранешниот претседател Црвенковски, по завршувањето на неговиот мандат, го доставил до Антикорупциската комисија.
По стапувањето на должноста во 2004 година навел дека во лична сопственост има стан од 61 метар квадратен во Скопје, автомобил „фолксваген широко“ на име на неговата сопруга, која, исто така, поседува и акции, како и денарска заштеда во Комерцијална банка.
Претседателката на Антикорупциската комисија, Мирјана Димовска, вчера не беше достапна да ги потврди информациите околу тоа дали имотните листи се доставени на време и што содржи имотниот лист на претседателот Иванов. Службите од комисијата не сакаа да изнесуваат детали, затоа што, како што рекоа, информациите можат да се добијат единствено од претседателката Димовска.
Обврска за поднесување анкетни листови имаат и новоизбраните градоначалници, чиј рок заврши вчера, но извештај за тоа дали има промена на имотната состојба треба да достават и поранешните градоначалници. За сите оние кои нема да ги достават листите во законски утврдениот рок Антикорупциската комисија ќе им поднесе пријава. (Св.У.)
Shto ukraj Gjole shto go krijaat bash me interesira ili so kolku pari go kolkaat od dpmne taka da temava zasluzhuva posebno da se debatira.