Формирање на македонска политичка нација. Реалност или сон?

Гоч

33 1/3 rpm
Член од
17 мај 2009
Мислења
1.417
Поени од реакции
47
Ваква македонска нација официјално не постои! Никој од горенаведениве етноси не се декларира како дел од македонската нација, со исклучок на Власите можеби. Кога сите ќе се декларираат како Македонци (дел од македонската нација) на политичко ниво и како нивна должност кон матичната земја, тогаш можеме да зборуваме за македонска нација.
Мешаме работи. Никој од етносите не се декларира како етнички Македонец. Нација не се декларира, нација постои или не постои.

Должност кон матичната земја, велиш. Плаќаат даноци, почитуваат закони (колку-толку), одат во војска, се во полиција (со грбот на РМ на ракав), гласаат... Која друга должност имаш кон една нација? Да не сакаш Албанците, Србите, Власите или било кој друг да се бори за македонскиот НАРОД? Тоа е должност само на етничките Македонци. Во Британија, Шкотланѓаните да не се борат за англиската кауза, или Ирците за велшката?
 
Македон91

Благородник
Член од
21 јануари 2009
Мислења
2.134
Поени од реакции
120

Гоч убаво ти е објаснето, не мешај НАЦИЈА со НАРОД. Текстот зборува за формирање на политичка нација составена од повеќе народи со исти права и обврски, а со универзална цел љубов кон татковината, чувство за припадност кон истата и настојување да се помогне преку инвестирање во Македонија, во нејзиниот економско-политички и културен потенцијал.
Не барам никој од етносите да се бори за нашиот народ, туку за нашата држава!
 
Епа тоа го имаш и сега според мене, и нема потреба да се формира. Имаш институции на државата (нацијата) - ДА. Имаш интегрираност на сите народи со исти права и обврски во државата - ДА. Е сега љубовта и чувството за припадноста се гради полека со време (сепак сме млада нација). И кај многу Македонци ја немаш љубовта и чувството на припадноста....
 
Македон91

Благородник
Член од
21 јануари 2009
Мислења
2.134
Поени од реакции
120
Епа тоа го имаш и сега според мене, и нема потреба да се формира. Имаш институции на државата (нацијата) - ДА. Имаш интегрираност на сите народи со исти права и обврски во државата - ДА. Е сега љубовта и чувството за припадноста се гради полека со време (сепак сме млада нација). И кај многу Македонци ја немаш љубовта и чувството на припадноста....
Тоа што го имаме сега не би го нарекол баш така. Имаме интегрираност во македонската нација од страна на Власите, Ромите, Еѓипќаните, Србите, Бошњаците (значи од помалите етнички заедници), но со Албанците е друга приказна. Тие повеќе се идентификуваат со Албанија и Косово, отколку со Македонија (има исклучоци секако). Суштината на самиов текст, односно идејата која ја имав додека го пишував е тоа како да се направат Албанците полојални граѓани на македонската држава, пред се кога станува збор за клучните проблеми како името, унитарноста на државата, територијалниот интегритет и суверенитет, Уставот и сл.
 
Зборуваш за интеграција или за асимилација?
Не верувам дека Албанците се идентификуваат со Албанија и Косово (барем немам такво чувство од тие кои лично ги познавам). Албанците ќе бидат полојални кон Македонија, кога ќе почувствуваат дека и Македонците се лојални и искрени...

За болдираното. Освен за името, за што се виновни македонските политичари и медиуми кои ја префрлија топката кај Албанците, се друго е гарантирано со рамковниот договор - унитарност, интегритет, Устав. :toe:

Но, ова е само мој став и не мора да се согласиш. Јас така гледам на работите. Зборување за формирање на нација малку ми одат во прилог на тие кои сакаат да ја редефинираат сегашната држава.
 
ogledalo

провинцијалец
Член од
12 мај 2008
Мислења
3.198
Поени од реакции
174
созадавање на политичка нација во овој момент може да е само на штета на македонците.
ние не можеме да го ставаме во залог она што го имаме Македонија, а другите кои имаат резерви од држави да очекуваме дека исто би се залагале за таа држава.
со такво создавање на политичка нација и нејзина активна улога ние како Македонци би го губеле идентитетот.
оваа работа има доста блиски точки со унија на народи која мирка ја разоткриваше како план на одредени политички структури.

јас сум категорички против....зашто не лично не се осеќам спремен да се откажам од факторите што ме прават она што сум за да формираме нешто што е можеби потреба на дневна политика,

прагматичноста можеби во овој случај е инстант...и не мислам ради тоа дека треба да создаваме нешто кое воопшто не е издржливо.
 
Член од
7 март 2009
Мислења
247
Поени од реакции
32
Зборуваш за интеграција или за асимилација?
Не верувам дека Албанците се идентификуваат со Албанија и Косово (барем немам такво чувство од тие кои лично ги познавам). Албанците ќе бидат полојални кон Македонија, кога ќе почувствуваат дека и Македонците се лојални и искрени...
Каде живееш бе дечко? Беше тука кога Косово прогласи независност? Таква радост кај Македонските Албанци немаше ни кога Македонија се осамостои!! Дури тогаш и побараа да се отцепат од државава( Илирида).

На темата: Одлична идеа која неможе да успее во ова време. Албанците никогаш нема оваа држава да ја гледаат како татковина и секогаш ке тежнеат кон сепаратизам за припојување кон Албанија и Косово. Им се може бе, Американците ги подржуваат. Само не сваќаат дека другите етноси почнуваат да ги мразат за тоа што го прават/правеле( ако не ги мразеле до сега) и може многу лошо да заврши за нив кога на Америка нема да и бидат веке од интерес. Зборувам за геноцид, па после ке има плачење од типот кој прв почна.
 
Гоч

33 1/3 rpm
Член од
17 мај 2009
Мислења
1.417
Поени од реакции
47
Каде живееш бе дечко? Беше тука кога Косово прогласи независност? Таква радост кај Македонските Албанци немаше ни кога Македонија се осамостои!! Дури тогаш и побараа да се отцепат од државава( Илирида).
А каква би била реакцијата на Србите во Македонија да им ја дадат цела Босна? Каква би била реакцијата на Македонците во Албанија да ја добиеме битката за името?
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Toa nikako ne ti se zabranuva so politickata nacija. :toe:
Inace, so politickata nacija smetam deka se otvaraat i siroko vratite da se resi problemot so imeto.... ama aj toa ke ostavam za nekoi podobri vreminja da go elaboriram...:):)
Политичка нација не смее да се оформи бе,тоа е опасност за целиот народ и држава.Всушност нацијата не смее во никој случај да се поистоветува со политиката.

A, kolku, kolku? :):)

1.800 a? Neli bea 100, 150, 200, 250 iljadi be? Kamo gi niv be? Kamo gi?!!!

1.800 pravat problemi po drzavava?!! Togas stvarno ke da sme curuk drzava...:)

baska.... obrni vnimanie na delot so zgolemen font... :) :helou:
Не бе,400 000 се,итоа најмалку 200 000 присилно или доброволно населени во Македонија последниве 50 години,за денес да се има овој проблем на аверзија кон државата во која се вгнездиле и која никогаш нема да биде нивна,во вистинска смисла на зборот.

Тоа што го имаме сега не би го нарекол баш така. Имаме интегрираност во македонската нација од страна на Власите, Ромите, Еѓипќаните, Србите, Бошњаците (значи од помалите етнички заедници), но со Албанците е друга приказна. Тие повеќе се идентификуваат со Албанија и Косово, отколку со Македонија (има исклучоци секако). Суштината на самиов текст, односно идејата која ја имав додека го пишував е тоа како да се направат Албанците полојални граѓани на македонската држава, пред се кога станува збор за клучните проблеми како името, унитарноста на државата, територијалниот интегритет и суверенитет, Уставот и сл.
Албанците нема никогаш да станат полојални граѓани на оваа држава,тоа им е генетски ебаго.Дури и во САД каде пред некој месец беа осудени неколку Албанци од Македонија за тероризам,(а го живееа просечниот Американски СОН)не се лојални граѓани,па ќе биле овде,ајде не заебавај.Рековме дека основниот предуслов за лојалност кон една држава и самоидентификација со неа е да се создаде каков таков СОН,а не КОШМАР.Во овој момент Македонија е КОШМАР и за самите Македонци,па не може да биде СОН за Албанците или било кој други националности што живеат во неа.Значи тезата за создавање единствена Македонска нација,барем во овој момент,представува само утопија,и занесување како јајце на кривина.:toe:
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.035
Добар политички аналитичар не е член на ниту една партија.

Добар политичар никогаш не врзува политика со нација!

Добар политичар во Македонија не смее да помисли да спомне збор нација.
 
Член од
7 март 2009
Мислења
247
Поени од реакции
32
А каква би била реакцијата на Србите во Македонија да им ја дадат цела Босна? Каква би била реакцијата на Македонците во Албанија да ја добиеме битката за името?

Ке се радуваат и Србите и Македонците. Ама Србите не бараа отцепување од Македонија во 1991. Плус ја не реков дека Србите се идентификуваат со Македонија како матична држава, меѓутоа сигурен сум дека се идентификуваат во поголем степен од Албанците. Не сум видел меѓу Србите во Македонија некои сепаратистички идеи.
 
TMPO

Obraz
Член од
31 октомври 2007
Мислења
1.728
Поени од реакции
26
Predavnicka tema.
 
Член од
24 јуни 2008
Мислења
1.705
Поени од реакции
75
Би се согласиле доколку им се понуди добар економски пакетет, кој ќе им биде од интерес.

И нормално, да се вложи во образованието, за да не бидат манипулативна маса за радикалните политичари.

Меѓутоа Косоварите кои дојдоа за време на војната во Косово, треба безприговорно да ја напуштат земјава и да им се одземе државјанството.
Јас се согласувам со ова гледиште на идеата. Прво да се испита на кој начин се добиени сите Македонски државјанства , на било кој , а најбројни се косовските бегалци. А потоа кога сите заедно би работеле на добрата иднина на Република Македонија (кое не го правиме сега, бидејќи Македонски граѓани со друга националност, ги условуваат своите сограѓани дека ако не прифатат промена на името и сега ти ке предизвикаат немири и бла бла).
 
Македон91

Благородник
Член од
21 јануари 2009
Мислења
2.134
Поени од реакции
120
Добар политички аналитичар не е член на ниту една партија.

Добар политичар никогаш не врзува политика со нација!

Добар политичар во Македонија не смее да помисли да спомне збор нација.
Aко се однесува ова на мене, те молам кажи ми по што утврди дека сум член на некоја партија??? И зошто политичарот не смее да помисли да спомне збор нација?

Од кога и темите станаа предавнички? Можеби тебе повеќе ти одговараат темите за етнички чисти територии. Ако е така слободно кажи.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom