David Icke

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
И што направи сега? Ми напука десетина линкови и демек ја докажа својата поента? Не не, јас ќе ти напукам 20 линкови што го докажуваат спротивното и ти после уште десет и вака до бескрај, е не се дискутира така.

Погрешно си ме сфатил мене и моите намери. Ти мислиш дека јас копирам и поддржувам се што е "официјално, дозволено и догма." Далеку од тоа, треба да е човек стварно слеп за да не признае дека овој систем е расипан. Јас не се сметам за слепец. Како и да е, не дискутираме овде за тоа, овде дискутираме за можните решенија кои ТИ тврдиш дека ги знаеш. Затоа сакам да ти кажам не се залетувај во све што ќе прочиташ, некни прочитав еден кажа the venus project е најдобро решение :tapp:

И не, не сакав да кажам вертикален авторитет, убаво погодив хоризонтален авторитет. Вертикален е тој што го имаме денес, а хоризонталниот не би успеал зошто би биле признати повеќе авторитети за ист проблем, сите со различни сфаќања, мене авторитет ми е Миле, тебе Тошо а на некој трет Цацко. Тошо сака едно, Миле друго, Цацко трето.

Директна демократија убаво мислам ти објаснив зошто не би успеала и тоа е тоа. Едноставно хоризонтален авторитет и директна демократија не успеваат во вистински живот зошто се косат со природата на луѓето која многу многу тешко се менува.
Нема што да објаснуваш.
Ми објаснуваш дека нешто не е можно а кое постои во реалноста?!:nesvest:
И според кое живеат и работат милиони и милиони луѓе?
Ете ти примери од реалноста, успешни и функционални во секојдневието.
Да,линковите го побиваат тврдењето дека не било можно,затоа што не само што е можно туку е и реалност.
Секојдневие е за милиони народ.
Постои и се развива.
Индивидуални примери исто така има многу, но тука се ограничив само на актуелни масовни организирања.
Ниту пак ставив линкови околу тоа колку било присутно низ историјата.

Не треба да се проектира на цел свет она што е во Македонија или Балканот.
Има и болници,чколии...се и сешто кое функционира на тој начин...најблиску мислам дека во Хрватска има некакви почетни обиди во тој правец...

Ако е “таква“ човечката природа, тогаш што се сите милиони луѓе кои го побиваат тоа...мачки,песој,тапири,гнуа...тасманиски ѓаоли!?

Кооперативите се групи од одбрани индивидуи со слична или иста цел, сваќања и погледи за светот, тоа можеби функционира на локално и изолирано ниво, т.е. на ниво на група, но на глобално ниво каде целата општествена структура на човештвово треба да се преориентира на тој начин, стварно негледам успех ни резултати. Во кооперативите како што се амишите на пример, оној што не сака таков начин на живот е слободен да си замине од таму, каде ќе заминат оние кој како што спомнав за сијалица очи си вадат?
Од луѓето кој ги гледам во моево секојдневие 90% се непоправливи случаеви, нив да им дадеш хоризонтален начин на авторитет, побрзо сизив ќе го искачи еверест, одколку тие да се согласат за било што.
Според мене 8- от сатански "грев" кажува зошто:
Суетата (како што го сфаќам ова со 8.грев) можеби е фактор, но сепак мислам дека луѓето се така научени, за секоја ситница да чекаат наредба “од горе“.
И немаат социјална свест.
Кај нас, тоа се фактите...

Знам дека на прв поглед делува шокантно што постојат фабрики со стотици вработени кои во исто време се и газди на истата и решаваат за све, почеток и крај на работно време, условите на работа, организација и слично. Но тоа е реалноста, исто како што кај нас е реалност да не можат 100 души да сменат една сијалица во влез и да си кршат раце и нозе ради тоа.
Но не мора балканскиот поглед на работите да го земаме како репрезентативен примерок на сите луѓе на светот.
Глобално...има разни теории околу тоа...но ќе забегаме ептен оф-топик...да продолжиме во темите околу Анархија и слични на нив...
 
F

Frankie Yale

Гостин
Нема што да објаснуваш.
Ми објаснуваш дека нешто не е можно а кое постои во реалноста?!:nesvest:
И според кое живеат и работат милиони и милиони луѓе?
Ете ти примери од реалноста, успешни и функционални во секојдневието.
Да,линковите го побиваат тврдењето дека не било можно,затоа што не само што е можно туку е и реалност.
Секојдневие е за милиони народ.
Постои и се развива.
Индивидуални примери исто така има многу, но тука се ограничив само на актуелни масовни организирања.
Ниту пак ставив линкови околу тоа колку било присутно низ историјата.

Не треба да се проектира на цел свет она што е во Македонија или Балканот.
Има и болници,чколии...се и сешто кое функционира на тој начин...најблиску мислам дека во Хрватска има некакви почетни обиди во тој правец...

Ако е “таква“ човечката природа, тогаш што се сите милиони луѓе кои го побиваат тоа...мачки,песој,тапири,гнуа...тасманиски ѓаоли!?
Стварно не знам кои се тие држави со успешна директна демократија. Пред да кажеш Швајцарија ќе те поправам, тие се репрезентативна демократија во која граѓаните можат да предложат било кој закон да се гласа на референдум ако соберат 50,000 потписи, тоа е делот - директна демократија, се друго е репрезентативна демократија, владата носи закони, она раководи со државата, имаш вертикален авторитет итн. Баш би сакал да слушнам кои се тие држави во кои успева директната демократија...
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Суетата (како што го сфаќам ова со 8.грев) можеби е фактор, но сепак мислам дека луѓето се така научени, за секоја ситница да чекаат наредба “од горе“.
И немаат социјална свест.
Кај нас, тоа се фактите...

Знам дека на прв поглед делува шокантно што постојат фабрики со стотици вработени кои во исто време се и газди на истата и решаваат за све, почеток и крај на работно време, условите на работа, организација и слично. Но тоа е реалноста, исто како што кај нас е реалност да не можат 100 души да сменат една сијалица во влез и да си кршат раце и нозе ради тоа.
Но не мора балканскиот поглед на работите да го земаме како репрезентативен примерок на сите луѓе на светот.
Глобално...има разни теории околу тоа...но ќе забегаме ептен оф-топик...да продолжиме во темите околу Анархија и слични на нив...
Луѓето одсекогаш биле, се и ќе бидат гадови, се разбира ќе има и исклучоци, но недоволно за да се создаде општество во кое ќе нема потреба од законодател, извршна власт и слично. Најдобро го знаат тоа оние кој секојдневно имаат контакт со луѓе. Ајк можеби има најдобри намери на свет кога го критикува ова општество, и јас не го сметам за некој врв на човечката цивилизација, има многу нешта кој ми сметаат, но негледам подобра алтернататива од него, освен критиките и плукањето негледам конкретна мерка или платформа според која е можно комплетно да се трансформира човечката цивилизација. Којзнае можеби со тек на време еволуцијата ќе ги земе работите во свои раце и ќе обликува некој нов начин на организирање.
Според мене глобализацијата е најлогичниот и најдобриот начин, бидејќи го обединува човештвото на повеќе полиња, се обидува да ги надмине границите, нациите, религиите, културите....и човештвото да го обедини во една целина. Ајк го критикува тој процес обвинувајќи дека е обид за покорување и контролирање на светот, но не е ли тоа начин човештвото да стане едно? Не е ли тоа начин да се надминат националните разлики? Религиските разлики? Економските разлики? Што фајде видовме од национализмот? Од патриотизмот? Тепање во гради колку сме биле јаки, горди и опасни...ама таму некаде пред 2000 години!:toe: Кога ќе дозволиш минатото да стане твој господар, иднината неминовно станува твој непријател, а тоа е токму она што моментално се случува.
 
Член од
24 октомври 2010
Мислења
2.434
Поени од реакции
244
Системот и хипнозата кај луѓето се заедно во магичен круг.
Кога би почнал процес на дехипноза(депрограмирање) паралелно на него и системот ќе оди кон усовршување односно кон несистем :)
Освен хоризонтална поставеност или холограмска јас би рекол секој друг систем е ѓубре.
Како и да е ако сакаме да смениме нешто прво треба да се ослободиме од менталното ропство.
Зошто сме у оваа ситуација ?
Затоа што некој(некои) форсирано ни упикуваат одредени концепти и програми.
Прв чекор значи е физичко ослободување од тиранијата, ама на мирен начин преку освестување кај народот.
Што не гледам дека би се случило, ама чудесии се случуваат понекогаш.
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Стварно не знам кои се тие држави со успешна директна демократија. Пред да кажеш Швајцарија ќе те поправам, тие се репрезентативна демократија во која граѓаните можат да предложат било кој закон да се гласа на референдум ако соберат 50,000 потписи, тоа е делот - директна демократија, се друго е репрезентативна демократија, владата носи закони, она раководи со државата, имаш вертикален авторитет итн. Баш би сакал да слушнам кои се тие држави во кои успева директната демократија...
Држава како ентитет и директна демократија?
Едно со друго не може да коегзистира на ниво на територија контролирана од државно-бирократски апарат.
Но сепак го има како дел од економиите во разни земји, покрај напорите на бирократијата да го оневозможи тоа.
Репрезентативната демократија е теоретски модел кој во пракса не претставува ништо.
Иако секако има разлики меѓу една и друга земја...

Луѓето одсекогаш биле, се и ќе бидат гадови, се разбира ќе има и исклучоци, но недоволно за да се создаде општество во кое ќе нема потреба од законодател, извршна власт и слично. Најдобро го знаат тоа оние кој секојдневно имаат контакт со луѓе. Ајк можеби има најдобри намери на свет кога го критикува ова општество, и јас не го сметам за некој врв на човечката цивилизација, има многу нешта кој ми сметаат, но негледам подобра алтернататива од него, освен критиките и плукањето негледам конкретна мерка или платформа според која е можно комплетно да се трансформира човечката цивилизација. Којзнае можеби со тек на време еволуцијата ќе ги земе работите во свои раце и ќе обликува некој нов начин на организирање.
Според мене глобализацијата е најлогичниот и најдобриот начин, бидејќи го обединува човештвото на повеќе полиња, се обидува да ги надмине границите, нациите, религиите, културите....и човештвото да го обедини во една целина. Ајк го критикува тој процес обвинувајќи дека е обид за покорување и контролирање на светот, но не е ли тоа начин човештвото да стане едно? Не е ли тоа начин да се надминат националните разлики? Религиските разлики? Економските разлики? Што фајде видовме од национализмот? Од патриотизмот? Тепање во гради колку сме биле јаки, горди и опасни...ама таму некаде пред 2000 години!:toe: Кога ќе дозволиш минатото да стане твој господар, иднината неминовно станува твој непријател, а тоа е токму она што моментално се случува.
Никакво менување цивилизации,општества и не знам што.
Јасно, размислување во тој правец е пожелно.
Но имаше една изрека, мисли глобално а делувај локално.
Така да секој треба да тргне од себе и својата најблиска околина.
Луѓето се тие што се, некаде вакви некаде онакви, алтернатива која не ги зема онакви какви што се а инсистира на некакви “свесни-идни луѓе“ не е сериозна алтернатива...како што рековме на ниво на социјална свест балканот претставува дно.
Ботом лајн...мое мислење е дека или рајата ќе порасне конечно или ќе си ебе мајката...
Некои места за воља на вистината тргнаа по поинаков пат...

Глобализацијата е меч со две оштрици...
Тоа што го наведе е точно и патриотизмот и национализмот си ја вршат својата лоботомија успешно. Што поуспешно, тоа поголеми маки за рајата. Парадокс...:toe:
 
F

Frankie Yale

Гостин
Држава како ентитет и директна демократија?
Едно со друго не може да коегзистира на ниво на територија контролирана од државно-бирократски апарат.
Добро што се согласуваме барем за ова, не сме во клинч веќе.

Поентата ми е, треба да се согледа дека моментално ова е најдобро решение или да се каже нужно зло. Да се уништи постоењето на држави како ентитети? Мало теже, национализам, патриотизам, религија и др. стојат на патот и ќе стојат долго долго време and that's that.
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Ајде гасете ги ламбите :tapp:...

Член од
1 март 2008
Мислења
1.396
Поени од реакции
1.050
abe kje go roknat li ajk ili ne ???? da receme mozebi kje mu namackat u kukjata na zido radioaktivna tecnost i kje umre od leukemija za nekoj mesec .... a ??? nogu mi e cudno so kazuva tolku jaki raboti i pa e ziv hahahhahaha
 
Зошто да убиеш човек кој тропа глупости? Па и да постојат тие илуминати сигурно му се смеат... кога ќе најдат слободно време нормално, зошто нели коваат заговори да го превземат светот. Човеков pisses in the wind, ко што викаат американците. Си збори што си збори, си собрал одредена група на фанови, а широката јавност не ни знае кој е. Со негово убиство само би му се зголемила популарноста, како Тоше на пример. Со смртта би станал бесмртен.
 
Принцезичка

courage is contagious
Член од
12 декември 2008
Мислења
1.556
Поени од реакции
348

Khm кога ќе ми објасниш како Ајк ја предвидел кризата во 2008 уште во деведесетите, фашизмот кој е веќе очигледен од морето на со 100 дипломи експерти кои дури и во очи на кризата тврдеа дека се е во ред , јави ми се ок?

http://en.wikipedia.org/wiki/Milton_William_Cooper

само за потсеќање :)
 
Гледам и ти си дел од фановите. :) За тоа што како предвидел појма немам, ваљда има некое објаснување, знам и еден републиканец Рон Пол исто ја има предвидено кризава. Не следам многу многу вакви работи па мојот заклучок можеби е грешен, а можеби и не е. На крај краева и не е ни битно зошто не ми беше целта да го дискредитирам Ајк и да го оценам како лажњак, целта ми беше да кажам или да му одговорам на прашањето на Dj-93 дека тој е веќе дискредитирам од широката јавноста и оценет како лудак така да непотребно е да се убие.
 
Принцезичка

courage is contagious
Член од
12 декември 2008
Мислења
1.556
Поени од реакции
348
Гледам и ти си дел од фановите. :) За тоа што како предвидел појма немам, ваљда има некое објаснување, знам и еден републиканец Рон Пол исто ја има предвидено кризава. Не следам многу многу вакви работи па мојот заклучок можеби е грешен, а можеби и не е. На крај краева и не е ни битно зошто не ми беше целта да го дискредитирам Ајк и да го оценам како лажњак, целта ми беше да кажам или да му одговорам на прашањето на Мистик дека тој е веќе дискредитирам од широката јавноста и оценет како лудак така да непотребно е да се убие.
Додади порано беше оценет како лудак сега веќе му ќутат , иначе Peter Shiff ( републиканец) беше тој што ја предвиде кризата заедно со дел од финанскиските брокери со рбет и новинари дури во 2005-6 година кога било кој ќе ги видеше податоците знаеше што следува , Дејвид Ајк деведесетите . Хм...како е тоа можно

Досега се докажал дека не згрешил во предвидувањата и неговите “смешни“ тврдења се обвистинија меѓу кои кризата, универзумот е холограм и ред други ( треба да се потсетам) .

А тоа дека непотребно е да се убие откако премногу луѓе починаа во самоубиство отпозади, ненајдени срцеви удари, канцери кои одеднаш се појавуваат веќе не палат кај јавноста и само им го зголемува кредибилитетот како на пример на Били Коопер, иако очајно се трудат да го оцрнат некако не пали . Во крајна истанца најчесто ги убиваат таквите луѓе. Дотогаш In David Icke I trust only.
 
F

Frankie Yale

Гостин
Дотогаш In David Icke I trust only.
"Listen to everyone, read everything; believe absolutely nothing unless you can prove it in your own right!" Oва го прочитав на линкот што ми го прати, тој за Милтон Купер. Зошто тогаш веруваш во се што ќе каже Дејвид Ајк? Озбилно, со тоа не си подобар од оние кои слепо веруваат во се што ќе каже Грујо, Обама и било кој политичар на планетава. А за тоа дека никогаш не погрешил не знам што да кажам освен, дека не е точно или дека е далеку далеку од вистината.

Широката јавност денес (како и порано) го смета Дејвид за лудак па ако е ова план на некојси илуминати може да се каже дека супер им иде.

Понатака, за тој Милтон Купер прочитав од линкот дека бил обвинет за измама и затајување на данок и откако не се појавил на суд, издале налог за негово апсење и кога се обиделе да го уапсат пукал во кон полицајците при што погодил еден во глава по што го убиле. Полицаецот едвај преживеал.

--- надополнето ---

И Рон Пол е тој што истотака ја предвидел кризава, сега проверив :)
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
abe kje go roknat li ajk ili ne ???? da receme mozebi kje mu namackat u kukjata na zido radioaktivna tecnost i kje umre od leukemija za nekoj mesec .... a ??? nogu mi e cudno so kazuva tolku jaki raboti i pa e ziv hahahhahaha
Џаст ду ит :pos:
Чекај сега, валидноста на нечие тврдење мора да се потврди со смрт на авторот? Еве утре да умре Ајк тоа што го тврди ќе има дупло поголема тежина? Не можеш сам да оцениш врз база на инфото што го читаш,слушаш,гледаш?

"Listen to everyone, read everything; believe absolutely nothing unless you can prove it in your own right!" Oва го прочитав на линкот што ми го прати, тој за Милтон Купер. Зошто тогаш веруваш во се што ќе каже Дејвид Ајк? Озбилно, со тоа не си подобар од оние кои слепо веруваат во се што ќе каже Грујо, Обама и било кој политичар на планетава. А за тоа дека никогаш не погрешил не знам што да кажам освен, дека не е точно или дека е далеку далеку од вистината.

Широката јавност денес (како и порано) го смета Дејвид за лудак па ако е ова план на некојси илуминати може да се каже дека супер им иде.

Понатака, за тој Милтон Купер прочитав од линкот дека бил обвинет за измама и затајување на данок и откако не се појавил на суд, издале налог за негово апсење и кога се обиделе да го уапсат пукал во кон полицајците при што погодил еден во глава по што го убиле. Полицаецот едвај преживеал.

--- надополнето ---

И Рон Пол е тој што истотака ја предвидел кризава, сега проверив :)
Дури е комично како ваквите ликови се жива потврда за тврдењата на Ајк а во исто време се обидуваат да го негираат.
Имаме тука ете еден кој изнесе тврдења без да се информира за тоа што го тврди. Откако сето тоа беше лесно побиено, сега дава вредносни судови за тема која што не му е позната. Исто како сега да одам во подфорум литертура и да трујам за тоа колку не го бивало некој автор а не сум прочитал ништо .

Но од она што сум го прочитал, вредност постои. И не сметам дека е коректно да се кења без аргументи, така да...leave Icke alone...and Orwell,Huxley,Poe & Jack London as well...:)
Колку животи спаси Ајк и другите кои предупредуваа години пред да се појават “пандемиите“ и соодветните “вакцини“ никогаш нема да се дознае.Истите оние вакцини кои убија далеку повеќе народ отколку што умре од самиот вирус, медиумски креираната параноја за наводната пандемија која што ете само што не донела смак света во соработка со “научната јавност“ и светската здравствена организација...и неброени милијарди во нечии џебови...

Останува фактот дека бројот на спасени животи можеби достигнува петтоцифрени вредности. А тоа самото по себе е далеку повеќе отколку сите Бушеви,Путини,Ал-сауди,Блеровци,Саркози,Гадафиевци,Кастровци,бц/нг и слични фекалии...

http://www.dailymail.co.uk/news/article-1206807/Swine-flu-jab-link-killer-nerve-disease-Leaked-letter-reveals-concern-neurologists-25-deaths-America.html
http://healthandsurvival.com/2009/04/26/swine-flu-vaccine-of-1976-more-harm-than-good/
http://articles.mercola.com/sites/articles/archive/2009/04/29/Swine-Flu.aspx
http://anovelspot.wordpress.com/2009/05/02/more-people-died-from-the-swine-flu-vaccine-than-swine-flu/

Значи тезата дека масовните медиуми креираат “ставови“ кај најголем дел од популацијата која не ги проверува нив туку ги зема здраво за готово, се потврдува на темава. Имаше неколку трола кои и до сега настапуваа на сличен начин (со амин на модераторот веројатно со сличен “став“). Ниту ги провериле информациите, не дао нам црни џаво нешто и да читнат...но ете тие си знаат се...

Некаде го слушнале придружниот збор кој во медиумите ја следи именката Ајк а тоа секако е зборот – рептили и на база на тоа, во стилот на Павловиот пес, рефлексно заклучиле дека “знаат“. После неколку поста следат и психијатриски дијагнози од нивна страна, сите до еден истото го исраа,на потполно ист начин, да имаше еден различен ќе беше интересно, вака уште една теза на Ајк се потврдува...за жал...
Ете типична потврда во пракса на тврдењата кои ги цитирав од книгата “Бескрајна љубав једина је истина“ на претходниве страни...
И оттука натаму лесно е да се предвиди динамиката со која ќе се движи “дискусијата“...секако дека наведените тролови нема да се повлечат и подобро да се информираат туку ќе продолжат да трујат “знаејќи се“ како резултат на тоа што не прочитале ништо од наведениот автор.

I bow in absolute and undisputed awe before the educational system...it`s a paragon of success...:cuc::cuc::cuc::cuc::cuc:
Индустриски штацерај во полна пареа...

F

Frankie Yale

Гостин
И не сметам дека е коректно да се кења без аргументи
Никаде не расправам за тоа дали Ајк е обичен лудак што тропа глупости или не, зошто не сум доволно запознаен со неговите тврдења, немам читано многу за него и неговите објави. Единствено сакав да кажам дека тој од широката јавност е сметан за лудак и затоа нема потреба да се убие, со што му го одговорив прашањето на Dj-93.

Како што реков, не навлегувам во тоа дали што Ајк го зборува е обична измислица или тотална вистина туку само го потенцирам очигледното, тој денес од широката јавност е сметан за лудак. Дали е тоа точно или не, не е важно, поентата ми е дека нема потреба таков човек да се убие, зошто цела ова дискусија започна со мојот одговор на прашањето на дј-93.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom