Македонија - Исланд 2-0

  • Креатор на темата Креатор на темата Zemzela
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
1-0 полувреме!
ги испековме на сонцево исланѓаниве!
трибинава 70% е готова!
 
Добро прво полувреме! Одиме на победа и 120 000 евра за Јонуз :)
 
Добро прво полувреме морам да ги одвојам Величе,Аце и Филип играат многу добро поготово Филип со одличен дриблинг и центаршут што донесе резултат.Очекувам уште еден гол за помирен крај.
 
Браво за Јонуз .. најдобра формација што може да се изведе со овие играчи.

Конечно му текна да го стави Илчо скрос напред а Пандев и Стојков по страните , така сме многу поопасни.

Абе коментаторов две чисти нема ... дури срам ми е да го слушам кога тресе вакви глупости. Боље Марјан Ников да го пуштат.
 
Иако сум среќен што водиме играта ич не ми се бендисува, премногу спор фудбал, топката лази по теренот, досадно за гледање.
 
Среќа што исланѓаниве се уште поутепани од нас, инаку црно ни се пише...Пандев уште еднаш докажува дека е тешка плачипичка!

А овој судијава па еј, до кога ќе ни делат вакви судии :tapp::tapp:
 
Деспотовски :zver:
 
Е убо :)

Да ги победевме Исланѓаниве таму и вчера со Норвешка ќе имавме МНОГУ поголеми шанси за пласман, ама тоа е :toe:
А замисли да ги тепаме Исланѓаните во Глазгов во септември? :pos:
 
Добро прво полувреме на нашите. При напаѓање сме супер, добри пробивања и нафрлања. Единствена мала забелеша: не треба да трчаат нашиве цело време кај што е топката, се губат од своите позиции и оставаат простор за Исланѓаниве. Среќа што тие не се кадарни и не можат тоа да го искористат.

Се на се, супер 45 минути. Одличен гол, добри проигрувања, добра соработка меѓу играчите. Штета што е само 1-0, можеше да биде минимум 2-0. Во второто полувреме да продолжиме со исто темпо, со помалце грешки само, и да победиме!
 
A го слушавте ли тој стручнакот што зборуваше сега дека репрезентацијата не ни била уиграна????

А јас незнам кога последен пат имаме гол постигнат од акција.....
ниту од прекин ниту од контра:toe:
 
А замисли да ги тепаме Исланѓаните во Глазгов во септември? :pos:

Тогаш Игорче има да вика ГООООООЛЛЛЛЛ без престан две минути ... ма какви две бе ... пет може човекот
 
Pa posleden ni e toj so Shkotska vo Skopje ako ne se lazam. Od sloboden udar shto golmanot ja odbi i Ilco ja plesna.
 
Среќа што исланѓаниве се уште поутепани од нас, инаку црно ни се пише...Пандев уште еднаш докажува дека е тешка плачипичка!

А овој судијава па еј, до кога ќе ни делат вакви судии :tapp::tapp:

Не знам каков ќе е во второто полувреме, но барем засега, судијата коректно си ја изврши работата и нема што да се бараат замерки за неговото судење (се надевам нема да урочам :D). Како и да е, ми се допаѓа тоа што нашата игра не се ориентира стриктно околу Пандев, нешто што многупати досега се покажало како погубно по нашата игра. Ааа, да, мора да ја напоменам и мојата вечна љубов Величе; добро бе Величе, добиваш топка на 5 метри од гол, наместен си на твојата појака нога, а ти подаваш? А другпат шутираш од невозможни ситуации и нереални далечини? Аххх, некои репрезентативци и до ден денес продолжуваат да ме импресионираат.:nesvest:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom