Фан Клуб: Реал Мадрид

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Абе овие затворени и на бернабе ќе се затворат, многу мрзам антифудбал
 

bowl

.
Член од
30 јануари 2007
Мислења
8.344
Поени од реакции
1.307
Кога ќе фрлиш еден куп пари на играчи како Кака и Роналдо, башка другите, и кога нема да можеш да му шутнеш на гол на факинг Лион, тешки гомна се. Јас овој филм го гледав и порано со Реал, ова е само реприза. Ко по навика, прво ќе го помине Лион и ќе здивнете(ме) дека било само лош ден. После во некој најмалку очекуван момент, системот пак ќе откаже.

Извини, јас го сакам Реал, омилен тим ми е во Шпанија и барем додека имав време повеќе да следам фудбал, ги гледав редовно. Ова е тешко срање, група индивидуалци кои играат на принципот „кому иде“. Секоја малку сериозна екипа, нови фрустрации. А ве гледам се чудите зошто. Денес овој не играл, утре оној не играл добро. Никогаш нема да одиграат, секогаш ќе ја посеруваат. Се додека не почнат да играат играчи кои работат на терен а не манекени со youtube финтици.

И ако сте вие задоволни што сте на на бод-два од Барса, со среќа нека ви е. Јас кога го гледав Реал беше срамота ако не е прв со 5-6 бода предност. Ептен сум разочаран и немам многу што да додадам...
Сам кажуваш дека не го гледаш Реал, нема потреба од други коментари :toe: Една утакмица против тим кој што е тежок противник дома, кој им создаде проблем на ланската Барса не е никаков показател за тоа каков е овој Реал.
 

BATISTUTA 9

Fiorentina-Partizan-Real
Член од
17 мај 2008
Мислења
2.085
Поени од реакции
266
Абе овие затворени и на бернабе ќе се затворат, многу мрзам антифудбал
па затоа и сите речиси сме песимисти, оваа сезона не успеавме да изиграме ниедна утакмица под притисок :toe: то ест кога губиме и тимовите се затворат во бункер има скор од 0 победи
 
Член од
29 март 2007
Мислења
6.820
Поени од реакции
238
Абе овие затворени и на бернабе ќе се затворат, многу мрзам антифудбал
мислам дека лион не е екипа кој игра затворен фудбал и покрај што има позитивен резултат.Сети се со милан коа играа од каква глупост на крај пропуштија добар успех
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.642
Поени од реакции
59.569
а зошто не го гледаш Реал веќе? :toe:
или само ради тоа шо стариот роналдо ти е идол колку шо можев да забележам... :smir:
Не, јас го гледав Реал уште во времето на Раул и Мориентес, после тоа Мијатовиќ и Шукер. Времето на Дел Боске, ги фатив последните три титули во ЛШ. Кога бев мал (многу мал, први чекори во фудбалот), еден од омилените фудбалери ми беше Бутрагењо а Реал ми стана омилен по головите на Хуго Санчез, т.е. по начинот на кој ги прославуваше. Тоа беше хит тогаш пошто обично фудбалерите трчаа како абдали со едната рака горе после секој гол. Хуго Санчез = Оба-Оба Мартинс :)

Енивеј, имав многу време за фудбал, пратев Примера, Премиер и Калчо и редовно ги гледав Реал, Манчестер и Интер.

Во последниве години немам толку време за фудбал и едвај стигнувам да гледам Интер. Скоро ништо друго не гледам, повремено ќе фатам некој натпревар.

Ама сепак, имам некоја афинитет кон компактни екипи кои играат здрав фудбал отколку кон оние кои се базираат на ѕвезди. Повеќе го сакав Реал на Мориентес и Раул, повеќе го сакав Манчестер на Кин, Сколс, Невил, Шмајхел, Бекам... отколку оној на CR9. Сега барем Манчестер пак ми наликува на стариот, иако не во таа мера...
 

Шурикен

Hard Core !
Член од
8 ноември 2008
Мислења
6.559
Поени од реакции
4.072
Кога ќе фрлиш еден куп пари на играчи како Кака и Роналдо, башка другите, и кога нема да можеш да му шутнеш на гол на факинг Лион, тешки гомна се. Јас овој филм го гледав и порано со Реал, ова е само реприза. Ко по навика, прво ќе го помине Лион и ќе здивнете(ме) дека било само лош ден. После во некој најмалку очекуван момент, системот пак ќе откаже.

Извини, јас го сакам Реал, омилен тим ми е во Шпанија и барем додека имав време повеќе да следам фудбал, ги гледав редовно. Ова е тешко срање, група индивидуалци кои играат на принципот „кому иде“. Секоја малку сериозна екипа, нови фрустрации. А ве гледам се чудите зошто. Денес овој не играл, утре оној не играл добро. Никогаш нема да одиграат, секогаш ќе ја посеруваат. Се додека не почнат да играат играчи кои работат на терен а не манекени со youtube финтици.

И ако сте вие задоволни што сте на на бод-два од Барса, со среќа нека ви е. Јас кога го гледав Реал беше срамота ако не е прв со 5-6 бода предност. Ептен сум разочаран и немам многу што да додадам...
Секој клуб има добри и лоши моменти, оние дома 11-0-0 сигурно не се по чиста случајност постигнати. Дека тимот има најефикасен напад до сега во групната фаза од Лш и тоа сигурно не е чиста случајност.
Значи неможеш да го ставиш тимот во некакви гомна од кој не е можно никако да го извадиш. Точно е, и јас сум крајно разочаран од мотивацијата на играчите, од тимската игра и од други работи кои не беа на ниво.
Но, ете и мене ми преостанува да се надевам и да кажам дека ова било само еден лош натпревар. Доколку не се покаже она што го бараме сите ние во реваншот, ке се помирам со фактот дека можеме оваа сезона само Ла Лига да ја освоиме.
И на почетокот на сезоната реков, со една титула сум презадоволен.
Останува да видиме што ке ни приредат нашите миленици, со среќа нека ни е и се надевам дека нема да се разочараме во реваншот како што беше денес.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.642
Поени од реакции
59.569
Сам кажуваш дека не го гледаш Реал, нема потреба од други коментари :toe: Една утакмица против тим кој што е тежок противник дома, кој им создаде проблем на ланската Барса не е никаков показател за тоа каков е овој Реал.
Кажав и дека е реприза, а ти си бил мал кога се даваше премиерно :smir:
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.642
Поени од реакции
59.569
А како знаеш дека е реприза ако не гледаш :)
Перез, CR9, Кака, Снајдер, Бензема, натпреварот денес... се е тоа дежа ву. Целата таа продај-дрес филозофија носи само повремени успеси и чести катастрофи.

Да се разбереме: титули ќе има, тука и таму. Но ќе се случуваат натпревари како денес, како полуфиналето со Монако. Кога треба да проработи тогаш ќе зарѓа. Тоа со години се случуваше и се е поврзано со филозофијата на Перез.

Кажи ми дали не е глупаво како водечки тим, или еден од двата, во Примера, да имаш играчи како Виља и Фабрегас во лигата а да купуваш дупло поскапи и претежно бескорисни странци. Зборувам за времето кога Виља и Фабрегас беа јаки а немаа ваква цена како сега. Па и сега, дупло би платил за Виља отколку за играч како Бензема.

На Реал му треба функционален среден ред, можеш да го ставиш и Меси помеѓу Кака и Роналдо ништо нема да се случи верувај, ќе биде само полошо. Требаат играчи кои се фајтери а не играчи кои гледаат да не си ја расипат фризурата и се креваат дека му дале три гола на Ксерез.

Главен проблем на филозофијата на Перез е што кога нема да му оди, тој ги задоволува навивачите со нова ѕвезда. А кога ќе донесе нова ѕвезда, пак ќе излезе некој што игра фудбал...
 

Cuore Rossonero

Rσššσηєјаσ e ιℓ мισ cυσјає
Член од
18 април 2009
Мислења
2.344
Поени од реакции
345
Абе се дешава пораз од 1-0 ништо страшно,пострашно е што Лион имаше повеќе шанси а и голот беше многу добар.Мислам дека Реал на сантијаго ќе ги торпедира,минимум 5 гола ќе паднат
 
Член од
29 март 2007
Мислења
6.820
Поени од реакции
238
абе еве и да го поминат Лион со ваква игра каде понатаму до финале ???
 

bowl

.
Член од
30 јануари 2007
Мислења
8.344
Поени од реакции
1.307
Перез, CR9, Кака, Снајдер, Бензема, натпреварот денес... се е тоа дежа ву. Целата таа продај-дрес филозофија носи само повремени успеси и чести катастрофи.

Да се разбереме: титули ќе има, тука и таму. Но ќе се случуваат натпревари како денес, како полуфиналето со Монако. Кога треба да проработи тогаш ќе зарѓа. Тоа со години се случуваше и се е поврзано со филозофијата на Перез.

Кажи ми дали не е глупаво како водечки тим, или еден од двата, во Примера, да имаш играчи како Виља и Фабрегас во лигата а да купуваш дупло поскапи и претежно бескорисни странци. Зборувам за времето кога Виља и Фабрегас беа јаки а немаа ваква цена како сега. Па и сега, дупло би платил за Виља отколку за играч како Бензема.

На Реал му треба функционален среден ред, можеш да го ставиш и Меси помеѓу Кака и Роналдо ништо нема да се случи верувај, ќе биде само полошо. Требаат играчи кои се фајтери а не играчи кои гледаат да не си ја расипат фризурата и се креваат дека му дале три гола на Ксерез.

Главен проблем на филозофијата на Перез е што кога нема да му оди, тој ги задоволува навивачите со нова ѕвезда. А кога ќе донесе нова ѕвезда, пак ќе излезе некој што игра фудбал...
Пак ќе кажам, го немаш гледано Реал. Неможеш никаков заклучок да донесеш, дали е тоа дежаву или флеш форвард од лост :tv:

Симни ја утакмицата со Депортиво, и види го средниот ред.

A споредбата Снајдер Макелеле, играч кој немаше никаква битна улога во тимот и лесно се менуваше со просечни играчи и играч кој имаше огромна улога во тимот, и кој не беше ѕвезда иако ако се верува на тогашните изјави токму тоа е причината која си заминал(затоа што почнал да се однесува како ѕвезда) не е баш на место.

Фабрегас никогаш не играл во лигата, украден од Венгер, и зарем мислиш дека и би можел да го земе од Барса.

Приказната Виља, е дотичниот Љоренте, претседателот на Валенсија, кој го спречи трансферот на Ајала на времето, смртно заканет непријател на Реал, цел месец влечеше и се контраше. Така да незнам која е грешката на Перез. Се сложувам дека продажбата на Макелеле е грешка, отпуштањето на Дел Боске е грешка али тоа е минато време. Реал го има најдобриот напад во Европа, меѓу најдобрите дефанзивни линии, и пак е во гомна ради еден пораз од Лион на никаков терен и на - степени.


Како и да е, очекувани ми се вакви пишувања. Кај бевте досега се прашувам...
 

SIRKO

Believe in Manchester United FC
Член од
8 јануари 2008
Мислења
287
Поени од реакции
18
Ако можи да прашам нешто??
Зошто Реал на дресовите не го носеја спонзорот ??
 

theHeartCollect0r

WIngZ of Sadness , hold my prayers...
Член од
6 август 2006
Мислења
299
Поени од реакции
10
хејтери, тејк ит изи.Сите вие што се правите паметни, чувствувате задоволство па и уште мудрувате;ѕвезди не правеле тим, ова фалело она фалело. Нека се одигра реваншот па тогаш ќе видиме што како.

абе еве и да го поминат Лион со ваква игра каде понатаму до финале ???
Нека го поминат они Лион, ќе видите после што како. :smir:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom