- Член од
- 7 октомври 2008
- Мислења
- 6.055
- Поени од реакции
- 6.443
Албански партии бараат федерализација на Македонија
Македонија да се федерализира по примерот на Белгија и Швајцарија, побараа денеска неколку мали радикалните партии на Албанците, поддржани и од здруженија на граѓани меѓу кои и студентите од Тетовски универзитет.
Не сакале нова војна, бараат Уставот да се редефинира на мирољубив начин.
Предводени се од политичарите Хисни Шакири, Сефедин Хајруни, Бардуљ Махмути, лидерот на здружението на поранешните борци на ОНА, Изаир Самиу Баци, политичките затвореници Албанци, Шпатим Положани, Невзат Халили од движењето Илирида, како и лидерот на тетовски студенти Гафур Изаири.
„Албанскиот јазик не е рамноправен со македонскиот, албанскиот народ не е рамноправен со македонскиот, кој е од прв ред, а сите останати се од втор ред. Тоа не ја почитува волјата и историјата на Албанците кои се автохтон народ во Македонија“, рече Невзат Халили.
Со барањето биле запознати сите домашни и меѓународни фактори, а негово јавно промовирање ќе организираат и протест на 23 овој месец кај споменикот на Скендербег.
Од поголемите албански партии, ДУИ, Нова Демократија и ДПА, засега немаат поддршка.
„Запознати се и партиите на Албанците, засега никоја нема против идејата“, вели Невзат Халили.
Оваа групација е втора која во последниов месец смета дека Охридскиот договор е мртов. Претходно Тачи најави дека ќе предложи нов договор, со кој Македонците и Албанците во иднина ќе треба да бидат партнери.
Извор А1
Некако како по нарачка и синхронизирано се јавуват испливите на радикализам кај Албанците...