Ме интересира, дали знае некој која од нашиве агенции има понуди за Санторини или Миконос, како се движат цените, ако бил исто така некој да сподели искуство и слично...
Не се сеќавам во последниве година две да имам видено понуди за Миконос.Веројатно во своја организација би требало да одите.Миконос е можеби најубавото место во Грција и дефинитивно место со 24 часа забава.Значи се живее без прекин.Има журки на плажа,од таму во кафиќ,вечерта во ноќен бар,утрото на плажа.Ако имаш некој да ти прави друштво,тргај и не се мисли,за забава нема промашај.Само има многу англичани,кој незнам дали знаеш ама се племе невидено.Ако си помлада од 23 години ќе ти одговараат нивните лудости,знаат да паѓаат по улица,да кршат шишиња од глава, да се онадат на улица,на среде шанк,итн.
Од друга страна Миконос е најскап.Едно пиво пред 5 години беше 10 евра во ноќен бар.Влезница беше по 10 евра,кафето 4 евра,јадењето во ресторант скапичко.За десет дена во Миконос без смештај (одев организирано) ти требаат мин 500/600 евра,за да поминеш скромно.Ако ти е за одмор,подобро не оди,нема да се одмориш
И ако ти менува нешто Миконос е геј центар,така да има многу хомосексуални парови,кој не се кријат,па ако си хомофобична,избегни го