Играта е иста како и со Ксерез, само што таму имавме лош терен и тоа беше главната причина што не постигнавме гол во првото полувреме. Сега постигнавме два гола, и мислам дека може мирно да си го проследиме и второто полувреме, со уште некој гол во мрежата на Тенерифе. Не треба многу да напаѓаат во второ полувреме, само да ја држеме топката во наш посед, и по некоја контра да постигнеме уште по некој гол.. Нема потреба во 99% решен натпревар да играат како да треба да бркаат резултат..
Игуаин со двата гола докажа дека моментално е најдобар напаѓач во тимот.. Кака и Роналдо се трудеа нешто да направат, но сепак не им оди баш најдобро, Гранеро и Лас не ги забележав, мада овој вториов и немаше потреба многу да биди заангажиран со ваков противник.. Одбраната на чело со Албиол одлична, Касиљас без работа.. Тоа е..