Каде ова лето? - прашања и предлози за туристички дестинации

Ивица ЈМК

Forza Juve Per Sempre!!!!
Член од
28 март 2010
Мислења
1.399
Поени од реакции
270
Kazete nekoja predlog ponuda za Zakintos ....i kazete so bese so ponudata od 180 evra za Kushadasi......
друже ја лани бев на закинтос и ептен е добро.као шо ти пишаа во аргаси е многу добро.и лаганас е топ ама има многу англичани,а они знаеш какви се као животни пуштени од зоолошка коа се надвор од британија.аргаси е супер башка тоа близу е до банана бич,порто зоро,порто рома и според мене до најдоброто место агиос николаос .има кафич амос бар се вика,ја таму бев 3 пати у 10 дена и ептен јако пројдов.онака луксузен кафич ептен голем со лежалки со сите салтанати а не е многу скап.еве некоја слика од најубавата плажа во европа.

до тука се иде со брод.турата околу цел остров е 15 евра.убав помин ако идеш па прашај нешо по пп ако те занима.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Може немој да ми каже колку се движат цените во Лефкада, било во хотел или на приватно по можност на западниот брег на островот. За излегување, каков е ноќниот живот
Оваа година планирам летото таму да го поминам
И Лефкада е преубава со преубави плажи.Аранжмани имаш преку Савана
Цените се исти како на Закинтос (за кој претходно зборувавме).Е сега ноќен живот баш и нема во споредба со Миконос,овие се помирни места за одмор.Таму ноќен живот подразбираат напад од англичани/хулигани.Има дискотеки,има забава,фрлаат салфетки во воздух,палат шанк и слични ствари,веќе видено.И имаат катастрофа музика,тоа ми е врежано во глава,навечер во дискотека прават мешавина на грчка музика,рап и хитови од 90те :) А на плажите има тивка музика,ние сме навикнати да пука! :))
Во секој случај вреди да се види.
 
Член од
17 ноември 2009
Мислења
84
Поени од реакции
7
Мои предлози за одмор од поблиско и подалечно соседство , со мал осврт на истите :salut:

Грција
а) Закинтос, Крф и Миконос се погодни за забава, првите два со многу ефтини цени,
б) Лефкада и Родос за полефтерна забава, одењето во Лефкада по default побарува изнајмување на кола, а патот до Родос доколку се оди со автобус е мачен,
в) Краците, доколку сакате да останете во скопска шема и да се осеќате ко на ул. Ленинова, со поприлично поскапо кафе:drk:

Бугарија
- Сончев Брег, поголема забава, Златни песоци, поопуштена варијанта

Албанија
- цените се многу пристапни, забавата ограничена, (сепак се места во развој)

Турција
- Кушадаси поефтина опција со автобус, извор на забава: Bar street и некоја од ретките дискотеки
- Бодрум, повеќе можности за забава,но и повисоки цени

-Анталија, Кемер, Белек, Сиде - поскапа опција, авионскиот превоз скоро е неопходен, повисоки температури и поголем луксуз.
(одлично време за летување во некои од ексклузивните хотели во Турција е дефинитивно предсезонскиот, поефтини авионски карти, хотели со повеќе * за пристапни цени)

Се надевам дека на некој му решив некоја дилема околу местата за летовање.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.724
Поени од реакции
12.155
Ако цените се као што ги кажа macgowan
Zavisi sto sakas...cenite se visocki no ne do tolku kako vo Antaliskiot region ili Bodrum.Kusadasi e nesto poeftin.
Za nasiot standard sekade se visoki...no,pivo od 1,5 eur vo nekoi barovi do 3,5-4 eur vo bar streetot,zestokoto e ogan-edno yeniraki 3 evra go naplakjaja da ne ti kazvam za viskito(od 5 eur pa...razvodneto maximalno)
Jadenjeto - doner kebab od 5 eur porcija,pici od 5 do 10 eur,turska kujna od 5eur do 15eur glavno jadenje vo restoran,vinoto 7,8eur sise pa nagore,sladoledot porcija 5eur...cenite se kako vo Grcija(ako imas pretstava-mozda maaaalku poeftino-zboruvam za Kusadasi...Antalija e something else
многу скапа работа одморов надвор од Македонија :raz:
 
Член од
18 март 2009
Мислења
375
Поени од реакции
7
Ако цените се као што ги кажа macgowan
многу скапа работа одморов надвор од Македонија :raz:
Исто е и каj нас во по-големите курорти ( Сончев Брег и Златни Песоци ) - може би малце по-евтино. Инаку jас кога одих во Кушадаси пред неколко години цените беа многу пониски од тоа кое macgowan цитира, имам слушнато дека во Турциja веке не е толку евтино като преди, ама не вервам чак толко да е станало скапо ....
 

Vespertine

The Ugly Duckling
Член од
22 септември 2009
Мислења
2.932
Поени од реакции
3.386
Немам одмор оваа година, освен одморот дома. Иначе замор имам... во план сум да поминам многу планини, да преспијам на разни временски услови, да идам на неколку фестивали што ке траат со денови, да отпатувам до море 2 дена (било кое море што ке видам на мапа а ке ми е уз пат) без хотели, без резервации, без афтобуски превози. Само јас и некои најдени уз патот. :)
Иначе ова моја авантура започна уште од пред 1 месец и ке трае до октомври. Ако ми текне тогаш дека сум пишувал на форум за тоа, можда и ке раскажам како сум поминал, и по некоја слика.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.724
Поени од реакции
12.155
Исто е и каj нас во по-големите курорти ( Сончев Брег и Златни Песоци ) - може би малце по-евтино. Инаку jас кога одих во Кушадаси пред неколко години цените беа многу пониски од тоа кое macgowan цитира, имам слушнато дека во Турциja веке не е толку евтино като преди, ама не вервам чак толко да е станало скапо ....
Подготовки за влез во унија :) шала.
Најмногу туристи се привлекуваат со цена на ноќевање, соба приватно сместување или камп. Но на сметка на ниските цени на сместување се наплаќаат високи суми за останатото -од услуги до исхрана па кога на крај ќе се сумира, парите потрошени се повеќе помалку тие. Соба за 20, 30 или 40 евра, но другите потрепштини се изгор.
Ја редовно идев Лагадин (охридско), пробав Грција (60-70 марки соба, храна солена, седнување во кафана невозможна мисија) и Албанија (прљаво, соба од 40 евра нагоре, за храна не знам...ни 1 ден не седевме), не ми оставија впечаток (као што некој си проаѓа). Бугарија и Турција немам идено. Јадранот најверојатно оваа година ќе е многу посолен отколку Грција.
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
грција, врасна парилија, вила со апартмани со 3 звезди, сопствен кафич кој е само за гостите на вилата, (и евентуално гостите на гостите) климатизирани бла бла бла...

без клима во јуни и август 45 јуреци со клима 55 јуреци

во јули + 5 евра...

втора година како ќе идам таму добро е... ама не е за забави туку за псхичка релаксација е местото... динамичен живот дома, овде 10 дена одмор без диманимка...
 
Член од
26 април 2010
Мислења
6
Поени од реакции
0
Кој го интересира за одмор нека види понуди и цени на
Код:
www.papillon.com.mk
 
Член од
10 мај 2010
Мислења
2.727
Поени од реакции
1.970
Zakyntos е место со една од најубави плажи во светот. Игуана се крајно професионални.Јас типувам на местото Аргаси,има преубави апартмани со поглед на море и сопствена плажа,луѓето се услужливи и доста фини.Целиот остров е толку малечок што со кола за еден ден се посетуваат сите места на островот кој вредат да се видат.Рентањето кола ти е од 12 евра на ден,не ти бараат меѓународна возачка.Рентањето на мотори е околу 7/8 евра на ден и се доста популарни оние на 4 тркала.Улиците на островот се тесни и непрегледни,па не би ти препорачала мотор.Имаш маркети Лидо кои се поефтини и од кај нас.Цените во ресторант ти се пристојни,имаш понуди за ручек од 12/13 евра грчка кујна.Коктелите во кафич ти се од 2,5 евра некои со вода мешани,а за добар коктел ти е над 4 евра.Кафето ти е 3/4 евра,сокче на плажа ти е 4 евра,во град 3.Аргаси е тивок град,за одмор идеален.Додека Лаганос ти е место собиралиште на тинејџ Англичани кој цела година на синџир биле држени.Таму 24 часа е лудница,пијани деца,тепачки,секс 24 часа,блуења по улици.Ако си под 23 и одиш со другари,одете во тој град,ќе се препородите.
За да поминеш одмор без ресторани и доскотеки,за 10 дена со се вклучено би потрошил околу 400 евра (сметан и смештај и пат).Ако пиеш повеќе и сакаш да ручаш како човек тогаш земи си некое евро плус,бидејќи влез во дискотека ти е 10 евра и 8 евра пиво.
И некои фотки за да останеш без здив :)
Прегледај го приврзокот 30367Прегледај го приврзокот 30368Прегледај го приврзокот 30369
Прегледај го приврзокот 30370 поглед од тераса

Прегледај го приврзокот 30371 боја на водата

Прегледај го приврзокот 30372 Xhigia

Прегледај го приврзокот 30373 поглед од тераса

Прегледај го приврзокот 30374

Вреди да се види.
laganos :vozbud:
me zainteresira ,me stavi vo misla
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.724
Поени од реакции
12.155
Во Македонија- а вие??? во вардарска ќе останете???? ИЛИ
Прегледај го приврзокот 30512
Тоа и дома порано ми го велеа -аман бе што толку си против идење во Грција...ти у ствари си идеш кај македонците, пак во Македонија. Така и ме убедија, а таму на бензинска ме дочека едно момче, тинејџер...ми се обрати на македонски (почека да си одат колегите)...вели ние сме македонци. Значи наместо бојкот (ако некој има таков став), можеби поглед од друг аспект...убави места за одмор :wink:
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.725
Поени од реакции
18.473
не идам у грција бе, не само ради политика, не го ради интензивниот хејт што го има таму кога се во прашање МАКЕДОНЦИ.

Едноставно, не гледам логика да идам на одмор негде, и да избегавам да кажам од кај сум за да не ме гледаат попреку или да сум спречен во одвивање на раат на било какви социјални активности. Во кои спаѓа и разладување у локални кафиќи. Не фала. Премногу се исполитизирани.
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
не идам у грција бе, не само ради политика, не го ради интензивниот хејт што го има таму кога се во прашање МАКЕДОНЦИ.

Едноставно, не гледам логика да идам на одмор негде, и да избегавам да кажам од кај сум за да не ме гледаат попреку или да сум спречен во одвивање на раат на било какви социјални активности. Во кои спаѓа и разладување у локални кафиќи. Не фала. Премногу се исполитизирани.
а си била во грција на одмор да видиш дали е така или само од памет збориш? или можда другарот на другарката која ти е комшика, па тетка и нејзина е пријатлка со мајката на баба ти па она на нејзе преку другарот и тетките и кажал па тоа после рекла казала и околу 25 раце препричавање стигнало и до твои уша па сега цврсто стоиш на кажаното?

јас сум редовно во грција и ОВАКВО НЕШТО ми се нема случено задњиве 7-8 години, а толку време и идам во грција т.е. 7-8 години... драга форумџиска колешке, да те известам и тебе и сите оние кои се со ваков цврст став, дека исполитизирањето на младината е присутно само во македонија и србија. во грција младиот свет ама воопшто не ги интересира дали ќе се викаме македонци, северо македонци, или било како... тоа нешто ние не го знаеме пошто НИЕ СМЕ ТИЕ што сме исполитизирани а не грците... еве јас како македонец, роден во македонија, човек кој шетнал малку по далеку од европа ти го тврдам тоа од ИСКУСТВО... толку многу е политиката присутна во умовите на македонците колку што неможеш ни да замислиш дека други земји и држави не се смараат со политика, па дури и нашите први соседи.. нас ни ја трујат главата уште од детство, во четврто одделение почнува кога во книгите по историја има напишано дека грците и бугарите ни окупирале наша земја и ден денес ни ја држат по окупација... уште од нај мали нозе сме затруени против нашите соседи... кој не верува, нека отвори учебникот и нека прочита... и после другите биле исполитизирани и не гледале со мржња а ние не...

п.с. нормално е секаде да има шовинисти... ниедна држава не е имуна на тоа... затоа тркни до грција на викенд, нема да те кошта ништо повеќе одколку еден викенд во охрид... пробај, види па после збори... јас како и секоја година во последнава деценија, така и оваа ќе идам на море во грција...нај малку пат, исти цени како и кај нас на енЅеро, услуга и смештај дааааалеку по квалитетна одколку кај нас на енЅеро и по пријателски погледи, дружење и разговор одколку кај нас на енЅерото ни оридско... а да не зборам колку е по здраво морето, солта и јодот во воздухот... се разбира одколку на енЅерото наше....

поздрав колешке...
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.725
Поени од реакции
18.473
Да, сум бил многу пати. Муабетиве дека ти не си се нашол у таква ситуација не ти даваат за право да ми кажеш или тврдиш дека мене не ми се случило такво нешто, а уште помалце да ме правиш лажов. Ти се иде у Грција? слободно јас немам време за тестирање. Сум поминал 2 пати лошо и веќе нема, картко и јасно. А дека сме ние поисполитизирани од грците ќе ти кажам само дека е најголема ГЛУПОСТ што некад сум ја прочитал.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom