Вечерва мислам дуелите ќе бидат поинтересни од вчера. Вчера имаше малку голови.
Во групата А, Бордо оди понатаму, додека вториот патник ќе биде помеѓу Јувентус и Баерн. Јуве е во многу подобра ситуација, има 8 бодови, додека Баерн има само 4. Вечерва Баерн, повеќе од сигурно ќе победи со Макаби и ќе има 7 бодови, додека ако тепа Јувентус го потврдува својот пласман понатаму, а и со нерешено би бил со едната нога во нокаут - фазата.
Во групата Б Јунајтед оди понатаму, само останува да се види дали вечерва ќе победат со Бешикташ за да се пласираат понатаму како прво пласирани. Многу поинтересно ќе е на дуелот ЦСКА Москва со Волфсбург, каде што ќе се решава судбината на ЦСКА. Ако победат остануваат во игра за второто место, ако не Волфсбург оди понатаму.
Групата Ц е најнеизвесна од вечерашните групи. Реал го пречекува Цирих, со кој би требало без проблеми да победи со што би имал 10 бода. Во другиот дуел Милан го пречекува Марсеј. Ако Милан победи, и Реал и Милан одат понатаму, а ако биде нерешено или Марсеј победи, последното коло ќе биде ептен интересно.
Во Групата Д се е јасно. Челзи и Порто одат понатаму, само ќе зависи од нивниот вечерашен дуел, кој ќе биде првопласиран. Атл.Мадрид и Апоел вечерва ќе играат за третото место, кое води во Европа Лигата.