Задушница не е гробна гозба

  • Креатор на темата Креатор на темата Јован
  • Време на започнување Време на започнување

Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
265
На празникот треба најважна да биде молитвата за спокој на душата на починатиот, а не гозба со која му се угодува на стомакот, вели свештеникот Стојан Пајковски, од црквата „Свети Димитрија“
F0BC281E74472B4DBD4C66A2258A9029.jpg

Парите потрошени за храна што се остава на гробовите, подобро да се донираат во народни кујни или во детски домови
На покојните им се потребни помени со свеќи, цвеќе, пченица, лепче и малку вино, а не со храна, пијалаци и вистински гозби, им порачуваат свештениците од Македонската православна црква на верниците, спроти претстојниот верски празник Духовден. Тие реагираат и против ноќните бдеења на гробиштата, бидејќи тоа не е својствено за православната христијанска традиција.

Свештениците на МПЦ ги повикуваат граѓаните да престанат со таквото одржување, бидејќи тоа претставува непотребно расипништво. Задушница или Духовден се верски празници со кои двапати годишно им се одава почит на починатите. Но, почитта не треба да се изразува преку раздавање храна на гробовите на покојните.

- Тоа што луѓето го прават на Задушница не е во духот на празникот. Таму најважна треба да биде молитвата со која ќе го молиме Господ да и' даде спокој на душата на починатиот. Но, не ретко се случува да се прават гробни гозби со кои најмногу му се угодува на стомакот. На тој празник најважно е луѓето да дојдат со смирено срце, да запалат свеќа која ќе им го осветли патот на душите на покојниците - вели еден од најстарите скопски свештеници, Стојан Пајковски, од црквата „Свети Димитрија“.

Митрополитот европски Пимен, во колумна во „Дневник“ ги повика верниците, наместо непотребно да трошат пари за храна што ја оставаат на гробовите, тие средства да ги подарат на народни кујни или на детски домови.

- Настанува и натпревар кој повеќе ќе донесе на гробот за раздавање, со мисла дека храната и пијалакот оставени на гробот ќе ги изеде и испие починатиот. Молитви и давање милостина се полезен начин да се направи нешто во име на починатиот. Порано, се правеле заеднички ручеци за сиромашни и за бездомници, а храната на гробовите се оставала за оние што ќе поминат, ако се гладни, да се послужат како спомен за покојникот, но не и со верување дека тој ќе стане да јаде - наведува митрополитот Пимен.

Скопјанката Светлана Деспотовска наведува дека многу често била сведок како празникот Задушница се претвора во веселба.

- Гледав како на гробишта се носат и касетофони, па откако во текот на ноќта ќе се испијат повеќе чашки ракија, се пушта и гласна музика, па некој што е поднапиен почнува да пее. Тоа сигурно не е во ред - вели таа.Од градските гробишта „Бутел“ наведуваат дека одбележувањето на Задушница секоја година им создава големи комунални проблеми. Директорот Илија Филиповски смета дека е крајно време да се влијае врз граѓаните да ја сменат традицијата со носење храна и пијалаци.

- Ни се случувало по секој празник да ангажираме и по седумдесетина камиони за да го соберат сето она што е оставено на гробиштата во тие денови. Последниве години тоа количество е намалено, но проблем и натаму постои. Ние не можеме да им забраниме на луѓето да раздаваат храна на други луѓе или да ја оставаат на гробовите. Апелирам, бидејќи тоа се пагански обичаи, тие помени да се прават на поинаков начин, со цвеќе, свеќи и пченица - вели Филиповски.

Зголемен број автобуси до Бутел
За верскиот празник Духовден, редовниот градски автобуски превоз кон гробиштата Бутел ќе биде засилен со дополнителен број автобуси на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“.

Автобусите в петок ќе сообраќаат според неделниот возен ред, а засилување ќе има во терминот меѓу 10 и 16 часот, со вклучување на дополнителен број автобуси на линијата број 59. Во истиот ден, линијата 51а/1 ќе тргне во 7.05 часот од селото Студеничани, а линијата со број 11/1 ќе тргне во 5.50 часот од селото Рашче. Линиите 55/6, 74/1, 74/2, 47а/1, 56/2, 56а/1 и 81/1 ќе работат според делничен возен ред. В сабота автобусите ќе сообраќаат според неделниот возен ред, а во периодот меѓу 7 и 16.30 часот ќе има дополнителен број автобуси, кои ќе бидат вклучувани во зависност од потребите на граѓаните. Граѓаните за возниот ред на автобусите на ЈСП може да се информираат на телефонскиот број 3 173 224.


Дневник


Интересен феномен се македонскиве православни верници... 80% од обичаите всушност им се пагански :tv:
 
И јас сум против ваквиов „ручек“ кој се дава на гробишта. Не знам ни дали во Библијата пишува дека се дава јадење за душа на покојниот, но и да пишува дека се дава, веројатно не пишува дека се дава цел ручек, да најадеш цела улица. Уште поглупо ми е па кога ќе видам дека некои се тркаат кој поразновидна и повеќе храна ќе донесе на гробишта, отколку фамилијата на соседните покојници. Нешто како зголемување на егото доаѓа тоа.
Трето, сите краеви од Македонија имаат посебни адети. Некој оди еден ден на Задушница, некој сите три, некој навечер, некој само наутро. Најдобро е МПЦ да издаде правилник за овие работи и како треба да биде според верата.
 
Оди и докажи им на старите дека не треба така... адет било.
 
Кај се дава ручек??? Кај нас во Битола даваат претежно чаши, крпи и слични работи за душа. Ручек не.
Кај нас (Преспа) со ручек е и со сите останати церемонии...
 
Без везе. Бабите се најголем непријател на религијата. Си измислуваат адети и се караат со попови дека тоа нивното е правилно. Сведок сум. Првин за Велигден не се оди на гробишта али тогаш бабите ги пунат гробиштата. После со тоа со храната е претерано. Бутаат храна која потоа скапува на сонцето. Подобро дај на комшиите или на децата во некое сиромашно семејство. Незнам. Немам заклучок освен - БАБЕТИЗАМ!
 
Појдете за некој ваков празник во Прилеп, косата ќе ви се крене :)
Нема друго место во Македонија каде до толку се запазени сите тие грди адети, старите одат на гробишта и со нив носат јадење не за цело семејство, цело маало можат да најадат.И најинтересниот детал, се носат не знам за кој празник, подароци од дома за секој од семејството.На сите подароци е запишано името на тој што треба да го добие подарокот, и на гробот извршуваат свечено примопредавање.Уште фотограф фали и да се овековечи тој момент.Овие работи премногу ме нервираат, ама адет било ајде нека го сторат и адетот.Што е уште поинтересно, некои немаат пари ни да јадат, ама на гробишта мора да го однесат најдоброто од дома.
 
Тоа се случува поради тоа што луѓето немаат основно познавање на својата вера и најчесто се придржуваат кон пагански обичаи кои се пренесуваат и стануваат дел од православието.
Како и обично прво сте против образование а потоа ги исмевате тие што не знаат. Чисто лицемерие и духовен мрак.
 
И јас сум против ова убаво кажал свештеникот не се гробишта места за јадење тоа е греота. Подобро таа храна која се остава таму да се дава на бездомници
 
Оди и докажи им на старите дека не треба така... адет било.
Е ајде де, купуваат купуваат носат на гробот а потоа заминат мачките и кучињата и разнесат на гробовите.А и каква смисла има кога го погребаат викат плачат ај го пуштат таму и одма во ресторант на ручек.И тогаш се се заборава и сите рипнат на ручекот уште музика фали......
 
Баш пред некој ден се расправав за ова..
Никаде во Библијата не пишува дека треба вакви глупости да се прават, али ете останало од порано од бабите демек адет било.
Во Библијата јасно е кажано дека после смртта значи во рајот се сите блажества, нема ни глад ни жед ни тага. Штета што се правиме јаки верници а се водиме според некои глупости, како оваа. На 9 дена задушница, на 6 недели, 6 месеци, дуовден дошол, 1 година итн....
 
Секакви глупости сум се изначитал на форумов ама ова е врв. Од каде бе сега почнаа атеистите да објаснуваат и да критикуваат како треба да се однесуваат верниците кога 99,99 посто од вас појма немаат што всушност претставува христијанската религија и како се слават празниците.
Најголем број од вас се изнаплукавте по црквата, свештените лици и воведувањето на верско образование а сега се правите паметни и се знаете.
Што се нема да дочекам да видам, може еден ден и атеисти ќе проповедаат по цркви...бог да чува.
 
Секакви глупости сум се изначитал на форумов ама ова е врв. Од каде бе сега почнаа атеистите да објаснуваат и да критикуваат како треба да се однесуваат верниците кога 99,99 посто од вас појма немаат што всушност претставува христијанската религија и како се слават празниците.
Најголем број од вас се изнаплукавте по црквата, свештените лици и воведувањето на верско образование а сега се правите паметни и се знаете.
Што се нема да дочекам да видам, може еден ден и атеисти ќе проповедаат по цркви...бог да чува.
Па секој треба да си го искаже мислењето.Ако се сметаш за доволно начитан и најинтелигентен никој на сила не те тера да читаш наши глупости.НА секое тврдење треба да има факти докази.Од кај знаеш ја дека не сум верник или ти си се стави у тие 1 проценти што разбираат само:jaj:
 
Се мислам овие адетиве се остатоци од паганизмот кој некако се провлекле до денес. Најмногу сум иритиран од тоа што кај нас повеќе пари се даваат за погреби и задушници отколку за свадби и веселби каде се собира целата фамилија. Арно велеше дедоми додека беше жив “дајте ми сега да јадам а не да ми носите на гроб“.:toe:
 
Е ајде де, купуваат купуваат носат на гробот а потоа заминат мачките и кучињата и разнесат на гробовите.А и каква смисла има кога го погребаат викат плачат ај го пуштат таму и одма во ресторант на ручек.И тогаш се се заборава и сите рипнат на ручекот уште музика фали......
Не е баш така, барем каде што одам.

Свештениците на МПЦ ги повикуваат граѓаните да престанат со таквото одржување, бидејќи тоа претставува непотребно расипништво. Задушница или Духовден се верски празници со кои двапати годишно им се одава почит на починатите. Но, почитта не треба да се изразува преку раздавање храна на гробовите на покојните.
Молитви и давање милостина се полезен начин да се направи нешто во име на починатиот.
Вака и никако поинаку. Да се спомене покојниот, да се оддаде почит и молитва за покој на душата.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom