Падни-стани преродба на Никола Груевски

realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
Како шо гледам, овде нема бројки, па нема ни шо да се коментира.
Тие што не Груевски ми кажуваат дека не му чини политиката, само сакаат да бидат на негово место. И Македонија не оди во економски колапс заради Владата, земи отвори CNN или BBC и види шо се случува во светот: колку отпуштања на работици и тоа од најголемите фирми! :tapp::tapp::tapp::tapp::tapp:
Абе тебе писмото на Протуѓер да не ти е на маса :) :

"За економските проблеми според депешата на Протоѓер виновна е светската криза. Се инсистира да се прави компарација со држави кои се во подлабока криза од Македонија за да се покаже дека власта добро се справува со проблемот"

Just another clon :tv:
 
Член од
14 декември 2007
Мислења
3.271
Поени од реакции
708
Тоа беше само илустративно за да се свати поентата :tapp:
PROPAGANDA....sto mislis sto i bese vcerasnata reportaza na Sitel za Vietnam i za nivnata ekonomska sostojba..Ivona Talevska direktno od Vietnam da gi intervjuira Vietnamcite da i kazat deka zemaat po 80 -100 dolara mesecna plata..sto ne otide vo Svedska,Norveska ??

otvori ocite dete
 
Член од
8 јуни 2009
Мислења
16
Поени од реакции
0

Не знам што ти е целта со Ивона :drk: :vozbud:

А за Шведска еве ти линк и мало привју:

Шведската економија со најголем пад во последните 70 години
Шведската влада соопшти дека годинава очекува економски пад од 4,2%, што ќе биде најмногу од 1939 година.
„Пад на глобалната економија во време на финансиска криза значи дека прогнозата за шведската економија е многу мрачна“, соопштија од Министерството за финансии на Шведска.

Норвешка: сејм факинг стори
Еве линк и превју :)

Норвешка официјално влезе во рецесија, откако нејзината економија во првите три месеци од оваа година, втор квартал по ред, забележа опаѓање.

Прашања????????????
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776

и Словенија официјално во рецесија
 
Член од
18 август 2008
Мислења
680
Поени од реакции
33
Падни-стани преродба на Никола Груевски

Едно објективно екстерно оценување на изведбата на Владата би покажало дека ветувањето за преродба во сто чекори, за три години се уситни во илјада получекорчиња, во непродуктивни потскокнувања, во многу тргни- застани акции и промашувања

По три години преродба на државата, непристрасен набљудувач може да констатира дека иако населението речиси стоотстотно сака зачленување во ЕУ, не постои политичка волја за прифаќање и спроведување на т.н. европски норми и стандарди. Нивната „имплементација“, оживотворување оди бавно, со големи пречки, отворени опструкции. Најголемите противници на преобразбата на Македонија во европска држава се најгласните заговорници на европеизацијата. Што би рекол лидерот на СДСМ, оние кои најмногу говорат за ЕУ, всушност се најголемите противници на реформирањето на Македонија во функционална правна држава.

И Фершпед-штерјовото востание и последната анкета на Транспаренси интернешнел која буквално ги шашардиса првоборците на антиреформизмот, всушност е непогрешлив индикатор за тоа каде се тесните грла во реформскиот сообраќај. Според тоа, големата поддршка на актуелната влада се должи на забележаните од народот напори за длабоки системски промени, а ниските оценки за некои важни државни институции се должат на слабите реформски резултати во конкретни подрачја. Освен за Слаѓана Тасева, за остатокот на македонското општество нема ништо нелогично ни контрадикторно во „збунувачките“ одговори на анкетираните граѓани.

Големо мнозинство од народот го бендисува начинот на кој работи Владата. Тој е различен од се што низ долгата транзиција имавме можност да доживееме. Една реално млада и политички анонимна екипа без педигре, а со многу елан се впушти во опасна авантура да ја пренесе временски Македонија од 16 во 21 век. Нормално, неискусните политички натуршчици, изминативе три години покажаа дека не биле до крај свесни за цврстината на антиреформските тврдини кои една по една треба да ги освојуваат. Оттаму, почетниот елан во повеќе сфери се претвора во траума, но, за разлика од порано, ние веќе немаме ни трпение ни разбирање за поразите на Владата во остварувањето на ветените реформи. Едно објективно екстерно оценување на изведбата на Владата би покажало дека ветувањето за преродба во сто чекори, за три години се уситни во илјада получекорчиња, во непродуктивни потскокнувања, во многу тргни-застани акции и промашувања заради што се јавува недоумица дали и првиот реформски ешалон на владејачката номенклатура им се придружи на гласните опоненти заради комоција и личен интерес, дали се појави малодушност или и оваа власт е жртва на сопствените персонални ограничувања.
Со компјутеризацијата прескокнавме векови
Во изминативе три години можевме да регистрираме навистина огромни реформски исчекори чиј краен ефект сепак го подјадуваат тешки утки и грешки.

Во ци-ви-то на оваа Влада како најдлабок најдалекосежен реформски зафат може да се смета воведувањето на задолжителното образование, дисперзијата на високото образование и компјутеризацијата. Дури и ништо друго да не му успее во овој мандат на Груевски, само овој чекор од седум милји е доволен за да влезе во историјата на големите реформатори. Нормално, ако неговиот ангажман во политиката е инспириран првенствено од личен мотив. Жалиме за оние за кои воведувањето на информатичката технологија, прво во основните и средните училишта, а потоа и во забиеното и безживотно македонско село, значи „измешани приоритети“ или лудо трошење на народни пари. Секој што во листата на приоритети го става прво кенефот, а после „компјутер за баба Цана“ едноставно не разбира дека одржливоста на Македонија е сврзана со брзото прескокнување на векови. Ако чекаме изградба на патната и другата инфраструктура, потоа изградба на училишта, па репродукциски бум за тие да оживеат, па информатички образовани учители за потоа, логично, комуникациски да го умрежиме селото, како нација вечно ќе трчаме по последните вагони на сенекои композиции. Значи, останува непобитен фактот дека од информатичка дупка, за само три години, Македонија стана држава која речиси целосно е вмрежена. Предничи дури и споредена со државите во ЕУ особено по бесплатниот интернет кој е достапен во секое кафуле и курсевите за компјутерско описменување на населението.

Но, образовните реформи, постојано наоѓаат на пречки. Тимот на Груевски организациски-стратегиски и тактички лесно потфрла на локални делници, нешто заради лошиот квалитет на кадрите од средниот владин ешалон, нешто заради партиските политики во кои личниот интерес се меша со партиската книшка. Имено, Министерството за образование потфрли во законските проекти како што е екстерното тестирање и борбата со корупцијата во образованието на сите нивоа. Без тие две реформи целиот труд околу иднината на државата е залуден. Оваа Влада досега не успеа да изгради и стратегија за ревитализација на науката. Таа си остана сосема маргинализирана, а во услови на светска криза, дополнително е шутната, со изговор за штедење „народни пари“. Без инјектирање на сериозни средства и технологија во овој сектор, џабе се сите општествени реформи на долг рок.

Реформирањето на земјоделството за државава е од витално значење и стратегиски и практично. Стратегиски, зашто храната заедно со енергенсите и водата се приоритети за секоја држава. А практично, зашто Македонија има население кое е доминантно земјоделско. Направените реформи во тој сектор се само добар почеток или повеќе најава на надеж и зголемени очекувања. Сé уште не се исполнија ветувањата за поорганизиран извоз, за подобар квалитет, за формирање на агроберзата, за изградба на откупни центри. Едноставно, не е доволно да субвенционирате или да предвидувате повеќе буџетски средства за одржување на постојното аграрно ниво. Многу поважно е да го оспособите земјоделецот да „фаќа риба“ наместо да го гази и истура своето производство за кое не обезбедил пласман. Матичното министерство не успеа досега да го „реформира“ начинот на наводнување ниту изгради стратегија за зголемување на употребливиот земјишен фонд. Производството на храна за Македонија би требало да биде основа за развој и како таква во центарот на сите реформи, а ете, не е.

Заглибија здравствените реформи
Еден од најдалекосежните реформски зафати секако е преобразбата на здравствениот систем. Тие успешно се најавија, а се реализираа само во сегменти во здравствениот систем. Реформите во Фондот за здравство и Бирото за лекови, покажаа дека народот во Македонија со децении бил третиран како крава молзница. Безобразно скапите лекарства и никаквите по квалитет здравствени услуги за кои плаќаме преку здравственото осигурување, со децении биле извор на неверојатни профити на неколкумина одбрани и нивните спонзор центри. Денот кога стартуваше усогласениот ценовник за лекарствата е една од ретките светли дати на Македонија. Успешното менаџирање со здравствениот денар во Фондот за здравство, пак, покажува дека ако домаќински се управувало, Македонија денес ќе имаше солидно јавно здравство и технолошки стандардизирани здравствени установи.

Благодарение на апатичната политика на Владата, зачинета со секакви отпори заради интерес, постои реална опасност овие реформи да доживеат неуспех. Министерството за здравство, колку и да е важно за одржување на коалицијата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, веќе не смее да се занимава само со партиско-профитерските интереси наспроти јавниот интерес. Законите за одземање на лиценци на лекарите заради корупција или несовесност, за конфискација на имотот што е стекнат со шашми, тешко дека оваа Влада ќе може да ги протурка со темпото со кое напредува. Недозволиво бавно оди процедурата за тендери за медицинска опрема. Фондот уште лани издвои 40 милиони евра за таква намена, а Владата киксира на тендерите. Клиничкиот центар и по три години изгледа како да е подигнат во Прва светска војна, а примарното здравство како да им е препуштено на панаѓурски јасновидци и лиценцирани пишувачи на рецепти и болнички упати. Нема ништо од стартот на специјализацијата по семејна медицина. Камерите за екстерно оценување на поведението на медицинскиот персонал се уште не профункционирале. Ги нема и хасап стандардите во болниците.
Рекордери во невработеност
Едно од најголемите потфрлања на Владата во изминатите три години е нереформирањето на администрацијата. Македонија ќе излезе од транзицијата преродена во оној момент кога еден граѓанин ќе успее да застане пред шалтер, исправен, а од другата страна ќе го пречека љубезен службеник кој е длабоко свесен дека, без оглед чиј партиски војник е, пред него е оној што му обезбедува плата и, ќе му заврши работа - чисто, брзо, делотворно. Сé додека власта не ги реформира своите подрачни служби така што ќе ги построи и своите и туѓите партиски војници за да бидат свесни дека ќе летаат од работа за три поплаки од незадоволни граѓани, нема да биде успешна. Џабе му е реформскиот имиџ на Груевски ако на теренот ние, простосмртните и анонимните, не се огрееме од духот на реформите. Беше ветено дека Владата ќе ја проверува администрацијата преку операцијата „таен клиент“. Ова не се оствари. Иако беше ветено, се уште не дојде до хармонизација и поврзување на различните министерства и нивните служби. Мноштвото од контрадикторни прописи, од неусогласените законски решенија донесени од повеќе влади во различни периоди, го отежнуваат реформирањето на целокупниот систем и создаваат лош имиџ на државата.

Реформите во културата на сите нивоа и во сите сфери покажуваат значителен успех. Иако многумина кои од фашизоидни политички побуди сакаат Македонија да си остане европска и балканска духовна провинција, неспособна да произведе нова вредност, ги негираат пробивите на овој план, таа сепак се движи. Разбивањето на креативните монополи во творештвото, промоцијата на млади глумци, режисери, вајари, ликовни уметници, творци внесе трошка живост во нашата децениска духовна зачмаеност.

За успешноста на даночните и царински реформи немаат срце да говорат ни најострите критичари на Владата. Едноставно, таму организационо и кадровски се функционира надвор од македонските вообичаени стандарди или, државава најмногу се доближи до ЕУ преку овие две институции. Реформите во финансиската сфера и регулацијата на економските односи се специјалност на оваа Влада. Воведувањето на бруто плата е грандиозниот реформски проект кој за неколку недели ја внесе Македонија во друг век. Првичната врева брзо ќе биде заборавена како фалширање на една пропадната политичка агенда. Сепак, во оваа сфера, како што велат економските стручњаци, успехот на една влада се мери единствено преку стапката на невработеност и порастот на производството. А кај нас и едното и другото се недостижно лоши, споредбено и со државите кои потонаа во длабока рецесија. Уште нема објаснување зошто мерките за поповолен економски амбиент не се претворија во засилени вложувања, а овие пак во нови работни места. Странски инвеститори нема, ама, не вложуваат ни домашните. Владата досега беше сконцентрирана на креирање поволен инвестициски амбиент, но изгледа ќе мора да се фокусира на стимулација на креативноста и претприемачкиот дух.

Во оваа ад хок слика на досегашниот реформски учинок на Владата најтемни места остануваат во сферата на енергетиката и судството.

Македонија се уште нема стратегија за енергетскиот развој иако е земја без значајни природни ресурси. Одржувањето на енергетскиот монопол, дополнително ја прави ранлива државата и населението. Во работата на оваа Влада недостига ветената гасификација, работа на обновливите алтернативни извори, нема инвестирање во разработка и примена на технологии кои ветерот и сонцето ќе ги направат широкоисплатливи. Нема истражување и проекти за искористување на геотермалните потенцијали. Заради политички причини, сврзани со „стратегиските партнери“ останавме надвор од регионалните нафтоводи и гасоводи. Зоран Ставревски и Никола Груевски ни останаа должни за отчет во оваа сфера која јавно беше присутна само преку безбројните неуспешни тендери и кавгите со монополот ЕВН.

Продолжува....

A судовите и ЕВН чии се?

:helou:
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
PROPAGANDA....sto mislis sto i bese vcerasnata reportaza na Sitel za Vietnam i za nivnata ekonomska sostojba..Ivona Talevska direktno od Vietnam da gi intervjuira Vietnamcite da i kazat deka zemaat po 80 -100 dolara mesecna plata..sto ne otide vo Svedska,Norveska ??

otvori ocite dete
Па не морала Ивона да оди дури до Виетнам да прави интервју со тамошните жители(освен ако некој не ја “перка“ од таму).Доволно ќе било да дојде во Прилеп и да направи интервју со некој од 30 000 невработени Прилепчани кој не земаат ни 30 долари месечно како социјална помош,зошто такви се само 4-5 000,другите се оставени на цедило и живеат многу полошо одколку Вијатнамци.:toe:
 
R

RAYTHEON23

Гостин
Да, ама за двете статистики се виновни двете партии, а не исклучиво ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ...

оти сите велат ДПМНЕ НЕ ГРЕШЕШЕ цркви гради:vozbud:

ама статистиката како вели...за време на која влада имаше најмногу партизација...де да видиме?????
 
Член од
8 јуни 2009
Мислења
16
Поени од реакции
0
Абе тебе писмото на Протуѓер да не ти е на маса :) :

"За економските проблеми според депешата на Протоѓер виновна е светската криза. Се инсистира да се прави компарација со држави кои се во подлабока криза од Македонија за да се покаже дека власта добро се справува со проблемот"

Just another clon :tv:
Шведска: еве ти линк и мало привју:
Шведската економија со најголем пад во последните 70 години
Шведската влада соопшти дека годинава очекува економски пад од 4,2%, што ќе биде најмногу од 1939 година.
„Пад на глобалната економија во време на финансиска криза значи дека прогнозата за шведската економија е многу мрачна“, соопштија од Министерството за финансии на Шведска.

Норвешка: сејм факинг стори
Еве линк и превју

Словенија: линк , превју факинг исто

Погледни шо зборат за ова во овие држави, дали се криви владите???
И не само тука, погледни УСА, Германија, Шпанија!!!

Не бе, заборавив Протуѓер е крив, ц ц ц ц ц :tapp::tapp::tapp::tapp:

А за клоновите :tapp::tapp::tapp::tapp::tapp::tapp::tapp:
Знаеш нешто да кажеш на форумов без да вреѓаш?????
 
R

RAYTHEON23

Гостин
ти да ќутиш ако не и од темава ке бараме да бидеш баниран разбра??
:pos2::pos2::zver::zver::zver::zver:

заслужуваш пиво!!!!!!!:vozbud:

PROPAGANDA....sto mislis sto i bese vcerasnata reportaza na Sitel za Vietnam i za nivnata ekonomska sostojba..Ivona Talevska direktno od Vietnam da gi intervjuira Vietnamcite da i kazat deka zemaat po 80 -100 dolara mesecna plata..sto ne otide vo Svedska,Norveska ??

otvori ocite dete
ТОЧНО!!!!

1. 460 милиони евра за субвенции за земјоделците во период 2007-2012
-2. имаме буџетска дупка..министерот за финансии само зборот го разбира.
Прочитав негде дека шо фајде им се 2-3денари субвенции кога може тиа пари за се дадат за инфраструктура? Идете прашајте ги земјоделците дали не им требаат парите!!!!!
2-3 денари се вабе они пак се минус
2-3=1. Најнизок рамен данок за инвеститори во Европа од 10 %
ДА но на долг рок се собира така повеке данок во маса односно нема евазија(избегнување) НО ВОУСЛОВИ НА КРИЗА и за Две години немада има ефект:nenene::nenene:
3-4. Зајакната борба против органициран криминал

дилерите се организиран криминал....а во македонија има околу 500 илјади парчиња оружје(не легално ама дурии против оклопно мини!!!!)
а и се фалат фатиле два дилера абе Џабе е!!!!!!
4-5=-1. Има нови 4 ренген системи за царината за полесно откирвање на шверц на роба
?????????????????????????????????????????????????????
болните од канцње немаат лекови а ниту навремена терапија со зрачење!!!!!!!...хемодијализерите патриотски(радиоактивни ли беа)
5. Проект за самовработување: 6 милиони евра за невработени лица во виснина од макс. 3000 евра/лице со камата 1%годишно
6-7=-1. Реформиран катастар...лага е!!!!!
7-10=-3:vozbud:. За компјутерите во школите да не зборам
не збори...поарно:toe:
8-9=0. 125 сипендии за информатичарите, 5000ден/лице
многу корупција...пад на интерес кај учениците!!!!
9-10=1. Колку само електронски „шалтери“ се воведоа да се спречи чекањето и корупцијат(НЕМА МНОГУ ПРИЈАВИ ЗА КОРУПЦИЈА...ПОТОЧНО ЈАС БЕВ ЖРТВА НА КОРУПЦИЈА..ИМЕНО СЕДНУВАМ ВО СЕНДВИЧАРА ИИДЕ КЕЛНЕРКАТА...ПОРАЧУВАМ ХАМБУРГЕР И МИ ВИКА ДАЈ 10 ДЕНАРИ ИЛИ НЕ ТИ ПОРАЧУВАМ..!!!!
а системите пагаат оти говеда ги одржуваат(чим е така партиски се амане знам од која???)
10. Има уште многу, но побарај си на гугл, ќе најдеш

иНДУСТРИЈАТА ПОСЕБНО ЗА ПРОИЗВОДСТВО ОДНОСНО ФАБРИКИ КОИ ПРОИЗВЕДУВААТ ИЛУЗИЈА,А ДИСТРИБУЦИЈА ПА ТРЕБА ДА ПЛАКАМЕ(МТВ)

Гоч

33 1/3 rpm
Член од
17 мај 2009
Мислења
1.417
Поени од реакции
47
оти сите велат ДПМНЕ НЕ ГРЕШЕШЕ цркви гради:vozbud:

ама статистиката како вели...за време на која влада имаше најмногу партизација...де да видиме?????
Тоа не ти дава право тебе да ги обвиниш нив за сите невработени и за големата администрација.

Не знам за статистиката - ако имаш да ја покажеш: бујрум....
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Во услови на замрзнат одкуп,кога производите скапуваат по амбарите и магацините на производителите,непреработени и непласирани,субвенциите се само уште поголемо долевање на масло во огнот.Млекарите ќе земеле 3 денари субвенција со која ќе купат по некоја инекција за да не им умре кравата од грип,а никој не ги прашува зошто не го предадат млекото по 8 денари литар со кој пари не можат ни да им обезбедат еден пристоен оброк на тие крави?Ќе ги спаси субвенцијата,не,таа само ќе ги заебе да инвестираат во она за што не им се гарантираат солидни цени за откуп на нивните производи,да се задолжат со кредити оти ете владата ќе давала субвенции,наместо да створи услови за отварање погони за преработка на млекото,кое ќе си ја достигне пазарната цена и без субвенциите на владата,за кој е премногу сомнително и дека завршуваат на вистинско место,зошто поединци беа посочени како донатори на партии,одкако зеле одредени субвенции за своите непродадени производи.:toe:
 
R

RAYTHEON23

Гостин
Чисти глупости. Кој би имал фајде во ДПМНЕ од војната?????? И статус-кво знаеш зошто беше? Затоа што дојде Кавијар Солајна од брисел и одма рече стоп, не пукајте, истото го велеше и ген.секретар на нато робертсон, тие спречија да пукаме, инаку МАКЕДОНСКАТА ВОЈСКА уште во првите две недели ќе ги решеше у два потези!!!!!!!
ТАТАРИТЕ...ЉУБЧО ТОА САКАШЕ!!!

така велел солана па робертсон...абе кој ги е„е оти ВИСТИНАТА е они зависеа од нас бидејки им бевме логистика!!!!!!!!!!

а и уште еден напад на нато....не останува таков...туку отвара врати на регионална војна!!!!!:toe:

Тоа не ти дава право тебе да ги обвиниш нив за сите невработени и за големата администрација.

Не знам за статистиката - ако имаш да ја покажеш: бујрум....

не гиобвинив...само и двете партии грешат...па затоа побарав бројки???
 
Член од
14 декември 2007
Мислења
3.271
Поени од реакции
708
Не знам што ти е целта со Ивона :drk: :vozbud:

А за Шведска еве ти линк и мало привју:

Шведската економија со најголем пад во последните 70 години
Шведската влада соопшти дека годинава очекува економски пад од 4,2%, што ќе биде најмногу од 1939 година.
„Пад на глобалната економија во време на финансиска криза значи дека прогнозата за шведската економија е многу мрачна“, соопштија од Министерството за финансии на Шведска.

Норвешка: сејм факинг стори
Еве линк и превју :)

Норвешка официјално влезе во рецесија, откако нејзината економија во првите три месеци од оваа година, втор квартал по ред, забележа опаѓање.

Прашања????????????
Mracna idnina za Svedska ? :pos2::pos2::pos2:

Norveska vo dupka? :pos2::pos2::pos2:

ti treba da pozivees 3 meseca vo nekoja od ovie dve drzavi ..a ne da guglas main stream mediumi koi ti go perat mozokot
 
Член од
29 декември 2008
Мислења
1.505
Поени од реакции
43
Шведска: еве ти линк и мало привју:
Шведската економија со најголем пад во последните 70 години
Шведската влада соопшти дека годинава очекува економски пад од 4,2%, што ќе биде најмногу од 1939 година.
„Пад на глобалната економија во време на финансиска криза значи дека прогнозата за шведската економија е многу мрачна“, соопштија од Министерството за финансии на Шведска.

Норвешка: сејм факинг стори
Еве линк и превју

Словенија: линк , превју факинг исто

Погледни шо зборат за ова во овие држави, дали се криви владите???
И не само тука, погледни УСА, Германија, Шпанија!!!

Не бе, заборавив Протуѓер е крив, ц ц ц ц ц :tapp::tapp::tapp::tapp:
А за клоновите :tapp::tapp::tapp::tapp::tapp::tapp::tapp:
Знаеш нешто да кажеш на форумов без да вреѓаш?????
Чисто сумњам за него или си клон или си селјо ако не си со него.
 
Член од
8 јуни 2009
Мислења
16
Поени од реакции
0
Mracna idnina za Svedska ? :pos2::pos2::pos2:

Norveska vo dupka? :pos2::pos2::pos2:

ti treba da pozivees 3 meseca vo nekoja od ovie dve drzavi ..a ne da guglas main stream mediumi koi ti go perat mozokot
Јас ова не го измислив, туку ова е став на ВЛАДА на држава, и они изнесуваат статистика, тоа се нивни зборови.

А ако идеш да живееш тамо, нема некој да ти плаќа, туку ќе работиш, па после ќе живееш ....
 
Kajgana Shop

На врв Bottom