Преводи за филмови: направи сам (туторијал)

dR3

Член од
9 септември 2009
Мислења
918
Поени од реакции
542
Гледам дека многумина барате точни преводи за некој филм, затоа што оние преводи кои сте ги нашле не одговараат на филмот: брзаат пред гласот или засостануваат зад него... Но дури и да добиете превод по ПП пак не се знае дали ќе биде оној што го барате.

Средувањето на преводот за DivX (*.avi) филмовите е релативно лесна работа, потребен ви е мал тренинг и потоа ќе можете сами да си ги средувате преводиде за неколку минути, наместо да чекате друг да ви ги испрати. Исто така, ако имате омилен филм за кој нема Македонски превод а сакате а му направите, со малку повеќе труд, може и тоа.

Значи темава е туторијал за програмата Subtitle Workshop, која е најдобра од сите со кои сум работел. Темава служи за оние кои незнаат како да си ги прават преводите. Се што не ви е јасно прашувајте, што можам ќе ви одговорам јас или некои други кои ја знаат програмата. Кога ќе научите како треба, помагајте им и на другите кои имаат прашања и сакаат да научат.

Да почнеме:

- Инсталацијата е наједноставна само притискајте next и ќе завршите за 2-3 минути.

- Во видното поле на програмата Subtitle Workshop се појавуваат следниве елементи:

А) екран на кој се пуштаат филмовите,
Б) текстуално поле за преводот
В) табла за подесување на време/фрејмови и енкодинг
Г) мени

Прегледај го приврзокот 11600

Првиот пат кога ќе ја отворите програмата не се гледа екранот. Треба да пуштите било кој филм од компјутерот, во менито movie/open, или со притискање на CTRL+P. После ова екранот ќе се отвори и понатаму ќе остане тука.

За да не морате одделно да пуштате превод и филм, дајте им исто име на преводот и филмот и поставете ги во ист фолдер. Потоа, го отворате само преводот, а филмот автоматски се отвора. Преводот го отворате во менито на file/load subtitle или со CTRL+O.

Неколку важни подесувања:

во преводот, времето ќе биде обележано во фрејмови, ако е *.sub фајл, или во час/мин/сек, ako e *.srt фајл. За да можете да манипулирате полесно со преводот, секогаш работете во time, а не во frames (се подесува горе лево)

Во истата колона ќе го подесите енкодингот. Ако преводот кој го средувате е Македонски, одберете Cyrillic, а ако е српски/хрватски латиничен, одберете EastEurope од листата за енкодинг.

Прегледај го приврзокот 11607

Кога сето ова сте го направиле, ви останува уште да го средите преводот.

- Во поедноставниот случај, преводот тече со истата брзина со која е и филмот, но првата реченица започнува порано или подоцна, од онаа во филмот, по што се јавува константна разлика од + или - секунди/минути. Пуштете го филмот и чекајте да се изговори првата реченица. Штом ќе се случи тоа, паузирајте, и запишете во точно кое време започнува реченицата. Потоа, видете во кое време започнува реченицата во вашиот превод, и пресметајте колку заостанува или подранува. Разликата ќе ја средите на тој начин што ќе притиснете CRTL+D, и ќе го вратите назад, или турнете напред преводот, за онолку колку што е потребно. Ако преводот одговара на вашиот филм и се движи со исто темпо, ова ќе го реши проблемот веднаш.

Прегледај го приврзокот 11605

Покомплициран случај е кога преводот не одговара на филмот (нема сега да навлегувам во тоа зошто е така), па дури и кога ќе го наместите почетокот, тој пак ќе брза или ќе доцни. Сега, треба да го видите и запишете времето на првата и последната изговорена реченица, па со CTRL+B дирекно да ги запишете овие времиња. Ова би требало да го реши проблемот, иако не е толку успешно како кај првиот проблем, некогаш едноставно преводот не сака... Ако е така, не губете многу време, симнете повеќе преводи од интернет, и пробајте ја постапката со сите, еден од нив би требало да биде успешен.

Прегледај го приврзокот 11606

И тоа е тоа за почеток.

Дополнителни компликации има кога на пример имате превод за серија, од која се извадени или додадени најавни шпици и реклами, па во таков случај има доста работа да се среди. Исто и кога од превод за две цд-а треба да се направи превод за истиот филм на едно цд, и обратно. Но такви компликации засега не ви се потребни.

Преводот, дури и да бил во sub формат , ви препорачувам да го зачувате како srt, со помош на save as и од разните формати што ќе ви излезат на располагање, одберете subrip.

Прегледај го приврзокот 11602

Програмата е бесплатна и можете да ја симнете овде. Јас имам некоја постара верзија која ме служи одлично, па ако си најдете таква, во ред. Незнам што има на поновите верзии, и дали се подобри или не.

Толку засега, многу успех!

Фала брат, стварно ми требаше ова !! :aplauz:
 
Член од
30 јуни 2009
Мислења
4
Поени од реакции
0
Здраво до сите. дали некој може да ми помогне и да ми каже како можам два или три клипа кои се снимени еден по друг да ги спојам во еден клип. дали постои програм кој може да ги спои клиповите и од нив да направи еден клип.

како можам да спојам неколку клипови симнати со real player од youtube во еден клип, односно како од неколку клипови да направам еден филм
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.423
Ова е погрешна тема, не е за тоа. Во секој случај, имаш Movie Maker во windows-от, ако имаш Виста имаш и некоја понова верзија од истиот. Чепкај таму, не е тешко, треба да ги ставиш клиповите по редослед како што сакаш и да ги зачуваш. Не сум работел со тоа многу, сум правел клипови од слики и музика, ама знам дека може и од повеќе клипови да се направи еден. Не знам кои формати ги поддржува.

Во секој случај, ова си бара посебна тема.
 
Член од
9 јануари 2006
Мислења
5.615
Поени од реакции
7.428
Не можеш да залепиш (да вградиш) превод на DivX филм, барем колку што знам. ......
Moze be druze zarem nikogas ne si simnal DIvX od neanglisko govorno podracje, recimo japonski ili italjanski film so vgraden ENG prevod.
Toa se vika Hardcoded ili builtin subtitles i treba da se znae za da ne se zaebete da simnete film so veke vgraden Kineski prevod :)
Se pravi koga Videoto (AVIto) se encodira nanovo zaedno so prevodot (SRT ili SUB) so nekoj program i za toa treba vreme, primer VirtualDub ima plugin da ucita SRT/Sub...

Здраво до сите. дали некој може да ми помогне и да ми каже како можам два или три клипа кои се снимени еден по друг да ги спојам во еден клип. дали постои програм кој може да ги спои клиповите и од нив да направи еден клип.

како можам да спојам неколку клипови симнати со real player од youtube во еден клип, односно како од неколку клипови да направам еден филм
Sekako deka moze da spois povekje klipovi, zavisi klipovite dali se .avi .flv .mpg itn zatoa sto sekoj program ne gi otvara site. Mislam deka AVIDemux ke ti zavrsi rabota posto otvara i FLV videa. GO otvaras prvoto video so Open, slednite so Append i celoto posle SaveAS nov fajl. Samo treba da odberes namesto Copy za videoto i audioto nekoj tip na kompresija. Videata od youtube ke si gi siminjas so Vdownloader i sam ke ti gi konvertira/kompresira vo Avi, mP3 ili so sakas (default se FLV - FLashVideo) i posle e polesno da gi lepis koga ti se vo avi.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.423
Moze be druze zarem nikogas ne si simnal DIvX od neanglisko govorno podracje, recimo japonski ili italjanski film so vgraden ENG prevod.
Toa se vika Hardcoded ili builtin subtitles i treba da se znae za da ne se zaebete da simnete film so veke vgraden Kineski prevod :)
Se pravi koga Videoto (AVIto) se encodira nanovo zaedno so prevodot (SRT ili SUB) so nekoj program i za toa treba vreme, primer VirtualDub ima plugin da ucita SRT/Sub...
Преводот е вграден во ДВД филм. Потоа ДВД - филмот е направен DivX. По тој редослед, ќе добиеш DivX филм со вграден превод.

На DivX филм без вграден превод, не можеш да му залепиш (вградиш) srt или sub превод. Тие одат како посебен фајл.

Барем додека се обидував (до пред некоја година) да изведам вакво нешто, не беше можно. Незнам дали смислиле некаква процедура во меѓувреме, ама не верувам. Дури и да има, тоа значи дека DivX филмот ќе изгуби од квалитетот на снимката.
 
Член од
9 јануари 2006
Мислења
5.615
Поени од реакции
7.428
Ме интересира, дали со програмов може да се отстрани веќе додаден превод? Го симнав Кодот на Да Винчи и му додадов мак превод со еден програм VobSub мислам дека се викаше, али ми испаднаа хиероглифи. Пробав да додадам друг превод врз овој али не можеше. Ај плс одговорете да не го симнувам за џабе програмов, којзнае колку програми симнав со ниеден не ми успеа...
Vobsub kolku sto znam e za ripuvanje prevod od DVD.
Mislam deka drugo prasuvas, filmot sto si go simnala sakas da go gledas na TV ama pleerot ti nema podrska za шѓќч bukvite i ne ti se cita. Ako e AVi videoto, najbrzo za 1minuta mozes da mu zalepis prevod so AVIAddXSubs.
Imas QuickStart guide na sajtov ne e nisto slozen programov, samo za fontot treba da se podesi CharacterSet, za MK prevod ke izberes Russian, a za SR/CRO EasternEurope....ARial FontSize 21....720x576 (PAL)....Subtitle position mi e podeseno na 350 so 450V i izbiras Xsub gore a ne Idx/Sub.. Nakraj se dobiva .divx fajl i sekoj DivXpleer ke ti go prikaze videoto iako ne e Avi. Go kreira za 1 minuta nema cekanje. So AVIAddXSubs moze do 8 prevoda da mu zalepis, a pri gledanje prevodite gi menuvas so daljinskoto.

Преводот е вграден во ДВД филм. Потоа ДВД - филмот е направен DivX. По тој редослед, ќе добиеш DivX филм со вграден превод.

На DivX филм без вграден превод, не можеш да му залепиш (вградиш) srt или sub превод. Тие одат како посебен фајл.

Барем додека се обидував (до пред некоја година) да изведам вакво нешто, не беше можно. Незнам дали смислиле некаква процедура во меѓувреме, ама не верувам. Дури и да има, тоа значи дека DivX филмот ќе изгуби од квалитетот на снимката.
Citaj pogore druze za AVIAddXSubs , Amerika odamna e otkriena :))
I PocketDivXEncoder go pravi istoto samo podolgo....ima i drugi programi ja neznam kaj si guglal sive ovie godini :)
ZA VirtualDub si cul ? MustHave ako se bavis so video!
VirtualDub ne samo sto lepi tuki i brise hardcodirani prevodi od videoto so mala zaguba na kvalitetot vo dolniot del na slikata :)

Lepenje SRT/SUB na AVi so VirtualDub imas tuka.
Ako sakas i drug tutorijal poguglaj Hardconding DivX subtitles
 
Член од
10 октомври 2009
Мислења
3
Поени од реакции
0
Гледам дека многумина барате точни преводи за некој филм, затоа што оние преводи кои сте ги нашле не одговараат на филмот: брзаат пред гласот или засостануваат зад него... Но дури и да добиете превод по ПП пак не се знае дали ќе биде оној што го барате.

Средувањето на преводот за DivX (*.avi) филмовите е релативно лесна работа, потребен ви е мал тренинг и потоа ќе можете сами да си ги средувате преводиде за неколку минути, наместо да чекате друг да ви ги испрати. Исто така, ако имате омилен филм за кој нема Македонски превод а сакате а му направите, со малку повеќе труд, може и тоа.

Значи темава е туторијал за програмата Subtitle Workshop, која е најдобра од сите со кои сум работел. Темава служи за оние кои незнаат како да си ги прават преводите. Се што не ви е јасно прашувајте, што можам ќе ви одговорам јас или некои други кои ја знаат програмата. Кога ќе научите како треба, помагајте им и на другите кои имаат прашања и сакаат да научат.

Да почнеме:

- Инсталацијата е наједноставна само притискајте next и ќе завршите за 2-3 минути.

- Во видното поле на програмата Subtitle Workshop се појавуваат следниве елементи:

А) екран на кој се пуштаат филмовите,
Б) текстуално поле за преводот
В) табла за подесување на време/фрејмови и енкодинг
Г) мени

Прегледај го приврзокот 11600

Првиот пат кога ќе ја отворите програмата не се гледа екранот. Треба да пуштите било кој филм од компјутерот, во менито movie/open, или со притискање на CTRL+P. После ова екранот ќе се отвори и понатаму ќе остане тука.

За да не морате одделно да пуштате превод и филм, дајте им исто име на преводот и филмот и поставете ги во ист фолдер. Потоа, го отворате само преводот, а филмот автоматски се отвора. Преводот го отворате во менито на file/load subtitle или со CTRL+O.

Неколку важни подесувања:

во преводот, времето ќе биде обележано во фрејмови, ако е *.sub фајл, или во час/мин/сек, ako e *.srt фајл. За да можете да манипулирате полесно со преводот, секогаш работете во time, а не во frames (се подесува горе лево)

Во истата колона ќе го подесите енкодингот. Ако преводот кој го средувате е Македонски, одберете Cyrillic, а ако е српски/хрватски латиничен, одберете EastEurope од листата за енкодинг.

Прегледај го приврзокот 11607

Кога сето ова сте го направиле, ви останува уште да го средите преводот.

- Во поедноставниот случај, преводот тече со истата брзина со која е и филмот, но првата реченица започнува порано или подоцна, од онаа во филмот, по што се јавува константна разлика од + или - секунди/минути. Пуштете го филмот и чекајте да се изговори првата реченица. Штом ќе се случи тоа, паузирајте, и запишете во точно кое време започнува реченицата. Потоа, видете во кое време започнува реченицата во вашиот превод, и пресметајте колку заостанува или подранува. Разликата ќе ја средите на тој начин што ќе притиснете CRTL+D, и ќе го вратите назад, или турнете напред преводот, за онолку колку што е потребно. Ако преводот одговара на вашиот филм и се движи со исто темпо, ова ќе го реши проблемот веднаш.

Прегледај го приврзокот 11605

Покомплициран случај е кога преводот не одговара на филмот (нема сега да навлегувам во тоа зошто е така), па дури и кога ќе го наместите почетокот, тој пак ќе брза или ќе доцни. Сега, треба да го видите и запишете времето на првата и последната изговорена реченица, па со CTRL+B дирекно да ги запишете овие времиња. Ова би требало да го реши проблемот, иако не е толку успешно како кај првиот проблем, некогаш едноставно преводот не сака... Ако е така, не губете многу време, симнете повеќе преводи од интернет, и пробајте ја постапката со сите, еден од нив би требало да биде успешен.

Прегледај го приврзокот 11606

И тоа е тоа за почеток.

Дополнителни компликации има кога на пример имате превод за серија, од која се извадени или додадени најавни шпици и реклами, па во таков случај има доста работа да се среди. Исто и кога од превод за две цд-а треба да се направи превод за истиот филм на едно цд, и обратно. Но такви компликации засега не ви се потребни.

Преводот, дури и да бил во sub формат , ви препорачувам да го зачувате како srt, со помош на save as и од разните формати што ќе ви излезат на располагање, одберете subrip.

Прегледај го приврзокот 11602

Програмата е бесплатна и можете да ја симнете овде. Јас имам некоја постара верзија која ме служи одлично, па ако си најдете таква, во ред. Незнам што има на поновите верзии, и дали се подобри или не.

Толку засега, многу успех!
pozz.koj znae neka pisi.jas spustam filmovi od www.mininova.com i mu stavam isto taka prevodi od www.divxtitlovi.com, no imam eden problem od kako ke go izrezam filmot na cd i go stavam na dvd player prevodot vo cd ne postoi a nekogas znae i filmot da ne go prepoznava.ako znae nekoj neka mi pise kako da go resam ova.inaku formatot e avi ili mpg2 po moznost ako znae nekoj neka mi pise za nekoj converter za menuvanje format.
fala .pozz
 
AtoM-AnT

Dexter
Член од
3 септември 2008
Мислења
4.530
Поени од реакции
583

Преводот е најдобро ако биде снимен како SubRip, види слика подолу

а и филмот и преводот да имаат исто име како на пример:
Видео фајлот ако го има ова име G.I.Joe.The.Rise.of.Cobra.BRRip.XviD.AC3-DEVISE истото име треба да го носи и преводот и самата програма како BS Player или GOM Player автоматски го вчитува преводот.
Што се однесува до тоа од кај симнуваш филмови тоа нема никаква врска, на сите торенто се вртат истите верзии само брзината на симнување е различна?
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.423
Citaj pogore druze za AVIAddXSubs , Amerika odamna e otkriena :))
I PocketDivXEncoder go pravi istoto samo podolgo....ima i drugi programi ja neznam kaj si guglal sive ovie godini :)
ZA VirtualDub si cul ? MustHave ako se bavis so video!
VirtualDub ne samo sto lepi tuki i brise hardcodirani prevodi od videoto so mala zaguba na kvalitetot vo dolniot del na slikata :)

Lepenje SRT/SUB na AVi so VirtualDub imas tuka.
Ako sakas i drug tutorijal poguglaj Hardconding DivX subtitles
Фала, ќе погледнам. Не се бавам многу со видео, т.е. со конвертирање, вградување преводи и слично. Виртуал даб имам цела вечност ама никогаш не сум го користел. Ако не одземаат од квалитетот на филмот и ако процесот не трае ужасно долго, тогаш вреди да се употреби. Но сепак, тоа е за друга тема и ако сакаш слободно отвори ја и објасни како работат овие програми, исто како што е и во оваа тема.
 
Член од
10 октомври 2009
Мислења
3
Поени од реакции
0
Преводот нема чудни букви, на кирилица е. Програмата со која го пушташ не е подесена. Ќе најдиш subtitles во менито некаде, и кога ќе гледаш филм со македонски превод ќе наместиш Cyrillic, а кога ќе гледаш со српски/хрватски превод ќе наместиш Central European (или East European, зависи од програмата).

BTW, ти одговорив, ама на погрешно место ти е постот, го оставам некое време за да го забележиш па ќе го преместам.

pozz evo jas gi spusatm filmovite so srpski ili makedonski prevod no koga ke vlezam vo podesuvanjeto na fontovite vomenito gi nemam cyrillic i central european ili east european ako znae nekoj neka mi gi pisi od kade da gi simnam ovie dva najbarani fontovi
pozz
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.423
Тие не се фонтови. Тоа ти е поддршка за фонт. Ако преводот е кирилица, треба да подесиш преводот да се прикажува со cyrilic. Ако се латиница (српски/хрватски), тогаш central european. Се зависи од тоа со кој плеер ги гледаш филмовите. Пиши го името на плеерот ќе побарам каде е опцијата која ти треба. Генерално, некаде треба да има subtitles, и под тоа да се бираат опциите.
 
Член од
10 октомври 2009
Мислења
3
Поени од реакции
0
ok drugarce se e vo red jas gledam i na b.s playerot i na goomplayerot no tamu ese vo red no od kako ke go izrezam filmot so se prevod na cd za da go gledam na dvd player togas prevodot ima nekoi cudni bukvi ili pak falat bukvi toa sakav da kazam
ako znaes pisi mi ili pak nekoj ako znae neka pisi prevodot da bide normalen kako i site drugi prevodi na filmovite
pozz
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.423
ok drugarce se e vo red jas gledam i na b.s playerot i na goomplayerot no tamu ese vo red no od kako ke go izrezam filmot so se prevod na cd za da go gledam na dvd player togas prevodot ima nekoi cudni bukvi ili pak falat bukvi toa sakav da kazam
ako znaes pisi mi ili pak nekoj ako znae neka pisi prevodot da bide normalen kako i site drugi prevodi na filmovite
pozz
Аха... така кажи. Значи се е во ред на компјутер, не чини на двд-плеерот.

Значи вака, се е во ред со ЦД-то, филмот и преводот.

ДВД плеерот исто така си има подесувања слично како GOM и B.S. плеерите, значи треба да чепкаш на опциите на плеерот и таму да најдеш cyrilic/central european, исто како и на плеерите во компјутерот.

Сега не можам да сум од поголема помош зошто си го знам само мојот ДВД плеер ама сите се на тој принцип. Кај мојот наместо cyrilic/central european пишува russian/polish... малку чудно ама ако сакаш кирилица, го местиш на Руски, ако сакаш central european го местиш на Полски...

Тоа е тоа... чепкај по плеерот, преводот си е во ред. Уште заборавив дека некои ДВД плеери како shock wave на пример (мислам така се викаа) се многу лоши кога се работи за преводот на DivX филмови.
 
Член од
12 декември 2008
Мислења
71
Поени од реакции
1
moze li nekoj da mi kaze prevodite gi imama na notepad ama nezzz kaok da gi snimam za da gi cita Subtitle Workshop:toe:
 
AtoM-AnT

Dexter
Член од
3 септември 2008
Мислења
4.530
Поени од реакции
583
moze li nekoj da mi kaze prevodite gi imama na notepad ama nezzz kaok da gi snimam za da gi cita Subtitle Workshop:toe:
Оди на Load subtitle и внеси го преводот па потоа оди на Save subtitle и сними го како што е прикажано на сликата и завршена работа!

Kajgana Shop

На врв Bottom