Kazete nekoja predlog ponuda za Zakintos ....
Zakyntos е место со една од најубави плажи во светот.
Игуана се крајно професионални.Јас типувам на местото Аргаси,има преубави апартмани со поглед на море и сопствена плажа,луѓето се услужливи и доста фини.Целиот остров е толку малечок што со кола за еден ден се посетуваат сите места на островот кој вредат да се видат.Рентањето кола ти е од 12 евра на ден,не ти бараат меѓународна возачка.Рентањето на мотори е околу 7/8 евра на ден и се доста популарни оние на 4 тркала.Улиците на островот се тесни и непрегледни,па не би ти препорачала мотор.Имаш маркети Лидо кои се поефтини и од кај нас.Цените во ресторант ти се пристојни,имаш понуди за ручек од 12/13 евра грчка кујна.Коктелите во кафич ти се од 2,5 евра некои со вода мешани,а за добар коктел ти е над 4 евра.Кафето ти е 3/4 евра,сокче на плажа ти е 4 евра,во град 3.Аргаси е тивок град,за одмор идеален.Додека Лаганос ти е место собиралиште на тинејџ Англичани кој цела година на синџир биле држени.Таму 24 часа е лудница,пијани деца,тепачки,секс 24 часа,блуења по улици.Ако си под 23 и одиш со другари,одете во тој град,ќе се препородите.
За да поминеш одмор без ресторани и доскотеки,за 10 дена со се вклучено би потрошил околу 400 евра (сметан и смештај и пат).Ако пиеш повеќе и сакаш да ручаш како човек тогаш земи си некое евро плус,бидејќи влез во дискотека ти е 10 евра и 8 евра пиво.
И некои фотки за да останеш без здив
поглед од тераса
боја на водата
Xhigia
поглед од тераса
Вреди да се види.