Каде ова лето? - прашања и предлози за туристички дестинации

  • Креатор на темата Креатор на темата kapadaster
  • Време на започнување Време на започнување
Имаш у Турција за 300 евра смештај у хотел со три ѕвезди (базен, доручек, вечера) + повратен превоз со автобус. За Кушадаси зборам. За Грција не знам дали е поевтино или поскапо.

Имаш за Кушадаси и за 180 евра смештај(базен, доручек)+повратен превоз со автобус. Ми кажаа дека јадењето било ефтино па не се исплатело плус 50 евра од ден да даваш и за вечера.
 
би сакала овде, местово ми изгледа како да е на крај на светот
Two%20Lovers%20Point.jpg
 
Имаш за Кушадаси и за 180 евра смештај(базен, доручек)+повратен превоз со автобус. Ми кажаа дека јадењето било ефтино па не се исплатело плус 50 евра од ден да даваш и за вечера.

Ko oвде се цените на јадењето.
 
Имаш за Кушадаси и за 180 евра смештај(базен, доручек)+повратен превоз со автобус. Ми кажаа дека јадењето било ефтино па не се исплатело плус 50 евра од ден да даваш и за вечера.

Како што јас гледав, за Грција најдобрите цени идат по 115-120 евра во сред сезона, со повратен превоз збориме.

Значи сепак не им држи вода муабетот за Турција, кога доаѓа до 50% поскапо дури.
 
Имаш за Кушадаси и за 180 евра смештај(базен, доручек)+повратен превоз со автобус. Ми кажаа дека јадењето било ефтино па не се исплатело плус 50 евра од ден да даваш и за вечера.

Секоја година скоро одам во Турција (што да правам на моите омилена дестинација им е:) ) и моја препорака ти е да си бидеш и со вечера зошто би се заебал, храната нивна не е како кај нас тука, додека во хотелите вечерата е интернационална, скари, салати и сл :)
 
Како што јас гледав, за Грција најдобрите цени идат по 115-120 евра во сред сезона, со повратен превоз збориме.

Значи сепак не им држи вода муабетот за Турција, кога доаѓа до 50% поскапо дури.

Eх, со смештај е толку?
 
Ko oвде се цените на јадењето.

Епа значи не се исплати да даваш по 50 евра плус за вечера.

--- надополнето ---

Секоја година скоро одам во Турција (што да правам на моите омилена дестинација им е:) ) и моја препорака ти е да си бидеш и со вечера зошто би се заебал, храната нивна не е како кај нас тука, додека во хотелите вечерата е интернационална, скари, салати и сл :)

Ахам..епа ајде ќе видиме што како..
 
Епа значи не се исплати да даваш по 50 евра плус за вечера.

Значи вака. Ручек да платиш во хотел не ти се исплаќа ради тоа што Кушадаси е ко угорница и верувај дека колку и да си штедлив нема шанси да се враќаш у хотел за да ручаш па пак на плажа да идеш. За вечера, во хотел со три ѕвезди имаш 15 вида на салати секоја вечер (од кои појше од пола се квалитетни) и саглам вечера (не мислам на лебче со маргаринче, туку ко овде ручек што јадеме - компири, плескавица, супе, не ми текнува што друго, и обавезно лубеница). Јас бев многу задоволна од вечерата, 2 чинии си полнев само со салати :) Ова истово во ресторан десет дена ќе те фати сигурно појше од 50 евра. Пошто според тебе, чим не планираш да даваш 50 евра за вечера, ако идеш 10 дена, за вечера планираш да даваш помалку од 5 евра дневно, што е малце. Со тие пари сендвич можеш да земеш и толку. Што значи дека ти се исплаќа во хотел да вечераш. Пошто вечерата во хотелот е многу побогата од доручекот (јајца, нешто за мачкање - и секако лубеница :) ). Доручекот е ок, али појше ти се исплаќа за вечера да платиш во хотел отколку за ручек, пошто ти викам, вечерата е богата, а доручекот е леб и паштета (не дека е сиромашен али...).
 
Ова лето на работа ќе е изгледа :)
а можно е да се прошета до Дојран ако излезе некоја слика прилика :wink:
 
Мене ми се оди во Турција поради повеќе причини, прво во однос на цените и поради тоа што освен во Истанбул не сум бил на друго место па би сакал да споредам во однос на Грција и Бугарија. Ако има некој да препорача место цени аранжмани нека пише
 
Carter, вечерата им е господска во Турција, не ги жали тие 50 евра, ќе им ги изедеш пет пати :))))) А ручек не знам колку би ти бил потребен, вечерата е богата, плус плажа ова она, на трчање ќе си :)
 
Вечерата им е богата али тешки зачини имаат :) Јас пред неколку години кога бев Кушадаси со полу пансион ,неможев да ништо асолно да каснам -а шведка маса. Хотелот со 4ри ѕвезди беше али на брдото ...плажите на скроз другиот крај а комбињата прилично скапи за наш стандард.
 
Eх нема веза. Ок, да не ти се погодат две јадења, нормално е. Мене не ми беа презачинети. Ниеднаш за доручек и вечера не јадев надвор.
Инаку да, тоа брдо у срце ме тепаше коај доаѓаше време да го искачуам, плус со торби, душеци...
 
Да ми препорачате агенции што посредуваат ултра ал инклусив во Бугарија,Грција или Турција?

Jaс лани бев Бугарија, Сончев брег Ол инклузив со Скопје турс. Задоволен :icon_lol:
Имаат за Албена и златни песоци ултра ол
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom