Сител телевизија

Член од
21 февруари 2009
Мислења
29
Поени од реакции
0
И јас едно време се спорев со луѓево сто гледаат во Сител и не ми беше јасно, али тие пак си ја гледаат што и да кажам или направам поготово сега кога и А1 почна да забегува по малку повеке па така мислам дека е Ок да ги оствиме малку на раат, поготово сто го земаа сега Англиско и Prison Break...
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.893
Поени од реакции
7.569
НОВА СЕЗОНА НА СИТЕЛ


ФАРМА

Фарма е реално шоу каде учесниците во него живеат на еден селски имот. Имотот изгледа како пред 100 години. Нема струја, водата се зема од бунар, нема електронски уреди, тутунот се витка, се спие на дрвени кревети со постелнина од сено, има полски тоалет, нема бања и туш...

На Фарма влегуваат 17 познати личности, тие таму ќе живеат и ќе работат, а гледачите постојано ќе ги следат. Местото е целосно изолирано и нема луѓе ви близина. Секоја недела ќе се бира газда на фармата кој ќе управува со нив, потоа се бираат двајца слуги кои понатаму одат во дуел за исфрлање. Секако секоја недела по еден учесник ќе излегува од Фармата.

Условите за живот се тешки, но тие со тек на време ќе се навикнат на него и може да го унапредат.

Овој телевизиски формат е на шведската продуцентска куќа Стрикс која досега го има продадено во преку 40 земји низ светот.

Досега ова реално шоу ги има соборено сите рекорди на гледаност.
Водители на Фарма се: Александра Јефтановиќ и Огњен Амиџиќ.

Емитување на Сител:

ОД ПОНЕДЕЛНИК ДО ПЕТОК 20:50
САБОТА 21:00 ВО ЖИВО

СИТЕЛ 3 ВО ЖИВО СЕКОЈ ДЕН
10:00 до 11:00
16:00 до 16:45
00:00 до 01:00



ГРДАТА БЕТИ

Грдата Бети е популарна и една од најгледаните амерински серии. Оваа серија освои многу Еми и Златен Глобус награди, како за најдобра серија и најдобра главна актерка, која ја доби Америка Ферера. Римејк на колумбиската теленовела Јас сум грдата Бети, која постигнала невиден успех. Продуцент на серијата е познатата американска актерка, Селма Хајек.



БЕГСТВО ОД ЗАТВОР

Бегство од затвор е најгледната светска серија која има милиони обожаватели ширум светот. Серијата за првпат се прикажа во средината 2005 година и досега има освоено неколку награди како и номинации. Дејството на серијата се одвива во затворот во кој еден човек е осуден на смртна казна за убиство кое не го направил. Неговиот брат кој исто така е затворен во затворот поради вооружен грабеж на банка, крои план за бегство од затворот, но за тоа да му успее потребно е да се здружи со неколку затворски банди да се помеша во војна на затворениците, да се спријатели со повеќе луѓе кои на крајот ќе мора да ги изнесе надвор од затворот, и да ги киднапира управникот на затворот и капетанот на полицијата.



НАЈДОБРИ ГОДИНИ

Оваа сезона Сител ви ја преставува и новата хрватска серија Најдобри години. Главен лик во серијата е градската девојка Лорена која по игра на случајот ќе се најде во една селска средина. Лорена своето ново место и неговите жители ќе ги запознава заедно со гледачите на серијата кое сигурно ќе им влезе под кожа. Гледачите така ќе добијат прилика да бидат сведоци на животните подеми и падови на луѓето кои не потсетуваат на нашите соседи, роднини, родители, пријатели па дури и нас самите.

Главните улоги им се доверени на популарната Зона Замфирова или актерката Катарина Радивојевиќ и Јанко Поповиќ Волариќ.



SURVIVOR

Ова е реално шоу кое со голем успех се прикажува во голем број земји. Натпреварувачите се наоѓаат на оддалечен остров овојпат на Филипини. Се натпреваруваат за голема парична награда. Ова шоу користи прогресивна елиминација на натпреварувачите, со што натпреварувачите добиваат можност секоја недела да исфрлат некого од племето и последниот всушност станува победник.

Во ова реално шоу оваа година покрај натпреварувачите од Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора учествуваат и натпреварувачи од Словенија и Македонија.



ЛАС ВЕГАС

Лас Вегас оваа година се враќа на програмата на Сител со четвртата и петтата сезона и повторно се уживаме со јунаците кои работат во фиктивното казино Монтесито во Лас Вегас. Тие се справуваат со проблеми во работната средина, како што е сигурноста во казиното. Серијата се емитува во повеќе од 70 земји.



НАЈГОЛЕМИ ФИЛМСКИ ХИТОВИ

Оваа сезона на Сител филмските љубители ќе уживаат во големиот избор на мега хитови кои Сител ги откупи од големите филмски компании, DISNEY, FOX, UNIVERSAL, SONY PICTURES и многу други.
 
Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086
Oд утре почнува јапонското game шоу на Сител - Ninja warriors.


НИНЏА ќе се емитува вторник, среда и четврток во 20.50
 
Член од
17 септември 2009
Мислења
107
Поени од реакции
6
Interesno Game-show, nesto kako Whipeout, ama pokarikaturalni likovi se japoncite
 

Terebellum Sagittarii

Несопирлива
Член од
25 јули 2007
Мислења
1.194
Поени од реакции
578
Значи нешто слично со оние дебилите кои коментираа кечери само што тие се со забавиште :pos2:
Мене овој ми е многу интересен! Паѓаат јаки реченици. Вика типов падна лом се напраи, Климе рибарот е овој, а оваа баба му, а овој на маало вежбал Јанино....Ги одлепуе цело време.БТВ кој е човеков?
 
Член од
16 август 2008
Мислења
3.293
Поени од реакции
637
Значи нешто слично со оние дебилите кои коментираа кечери само што тие се со забавиште :pos2:
Истиот коментатор е од Кечери. :pos:
Инаку шоуто е дефинитивно интересно, јапонциве значи стварно се луди. :)

БТВ кој е човеков?
Томче, до пред некое време правеше прилози за А1 Ексклузив и коментираше Кечери, а порано мислам водеше некоја емисија на ТВ 4.
 

xochipilli

Војвода
Член од
29 јули 2006
Мислења
426
Поени од реакции
116
Јапонци ко јапонци...али не можам да го слушам Томче...ко да коментира за деца под 7 години
 
Член од
20 јануари 2009
Мислења
3.159
Поени од реакции
375
закон е коментаторот бе ! стварно ме насмеја вчера :pos2:
 
В

ВАЖНА-ВД

Гостин
Сител е најдобра телевизија! Има најдобар сопсетвеник и најдобри новинари особено Латас и Тања Бумбар аоооо закон се луѓето! Латас е царче тогаш на избори кога ги пренесуваа резлутатите Латас каков ремет удри на сдс:pos2::pos2::pos2:
А Тања што да кажам за нејзе закон си е...
Се на се Сител е најдобра телевизија!
 
Член од
29 октомври 2008
Мислења
596
Поени од реакции
13
Sitel be normalni li ste u picku mater:uvo: davate snimki od rasparceno telo na sini,idete u qurac nemate granica.
snimkata ja dadoa na vesti vo 23:00
 

Kajgana Shop

На врв Bottom