Интервjу со Иван Ванчо Михаjлов!

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
27 март 2009
Мислења
445
Поени од реакции
14
I vnukata na Goce Delcev zboruva majcin jazik blgarski, pa mora da kazam deka e bugarka??Vanco bil Makedonec i to e fakt samo losho e sho bil pogresno upaten.
 
B

Borg_Drone

Гостин
Интересно как се толку избирателни работите при вас.Го сакате Владо,го мразите Ванчо ако да били наj-добри другари и да работели за истата кауза.Цитирате мисли на "уж Делчев",които се всуштност от роман,написан от македонец,а моментално и автора,както и книгата му се тема табу в Македониja и неможе ни да се наjде во книжарница да се купи...интересна логика все пак.А откаде е реченицата?

И за крај да го надополнам другар ти (авторот на клипот кој е член на форумот ВМРО БНД Gayboytaxi):
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Ајде дај линк, баш да видам и тоа. Прв пут слушам
Најпрво, мора да истакнам дека не смее во никој случај селективно да се гледа во сметката кој колку зло има направено во Македонија, за некои цело време да се повторува, а за некои стандардно да важи репликата „тоа е историја, треба да гледаме напред“. Во ред, ќе гледаме напред, ама не и да заборавиме, па слепо да правиме исти грешки барајќи пријатели, таму кадешто ги немаме.

Извадок од книгата „Пехчево“ од група автори објавена во Штип 1990, издадена од Друштвото за наука и уметност:

"Само во 1921 година, ретко некој од возрасните жители на Пехчево не бил изложен на некој вид репресија и затворање. Режимот на кралството Југославија не ги толерирал дури ни децата и жените. И тие, како и мажите, биле тепани и затворани. Таков е примерот со Ванѓа Василева Цоковска која долго време била срамотена во затворската ќелија од цела десетина џандари зулумџии. Таа по излегување од затворот отисша во манастир и е закалуѓерила, но до кајот на својот живот, во сите средини со кои доаѓала во контакт, го колнела името (СРПСКО, З.М.) на злосторниците. Покрај Ванѓа, од страна на режимските власти биле тепани, изнудувани на бесцелни признавања и апсени: Магда Стамболиска, Марија Рендева, Марија Попова, Руса Попова и други. Последните две биле обесени за нозете со цел бавно да умираат. Масакрирањето на неколку неполнолетни деца од потесната околина на Пехчево, предизвикала не само огорчен револт, туку и мотив кај пехчевци на кој начин да се УДРИ СРБИЈА ВО НАЈОСЕТЛИВОТО МЕСТО - ДА СЕ УБИЕ КРАЛОТ И ТАКА ДА СЕ ОДМАЗДИ ГОЛЕМАТА ПИРАМИДА МАКЕДОНСКИ ЧОВЕЧКИ ЧЕРЕПИ И КОСТУРИ, РАСФРЛЕНИ НАСЕКАДЕ ВО РАЗДЕЛЕНА МАКЕДОНИЈА... Меѓу 1921 и 1925 г. Бил убиен Иван Андонов Клепков, а Маца Мицева и ќерка и Зуица биле малтретирани и уапсени. Никола Попов Карајовов исто така бил измачуван и апсен, Миле Соколов го тепале со пиралка за белење алишта. Тој искрварил и подлегнал на раните. Иста судбина доживеале и Антим Колев, Серафим Медаров, Ефтим Василев, Глигор Аспровски, Коле Смиланов, Катерина Колева Смиланова и Елизабета Василева, додека Благој Илиев Клетнички, Крум Иванов Мицев и Андон Ефтимов Клетнички, ДЕЦА НА ВОЗРАСТ МЕЃУ 13 И 16 ГОДИНИ, на подмолен начин биле убиени. Децата ги паселе коњите по ливадите. Преку денот си играле, а кога се измориле заспале. Тогаш им се доближиле група СРПСКИ ПОТЕРЏИИ, кои ги избоделе децата со ножеви додека спиеле. Родителите на децата три недели трагале по нив, а кога ги нашле нивните мајки, не можејки да ја потиснат родителската тага за изгубените рожби, трите умреле плачејки."

Мора да се напомене дека пред кралот, за секој терор извршен во Македонија, паѓала по една српска глава. Никогаш не било убивано српско населените, но секогаш виновниците за злосторствата и нивните нарачатели, што не е случај кај србите кои за секое убиство на началник или вазал, плаќале невини човечки жртви.

Ќе забележам:

На 13.07.1928 год. во Белград во самото Министерство на полицијата во министерскиот кабинет , е извршен атентат врз министерот на полицијата Жика Лазиќ- атентатор припадник на ВМРО.

На 06.10.1927 год., во Штип во близина на црквата “Света Недела” е убиен генерал Ковачевиќ еден од носителите и проповедниците на српската национална пропаганда во Македонија. Атентатот е по налог на ВМРО ,атентатори тројца штипјани....

Атентатите на Жика Лазиќ - МИНИСТЕР НА ПОЛИЦИЈА, на ПРЕЛИЌ(за кој неможете да се договорите дали е од љубомора или од интереси на бугарскиот двор ама никако да кажете дека убивал Македонци-студенти), на ГЕНЕРАЛ КОВАЧЕВИЌ никако немозат да се вклопат во прикаската. После убиството на Ген.Ковачервиќ следат масовни апсења и пресуди,осудени се невини луѓе, на смрт и на долги затворски казни. Затворениците во знак на ПРТЕДУПРЕДУВАЊЕ испраќаат писмо до Претседателот на Југословенскато Собрание кое завршува:

"Доколку и Вие бидете исто така жестоки и ја потпишете смртната пресуда, знајте дека ја потпишувате и Вашата."

Потписници на писмото: Крум Хаџи-Андов и Тоде Шуманов - писмото е пишувано со КРВ а го пишувал секратарот на Месниот Комитет на ВМРО во Штип Димче Зографски, а го изнеле од затворот:Милан Камиларов и Илија Вуинов, сечачи на дрва во затворот.Писмото го предале на Василка Камиларова, а таа на Невена Димова која го препишала и го испратила по пошта од Велес. Писмото, кога е пишувано оваа што го пренесувам ,се наоѓало кај Коле Делипетров еден од тројцата осудени на смрт (другите двајца се Дончо Хаџисанков и Панче Бардаров), извршителите на атентатот се: Илија Лилинков, Благој Кралев и Ипократ Развигоров.

Сеуште не е одгатнато зошто е убиен кралот? Дали поради тоа што Хитлер го нарачал?

Умствените способности за многумина се ограничувачки фактор, за да ги осознаат случувањата(Во случајов драгата блогерка Рокси). Затоа САНУ направила историја за такви луѓе, по нивна мерка - колку ум толку разбирање.


Од атентатот се поминати седумдесет и кусур години, сите архиви се отворени, а за оние Хитлеровите да не зборуваме тие се достапни уште од 1946 година, ама документ, писмо , запис, било што, па и иницијали на тоалетна харитија за налог на Хитлер, НЕМА.

Целата приказна е заснована на претпоставки. Единствен документ барем досега познат се писмата на Дидо Кватерник до кој дошол Српскиот агент Владе Мирчетиќ:

"Posle atentata Vladeta je uspeo da dodje do pisama koje su razmenjivali Dido i ostali.

Dido:" Poruči Ciglaru da sam napisao rekvijum za onoga Ciganina"
Ciglar = Pavelić
Ciganin= kralj Aleksandar

Dido 2x :" Atentat u Marseju je moje remek-delo"
Iz tih pisama se vidi da oni kralja oslovljavaju sa Ciganin i Aleksandar Poslednji.

Да не испадне дека не сте сретнале по литературата која ја консумирате од САНУ, ова е втор обид за атентат на српскиот крал.

"16. Decembra 1933. Kada je kralj povodom rodjendana dolazio u Zagreb, atentat nije uspeo , a za izvršioce bili su određeni Petar Oreb, Josip Begović i Ivan Herenčić.

Повелеле уште една претпоставка за која САНУ мижи и збор не изустува:

"Jedan italijanski časopis je 6 meseci ranije najavio da će kralj biti ubijen i da iza toga stoji masonska loža Veliki Orijent iz Grenobla, jer smatra da ih je kralj svojom politikom obmanuo.Navodno su saznali da hoće da se politički približi Hitleru i da sve više odstupa od politike koja je njima u interesu, što je nedopustvo. Ništa lepše mišljenje nisu imali ni o svom ministru Luju Bartu(neki izgovaraju i Bartou) čije neke poteze,kao jedan pokušaj sklapanja nekog saveza sa Rusima , nisu mogli da razumeju. Veliki Orijent Francuske je ista ona loža koja se ponudila da se pod njenim patronatom osamostalimo posle razlaza sa ložom A. Ugarske. V. Orijent je bila loža sa mnogo jakim igračima, njihovom zaslugom su otoci i Dalmacija ostali u sastavu kraljevine SHS-a. Po njima, oni su to uradili zarad prijateljstva sa nama i na taj način su stekli veliko negodovanje medju kolegama masonima u Italiji."

Прилози за ова има милијарда, но едно е важно:

Зад сите атентати стои ВМРО, а атентатите се одговор на теророт кои го правеле Србите во Македонија.

Хитлер, Германија, великобугарски идеи...се приказни кои треба да го сокријат тој терор!

Значи, намерно се прво посочени фактите, и нај на крај одговорот на прашањето „Зошто“ за да може убаво да се види и прочита. Но само да се знае, дека ова не е нешто ново...Србите откако го превзеле вардарскиот дел од разделена Македонија, додека не го напуштиле под притисок на комунистите, не го смалиле интензитетот на теророт кој го вршеле, економското пустоешење и разврат. За тоа и претходно пишував, исто испровоциран од блогерката Рокси, во ист контекст, а и на блогот ВМРО-историја има во неколку поста детално и опширно опишан периодот на српската окупација на Македонија.

За крај, видеото од атентатот на српскиот крал, и хегемон на Македонија:


http://trn.blog.com.mk/node/177512


http://belteror.wordpress.com/
 

paradigm

The one&only
Член од
11 јуни 2007
Мислења
379
Поени од реакции
5
И за крај да го надополнам другар ти (авторот на клипот кој е член на форумот ВМРО БНД Gayboytaxi):
Интересно.Немам го видено тоj вестник досега,ама не ме чуди ако навистина го е казал това Гоце.Види и в книгата што пише:
-"Да работиш за прис'единјаването на Македонија к'м кнјажество Б'лгарија-говореше апостол'т,-това значи да си враг и на Македонија и на Б'лгарија."
Сега имало е дejци сред ВМРО,коj се залагале за освобождение на МК с помошта на Блгариja,но мнозинство били тие коj се залагале за в'трешна борба без надворешна намесата.
Аз затова не спора.Аз се буна затова што се цитират неточни мисли.Како прво нема как да каже Делчев-Тоа коj се бори за ....србските интереси.....може да биде добар србин.....по простата причина че по негово време немало срби в Maкeдониjа.Тие почнаха да праштат чети после 1903г. поради неуспеха на Илинденското востание и да си купуват "срби" с злато и с безплатно образование в Белград,както и други привилегии.Пропагандата им фана декиш по некои беднjaшки села на север,та ги претвориха в србомански.
А наj-доброто решение за Македонскиja вопрос било Автономиjа.И Ванчо за това се борил.Германците му предложиха да застане на чело на Македониja-тоj одби.Доколко би искал да ja направи МК Блгарска,би можел да го стори това,имал шанса,а както знаем всичките не се случи това сценарио.
В Македониja требва да се започне да се говори открито за личности като Тодор,Ванчо,Талев,Марковски и многу други,наместо да се забранjaват и да стоjaт kako контроверзни личности в прашните архиви.Все пак тие се родени македонци,а техната ролja и заслуги в МК историja тепрва ке биде тема за дискусии.
 
Член од
19 февруари 2009
Мислења
1.379
Поени од реакции
1.967
Ванчо Михајлов,таков каков што го дал Господ е дел од нашата историја.
Мислам дека во неговиот случај,како и во случајот на Тодор Александров нашиве институции го прават најлошото и цело време ги туркаат под тепих,не сакајки да отворат расправа за нив.Во историските учебници не знам ни дали воопшто се спомнуваат.
Какви и да се,факт е дека одиграле голема улога во поновата историјата на Македонскиот народ и треба да се расправа за тоа,да расчистиме со нивните ликови и дела,а не да го оставаме тоа за некои подобри времиња.Срамота е што еден просечно информиран Македонец на нив гледа само како на Бугарски шпиуни и ги смета за најголемите крвници на Македонскиот народ.
 

paradigm

The one&only
Член од
11 јуни 2007
Мислења
379
Поени од реакции
5
ти бе?
да не мислиш ако го плукам шумадиецов тебе ќе те пеглам. мршојадци бе..ајт глава кршет езаедно со србине..остајте ја Македонија на раат.
A што се палиш ти толко?И jaс дискутирам тук како и сите останали.Човекот промовира открито србиjaнство и се гледа оти не иска да има ништо заедничко с Македониja и македонци,он си навива за Србиja.Гледаш што постира по отгоре Трн во Око за Пехчево и србските зверства.Точно и оттам прибега моjaта фамилиja за да иде в Блгариja.Да беа останали в там,сега ке бехме с тебе с исто државиjaнство.
Пишам тук от интерес кон Македониja и не искам да наметвам на никоj чужда свест,тоа е разликата помегу мен и србчето.
Сега какав ке биде твоja однос кон мене и на какав тон ке протече дискусиjaта тоа си зависи от културата на човек,образованието и домашното возпитание :smir:
 
M

MKEUpatriot

Гостин
Иван Михајлов е одродник кој не го оправдувам но се обидувам да го разберам.Настрана неговото етничко самознание не ми е јасно како може некој да го велича кога тој е обичен убиец диктатор насилник.Најголемите чистки атентати се случуваат во негово време.Дури буг.држава мораше да интервенира за да го тргне.Како човек не може да биде почитуван и величан.Тој е човечки отпад.
 

ogledalo

провинцијалец
Член од
12 мај 2008
Мислења
3.198
Поени од реакции
174
Ме мачат прокоби,
крвави играрии на векот.
Ни потопи ни суши,
не ќе ме слезат од височини.
Не смрт без слобода,
не без Македонија.
Та кој ми ја краде земјата,
и во очи ми ја фрла!
Кој ми го погани морето,
ѕвезди крвави ќе му потопам!
Овдека и тревка се бори,
за сонце и за слобода.
Овде и семето јачка,
во земјина утроба.
Крени се море, градобран биди
пред налет на стрели сараценски
смрт или слобода и за бога,
одлука стравотна е
а камоли за овој народ унесреќен.
И ако умрам,
и не стигнам да ве опоменам
во природата, и надвор од неа
се што допрев и помилував,
ќе загрми!
А ако сите Вас, не ве збрав
на покрив на слободата,
и ако во себе не ја допрочитав,
вашата душа, се плашам да не ве измамат,
оти има лажно сонце,
и рана пролет среде зима тешка.
Па така да ги измами на видело,
вљубениците во слободата,
а потем на нишан да ги земе,
ете од тоа нам ни страдаат,
поколенијата
Македонијо, КОГА ќе те ПОМАКЕДОНЧИМЕ?
 
Член од
27 март 2009
Мислења
445
Поени од реакции
14
Иван Михајлов е одродник кој не го оправдувам но се обидувам да го разберам.Настрана неговото етничко самознание не ми е јасно како може некој да го велича кога тој е обичен убиец диктатор насилник.Најголемите чистки атентати се случуваат во негово време.Дури буг.држава мораше да интервенира за да го тргне.Како човек не може да биде почитуван и величан.Тој е човечки отпад.
Vo red go prifakam tvoeto mislenje aj sega zbor dva so ke recis za Vlado Cernozemski?
 
B

Borg_Drone

Гостин
Интересно.Немам го видено тоj вестник досега,ама не ме чуди ако навистина го е казал това Гоце.Види и в книгата што пише:
-"Да работиш за прис'единјаването на Македонија к'м кнјажество Б'лгарија-говореше апостол'т,-това значи да си враг и на Македонија и на Б'лгарија."
Сега имало е дejци сред ВМРО,коj се залагале за освобождение на МК с помошта на Блгариja,но мнозинство били тие коj се залагале за в'трешна борба без надворешна намесата.
Аз затова не спора.Аз се буна затова што се цитират неточни мисли.Како прво нема как да каже Делчев-Тоа коj се бори за ....србските интереси.....може да биде добар србин.....по простата причина че по негово време немало срби в Maкeдониjа.Тие почнаха да праштат чети после 1903г. поради неуспеха на Илинденското востание и да си купуват "срби" с злато и с безплатно образование в Белград,както и други привилегии.Пропагандата им фана декиш по некои беднjaшки села на север,та ги претвориха в србомански.
А наj-доброто решение за Македонскиja вопрос било Автономиjа.И Ванчо за това се борил
.Германците му предложиха да застане на чело на Македониja-тоj одби.Доколко би искал да ja направи МК Блгарска,би можел да го стори това,имал шанса,а както знаем всичките не се случи това сценарио..
Тој одби, зошто поголемиот дел од Македонија беше под бугарска окупација и немаше и некоја негова поголема потреба, плус Македонија ја контролираше човек, кој според него не е комунист (зборам за тој дел што беше под ваша контрола) со една реченица, мислеше дека мисијата му е завршена.
А српски интереси имало одсекогаш за Македонија, зошто ако Русија сакаше преку вас да излезе на Егејското Море, Австрија тоа го сакаше преку Србија.
 
Член од
18 март 2009
Мислења
375
Поени од реакции
7
Иван Михајлов е одродник кој не го оправдувам но се обидувам да го разберам.Настрана неговото етничко самознание не ми е јасно како може некој да го велича кога тој е обичен убиец диктатор насилник.Најголемите чистки атентати се случуваат во негово време.Дури буг.држава мораше да интервенира за да го тргне.Како човек не може да биде почитуван и величан.Тој е човечки отпад.
Мене друго ми е интересно, тие од илинденско-преображенското востание дали са били некакво благотворително дружество или са тепали турци ? И накраиот ке излезе дека да се тепат турци кои мачат македонското население е героиство, а да се тепат срби и србомани кои исто го мачат е тероризам ?
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Сто пати повторена дискусија, повторно сведена на глупави преписки, така што ја затварам. Оладете малце, имате милион теми каде можете да дискутирате.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom