Toecutter
Biafran Baby
- Член од
- 12 мај 2009
- Мислења
- 5.243
- Поени од реакции
- 2.444
Нема што да објаснуваш.И што направи сега? Ми напука десетина линкови и демек ја докажа својата поента? Не не, јас ќе ти напукам 20 линкови што го докажуваат спротивното и ти после уште десет и вака до бескрај, е не се дискутира така.
Погрешно си ме сфатил мене и моите намери. Ти мислиш дека јас копирам и поддржувам се што е "официјално, дозволено и догма." Далеку од тоа, треба да е човек стварно слеп за да не признае дека овој систем е расипан. Јас не се сметам за слепец. Како и да е, не дискутираме овде за тоа, овде дискутираме за можните решенија кои ТИ тврдиш дека ги знаеш. Затоа сакам да ти кажам не се залетувај во све што ќе прочиташ, некни прочитав еден кажа the venus project е најдобро решение
И не, не сакав да кажам вертикален авторитет, убаво погодив хоризонтален авторитет. Вертикален е тој што го имаме денес, а хоризонталниот не би успеал зошто би биле признати повеќе авторитети за ист проблем, сите со различни сфаќања, мене авторитет ми е Миле, тебе Тошо а на некој трет Цацко. Тошо сака едно, Миле друго, Цацко трето.
Директна демократија убаво мислам ти објаснив зошто не би успеала и тоа е тоа. Едноставно хоризонтален авторитет и директна демократија не успеваат во вистински живот зошто се косат со природата на луѓето која многу многу тешко се менува.
Ми објаснуваш дека нешто не е можно а кое постои во реалноста?!:nesvest:
И според кое живеат и работат милиони и милиони луѓе?
Ете ти примери од реалноста, успешни и функционални во секојдневието.
Да,линковите го побиваат тврдењето дека не било можно,затоа што не само што е можно туку е и реалност.
Секојдневие е за милиони народ.
Постои и се развива.
Индивидуални примери исто така има многу, но тука се ограничив само на актуелни масовни организирања.
Ниту пак ставив линкови околу тоа колку било присутно низ историјата.
Не треба да се проектира на цел свет она што е во Македонија или Балканот.
Има и болници,чколии...се и сешто кое функционира на тој начин...најблиску мислам дека во Хрватска има некакви почетни обиди во тој правец...
Ако е “таква“ човечката природа, тогаш што се сите милиони луѓе кои го побиваат тоа...мачки,песој,тапири,гнуа...тасманиски ѓаоли!?
Суетата (како што го сфаќам ова со 8.грев) можеби е фактор, но сепак мислам дека луѓето се така научени, за секоја ситница да чекаат наредба “од горе“.Кооперативите се групи од одбрани индивидуи со слична или иста цел, сваќања и погледи за светот, тоа можеби функционира на локално и изолирано ниво, т.е. на ниво на група, но на глобално ниво каде целата општествена структура на човештвово треба да се преориентира на тој начин, стварно негледам успех ни резултати. Во кооперативите како што се амишите на пример, оној што не сака таков начин на живот е слободен да си замине од таму, каде ќе заминат оние кој како што спомнав за сијалица очи си вадат?
Од луѓето кој ги гледам во моево секојдневие 90% се непоправливи случаеви, нив да им дадеш хоризонтален начин на авторитет, побрзо сизив ќе го искачи еверест, одколку тие да се согласат за било што.
Според мене 8- от сатански "грев" кажува зошто:
И немаат социјална свест.
Кај нас, тоа се фактите...
Знам дека на прв поглед делува шокантно што постојат фабрики со стотици вработени кои во исто време се и газди на истата и решаваат за све, почеток и крај на работно време, условите на работа, организација и слично. Но тоа е реалноста, исто како што кај нас е реалност да не можат 100 души да сменат една сијалица во влез и да си кршат раце и нозе ради тоа.
Но не мора балканскиот поглед на работите да го земаме како репрезентативен примерок на сите луѓе на светот.
Глобално...има разни теории околу тоа...но ќе забегаме ептен оф-топик...да продолжиме во темите околу Анархија и слични на нив...