Фан Клуб: Реал Мадрид

  • Креатор на темата Креатор на темата bowl
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
19853_274743259772_96686264772_3345334_8108161_n.jpg


El Fenomeno? :)
 
Бензема е несомнено еден од најдобрите шпицови во целиот свет !!!
Понекогаш ме иритираат изјави кои гласат дека не бил доволно добар... но еве го самиот си докажува зборовите не вредат повеќе од доказите :pipi:
 
Секоја чест на Гути,ме изненади кога најмалку очекував од него...
гледам и бензи е во кам бек
 
Никој не го спомнува Алонсо.. Утакмицата ја одигра перфектно.
 
За играта...во никој случај. Феноменот е еден и единствен! Зборот ми беше на сликава многу личи на него, дебел ми седи некако :) :) :)

Да да, сличен став има и Роналдо:)
 
Епа закон сме ооо грешка УСТАВ!!!
Абе ја викам секад кога игра Раул( го обожаваааааааааааам) победуваме иако ги пропушти неговите шанси, барем среќа ни носи :)
Иначе да ги известам членовите од другите фудбалски клубови дека одржуваме часеви по фудбал секоја среда, таман за викенд да ве спремиме и да ви покажеме како се игра!:pipi:
 
За следната сезона само лев и десен бек(би сакал Опаре)
Пепе со Рамос у центар друго се исто

Е тешко дека вака ќе бидат купувањата за наредна сезона, ма да и јас не би сакал многу да се купува, само класа лев бек, и млад крилен игра(кој веќе го купивме).

Гути изигра феноменално вчера, но ме плаши дека ова ќе биде дежа ву, односно дека на наредните натпревари нема ни 1% од вчерашното да покаже. Мислам дека неможе да се потпреме на него како стандарден играч, како што беше и во цела негова кариера вечна замена.

За формацијата и Пелегрини, мислам дека оваа формација 4-1-3-2, иако е напаѓачка највеќе ни одговара. Е сеа ако Бенз ја продолжи голеадата, со Игуаин напред и Кака, Роналдо и Гути/ВдВ/Гранеро позади нив ќе функционира супер.
Вчерашниов натпревар докажа дека со еден деструктивец играме многу потечно и побрзо, а и Марсело беше супер како лев бек, треба да се ротира со Арбелоа во зависност од противникот.

И за крај, значи тимот е од 25 играчи не од 11, но е*аната политика на клубот не е таква.
Доколку Пелегрини практикува да ги става играчите во прв состав според моменталната форма (нешто како што прави Мурињо), не би се плашеле ни од традиција, ни од одбраната, и би гледале натпревари како вчера. Но тука е Перез и неговите рекламирања, спонзорства бла бла бла....
 
Е М.П ако не ги става според моменталната форма НЕЗНАМ кој.

Секогаш играат според формата, На почеток Бенз, после доби шанса Гонзало па си ја искористи и даваше голови и играше, Бенз чекаше шанса, Гранеро коа играше добро играше прв состав, Кака се повреди, ВДВ играше. Едноставно немам замерки за Пелегрини. Ниту е глуп да подлегне под медиумско влијание, ниту се прчи пред медиуми цело време. Одличен(5)
 
Само една мала информација..на последниве 6 натпревари имаме примено само 2 гола..еден против билбао и вчера другиот од Пенал...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom