Макфест (не) згаснува

  • Креатор на темата Креатор на темата Lincoln Burrows
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
16 август 2008
Мислења
3.293
Поени од реакции
637
i295764627_30732_5.jpg


Поради одземањето на лиценцата на работа на Фершпед, генерален спонзор на фестивалот, речиси сигурно е дека Макфест по 24 години ќе згасне.

Жално е дека еден од ептен ретките фестивали кај нас ќе згасне, ова беше сосема неочекувано, иако рака на срце последните години имаше навистина голем број на тапа песни, малку хитови, како и не добра сценографија и продукција на фестивалот.

Еве што вели Вест.

Што мислите вие за оваа одлука и дали мислите дека ќе влијае и на онака пропаднатата Македонска музичка сцена?
 
Мислам дека шлепањето на и користењето на фестивал за притосок за издејствување на некои 10 ствари нема ама баш ич да го оправи Макфест.
 
голем број на тапа песни?
не би рекол, макфест е најдобриот македонски фестивал од кој произлегле многу хитови,

навистина штета ако згасне
 
A Макфест да проба да најде нови спонзори, не е крај на светот мислам. Или ова е само да се користи фестивалот во политички цели.
 
A Макфест да проба да најде нови спонзори, не е крај на светот мислам. Или ова е само да се користи фестивалот во политички цели.

А, заборавив да напоменам дека покрај генерален спонзор, Макфест е и всушност фирма на Фершпед. Така некако. :toe:
 
Реков голем број на тапа песни последните години, не негирам дека порано излегле многу хитови од него. :toe:

да ама последниве години излегоа некои хитчиња, а и е единствен фестивал на кој можеш да видиш поголем број добри македонски поп изведувачи
 
Па од мој мој до преку мој. Барем едно место помалце за лигушење на Џеј Џеј владиката радишански, Тони Фен, Дткалистика и останат Радишански Рекордс. И така сме тиња на кичерајско музички план, боље без Макфест.


Проклетсво, Андреев ќе остане без слики сеа:pos2:
 
Како и сите поубави фестивали, кои на времето биле нешто кое се чекало со задоволство, па така и Макфест нема да остане недопрен од реалноста која не’ коси сите. Културата во Македонија се губи.
Исто како што го снема Цветници (кој иако беше фестивал на народна музика беше фестивал на ниво) и остана само како добро сеќавање, така ќе го снема и Макфест а ќе останат само старите добри хитови кои засекогаш ќе останат слушани.
Одлуката за укинувањето е повеќе од глупава, но ете, наше е само да се нервираме гледајќи како иднината на македонската музика полека тоне.
 
Абе една култура шо ќе се изгуби жими Стојне. Шлагерите со симпатична доза на квалитет од пред 20 години ќе останат запамтени и во срцата на нашите баби и дедовци, а репертоарот што денес ни се сервира е повеќе од опасен по живот. “Етаблираните“(боже глуп збор) певачи и певачици ќе опстојат преку спонзорите што им доаѓаат од насекаде, само ќе бидеме поштедени од уште и уште неталентирани младичи.

Греота е Макфест, ама повеќе сме греота и ние што секоја година мораме да гледаме како извираат нови и нови џејџејови, како стариот да не е доволен.


едит: п.с. Има некој информација како Ристо Самарџиев го поднел овој шок, а.к.а. дали се самоубил?
 
едит: п.с. Има некој информација како Ристо Самарџиев го поднел овој шок, а.к.а. дали се самоубил?
:pos: хаха ме изнасмеа:smir:

Шала на страна, штета ќе е фестивал како Макфест да престане да егзистира. Последниве години фестивалот по квалитет не може да се мери со неговата понуда на песни од 90-тите, но да не заборавиме дека најдобрите песни на Пилева, Дани, Влатко Лозановски... излегуваат на Макфест (ќе ги напоменам "Нема утеха" на Пилева и "Времето да застане" на Влатко)
 
За мене Макфест згасна 98ма чинам кога победија Магија и од тогаш со исклучок на неколку песни друго е срање. И се согласувам со Точка, иако не мислам дека треба да згасне него да има некои правила и критериуми за избор на настапувачи. А оваа следнава и ден денешен ми е една од топ 5 песни излезени од македонската сцена. Ама други времиња се сега.

 
А, заборавив да напоменам дека покрај генерален спонзор, Макфест е и всушност фирма на Фершпед. Така некако. :toe:

Штом е фирма на Фершпед, зошто не го продадат фестивалот, некоја друга фирма да го организира?

Ако толку им смета на некои кичот и шундот кој излегува од фестивалов последниве години, дај нека го финансираат и да го доведат повторно на старите денови полни со евергрини. Не само Макфест, туку и СК Фестивал и Охрид Фест, фолк фестивалите...

Потребна е целосна, комплетна, од глава до петици ревизија на Македонскава музика.
 
Иако последниве години сите победници се местени (а можеби и претходно , незнам) , сепак сметам дека не би требало да згасне овој култен фестивал.
Имаме толку малку со што можеме да се пофалиме , зар и тоа ќе си го одземеме ?
Во Србија , Бугарија , Хрватска и Црна Гора е бајаги познат овој наш фестивал.
 
Порано на МакФест се пееја песни,кои и ден денес сите ги знаеме на памет шо е зборот:)
Сега нема многу квалитетни пејачи кои ќе испејат некоја асолна песна што би била хит.
Песнине од минатогодишниот МакФест немам поим кои беа... не се веќе интересни, сите исти ритам,исто све..
..па дебитанти,па едно па друго... глупости во боја.
Го очекував ова, скоро сите фестивали во Македонија пропаднаја, па не ме чуди да е истово со макфест...
и веќе не одат таму и стари и млади, одат само тинејџерки колку да ги гледаат нивните омилени пејачи...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom