Фан Клуб: Реал Мадрид

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Mирни дечки ! Неќам раздор у редови ! Едно женско ни дојде и сеа јаки пред неа ха хаха ? :icon_lol:
 

bowl

.
Член од
30 јануари 2007
Мислења
8.344
Поени од реакции
1.307
Mирни дечки ! Неќам раздор у редови ! Едно женско ни дојде и сеа јаки пред неа ха хаха ? :icon_lol:
Фората е да ја задржиме бе :) Све пендраци тука, не дека не ве сакам

Али убаво е да се види женско и у Реал :)
 
F

FilipMacedon

Гостин
Не се замарај со Филе тој ти е најголем дебил шо постои си ја зацртал само Барселона у тоа главата шо му е ќелава ко к*р. ПРАВ (КЕЛАВ) ДЕБИЛ
Па колку што знам Филе отворено е за Барселона,мислам многу пати тоа го изјавуваше притаено,плус сте приметиле ли дека даваат дресови од Барселона,од Реал нема никаде

OK. Сеа Маца и Мони, ете две :D
Зар само две имаме?:nesum:
 
Член од
12 декември 2008
Мислења
1.553
Поени од реакции
101
АЈМО ЈУРИШ.

-Фати го,фати го.

-Чекај влечката бе.

-Сакате да играме рагби.
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
14.506
Поени од реакции
14.146
-Фати го,фати го.

-Чекај влечката бе.

-Сакате да играме рагби.
Што е финтава со твојот пост ? Сакаш да ни приредиш некоја смешка нас, или да ни кажеш дека си надпросечно глуп ?

Karim Benzema Could Wear No. 19 At Real Madrid; Presentation On July 9


По се изгледа 19 ќе земе, не како што предвидувавме, 15...

Кој ќе ги победи "марсовците"?

Најсилен тим на сите времиња или создавање колекција со најзвучните имиња од почетокот на 21 век? Многу пред да влезе на теренот Реал на Флорентино Перез веќе го доби натпреварот, и тоа на каков начин: се претвори во најинтересна тема во фудбалот во целиот свет. Во медиумите, на плажите и во баровите.

Велат дека во Мадрид на секои десет секунди се продава по еден дрес на Кака. Со сигурност ловот на шампионот уште не е завршен: Рибери самиот се предлага за трансфер на Бернабе, а Чаби Алонсо е на пат. Па, кој ќе успее да ги победи ваквите "марсовци"? Веќе еден месец дневниот ред, па дури и во нашиот (ситуацијата со Пандев) го пишува Флорентино Перез. Човекот кој ги создаде мадридските "Галактикоси" се врати на пистата за да го дополни и обнови оној проект кој изгледаше утопија и заборавен засекогаш.

Утопија? Ова што досега се случуваше е само ордевер на гигантското и добро осмислено мени кое ќе потхрани многу апетити (економски) и силни емоции. Менито предвидува спектакл и победи, толку грандиозни што ќе ја одбележат цела епоха. Но, зашто откако потроши 216 милиони евра Реал продолжува да купува нови ѕвезди? Не ли му стигнуваат тие што ги има досега? Во состојба на криза, впечаток е дека Флорентино Перез можеше да помине многу подобро и со помалку потрошени пари, а многумина неговите потези ги окарактеризираа како пукање со калашњиков по комарци.

Но, Перез многу добро си ја знае работата. Тој веќе го постигна својот прв голем резултат. Иако беше пред само два месеци, никој веќе не зборува за понижувачкиот пораз на Реал Мадрид од Барселона со 2:6 на Сантијаго Бернабе, за триумфите на Гвардиола и за тројната круна до која на убедлив начин стигна лутиот ривал од Каталонија. Браво за Перез, тој повторно ги руши сите рекорди: прво троши стотици милиони евра во период на криза, а потоа ги собира плодовите од народната љубов. Со фудбалери како Кака и Кристијано Роналдо изгледа дека Реал Мадрид отсега нема да игра против друга екипа, туку против самиот себе. Дали овој Реал е подобар од оној на Фиго, Зидан и Роналдо? Подобар од Ајакс на Кројф? Или од Милан на Саки? Или од Барса во времето на "дрим-тимот"? Одговорот ќе го дознаеме многу брзо.

Но, вистинските љубители на фудбалот и фудбалски возбудувања нека не очајуваат. Во овој спорт секогаш во заседа чекаат некои сензационални дебакли, и тоа тогаш кога најмалку се очекува.

Злобниците на Флорентино Перез најдоа дека тој ја повторува истата грешка како при составувањето на првиот "Галактикос". Собира ѕвезди, но не и фудбалери кои ќе ги вршат "црните" работи во играта. Под водство на Флорентино Перез во првиот мандат, Реал навистина се претвори од должник во најбогат клуб во светот, но трофеите изостанаа иако во екипата играа најдобрите светски фудбалери. За шесте години под раководство на Перез, Реал освои само две титули во Примера и една во Лигата на шампионите, па во тој аспект подобар или барем ист како него беше претходникот Лоренцо Санз иако тој не трошеше толку пари на засилувања и ѕвезди во екипата и во тој период поголема шанса добиваа фудбалерите кои израснале во клубот.

Точно е дека од доаѓањето на Флорентино Перез пред еден месец беше ангажиран и еден дефанзивец - Раул Албиол, но и покрај тоа максимата на старо-новиот претседател на најтрофејниот клуб во Европа останува истиот. Многу "галактикоси" - малку работници иако останува факт дека во новата сезона Реал може да претрпи пораз само самиот од себе.

ПОЗНАТА ФОРМАЦИЈАТА ЗА НОВАТА СЕЗОНА

Нема место за Раул!

Едвај еден месец по враќањето на претседателската функција Флорентино Перез комплетно го смени обликот на тимот на Реал Мадрид. "Белите" одново добија кралски статус откако на Бернабе пристигнаа најдобрите светски фудбалери. Над 200 милиони евра се потрошени, а Кристијано Роналдо, Кака, Албиол и сега Карим Бензема го "позлатија" тимот во изградба на Мануел Пелегрини.

Се разбира дека во Реал допрва треба да се расчисти теренот, да се исфрлат добар дел од фудбалерите, но стартниот тим за новата сезона веќе се наѕира. Тука мора да се почитува и мнението на Флорентино Перез, кој се очекува да биде големиот шеф при формирањето на составот за секој нов натпревар.

ФОРМАЦИЈА

4-2-3-1

ГОЛМАН

ИКЕР КАСИЉАС

Сан Икер е можеби единствениот од староседелците кој има сигурно место во стартната постава на Реал Мадрид. Искусниот голман ја ужива довербата и од новите шефови на "белите" и со гаранција ќе остане на голот освен ако нешто драматично не се случи.

ОДБРАНА

СЕРХИО РАМОС

Андалузискиот бек кој игра и во репрезентацијата на Шпанија донеодамна беше единствениот Шпанец ангажиран од Флорентино Перез. Големиот шеф за него плати 30 милиони евра во 2005 година, а долгокосиот дефанзивец се избори за стандардно место во екипата играјќи некогаш како бек, а некогаш како стопер. Знае да постигнува и голови, па десната страна засега е добро покриена.

ПЕПЕ

Скапото засилување од Порто останува најстабилниот дефанзивец во тимот на Реал Мадрид и покрај скандалот што го направи во финишот од претходната сезона. Бразилецот со португалски пасош ќе ги пропушти првите пет кола од новото првенство, но потоа се очекува да ја преземе диригентската палка во одбраната.

РАУЛ АЛБИОЛ

Стабилниот репрезентативец беше силно посакуван од Флорентино Перез и тој дојде на Бернабе без поголеми проблеми, а претседателот за него плати 15 милиони евра. Албиол веќе има сигурно место во шпанскиот национален тим, а се очекува да биде добар партнер на Пепе и да го замени несигурниот Фабио Канаваро, кој беше една од најслабите алки во тимот минатата сезона.

МАРСЕЛО/АРБЕЛОА

Бразилецот Марсело има предност за левата бековска позиција поради одличните игри во последната сезона. Неговиот агресивен стил многу му се допаѓа на Перез, кој бара токму таков пристап од фудбалерите.

Арбелоа се уште не дошол на Бернабе, но тоа е само прашање на време. Неговата оригинална позиција е десен бек, но таму е сигурен Рамос, па Арбелоа во стартниот тим може да игра само на левата страна.

ДЕФАНЗИВНИ ХАЛФОВИ

ЛАСАНА ДИАРА

Малискиот репрезентативец одлично се снајде по доаѓањето во Реал Мадрид од Портсмаут и за многу кратко време си обезбеди место во стартниот тим. Тој се покажа како најуспешна зделка за Реал не само во јануарскиот преоден рок туку и во последните две години. Се очекува тој и во тимот на Пелегрини да биде главниот "разбивач" на противничките акции.

ЧАБИ АЛОНСО

Најпосакуваниот фудбалер од Перез меѓу фудбалерите кои се уште не се ангажирани. Доаѓањето на баскискиот фудбалер ќе ја комплетира идејата на претседателот. Алонсо засега го делат околу 40 милиони евра од трансфер на Бернабе, но се очекува Перез во следните два месеци од летниот преоден рок да се фокусира само на него. Чаби нема да игра како Диара, туку ќе биде задолжен за дистрибуција на топки кон Кака и Роналдо, односно за поврзување на одбраната со офанзивниот дел од средниот ред.

ОФАНЗИВНИ ХАЛФОВИ

КРИСТИЈАНО РОНАЛДО

Најскапиот фудбалер во историјата на фудбалот ќе си застане на својата омилена позиција - десно крило каде ќе има комплетна слобода. Меѓутоа, јасно е дека на неговите плеќи ќе има и голем притисок: да ги оправда големите пари потрошени за него, а во исто време да прави чуда и да им приредува спектакли на навивачите на Реал.

ИГУАИН/РОБЕН

Аргентинецот беше најдобар стрелец на Реал Мадрид претходната сезона и докажа дека може да игра и како напаѓач и како десно крило.

Арјен Робен е меѓу првите на списокот за бркање, но не е јасно дали ќе се најде клуб што за него ќе плати 25-30 милиони евра ако се знае дека има големи проблеми со повреди. И двајцата фудбалери имаат шанса да заиграат и како напаѓачи при промена на шемата.

КАКА

Бразилскиот гениј ќе игра како полушпиц, таму каде што е најсилен. Ако игра со половина од тоа што го прикажуваше во Милан, јасно е дека Реал ќе биде непобедлив за речиси сите екипи во Европа ако се знае дека "росонерите" немаа толкав избор на квалитетни фудбалери како сега "кралскиот клуб". И Роналдо треба да биде организатор, но претежно по страните, додека Кака ќе ја има на располагање цела средина на теренот.

НАПАЃАЧ

КАРИМ БЕНЗЕМА

Се разбира дека играњето во Лион и во Реал Мадрид не е исто, притисокот сега ќе биде далеку поголем врз плеќите на 21-годишниот напаѓач, но тој покажа дека знае да излезе на крај со тоа. Со оглед на тоа што Реал за него плати 35 милиони евра, веројатно тој ќе ја има предноста пред поискусните колеги.

Генералниот директор Хорхе Валдано пред извесно време соопшти дека Раул се почесто ќе биде на клупата, а Хунтелар и Ван Нистелрој речиси сигурно заминуваат од Бернабе летово.
 

VENOM

تعيش حياتك بالطريقة التي
Член од
5 октомври 2008
Мислења
1.664
Поени од реакции
535
ЛАСАНА ДИАРА
Малискиот репрезентативец

ИГУАИН/РОБЕН

Аргентинецот беше најдобар стрелец на Реал Мадрид претходната сезона и докажа дека може да игра и како напаѓач и како десно крило.

Арјен Робен е меѓу првите на списокот за бркање, но не е јасно дали ќе се најде клуб што за него ќе плати 25-30 милиони евра ако се знае дека има големи проблеми со повреди. И двајцата фудбалери имаат шанса да заиграат и како напаѓачи при промена на шемата
Другото ОК,ама од каде испадна дека Лас е Малиски репрезентативец и Робен да може да заигра како напаѓач :toe::nesum:
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
14.506
Поени од реакции
14.146
Другото ОК,ама од каде испадна дека Лас е Малиски репрезентативец и Робен да може да заигра како напаѓач :toe::nesum:
Ги замешале со Мамаду, сигурно. А тоа за Робен, сигурно не мислеле да игра како класичен напаѓач, туку како крилен напаѓач, подобро познато RWF во игрите.. :)
 
Член од
2 јули 2009
Мислења
495
Поени од реакции
83
Следната сезона 'El Classico' ќе биде нерешено се на се
5 - 0 а бернабе и 0 - 5 на Камп ноу:pos2::pos2::pos2::pos2::pos2:
 

moni <3 real

ти никад нема да влезеш.
Член од
27 јуни 2009
Мислења
1.466
Поени од реакции
667
Абе шо е проблемот ако сум стаила видео од савиола? Мене интересен ми е типот а не дека нешо сакам посебно да го исмејувам и за информација на некои таму шо мрчеа знам као играше типот предходно и знам дека грмеше али ај нвм...али очигледно на некои тука им сметам па ако е до толку нема да пишувам веќе(не дека ја нешо се убив од пишување) али ќе може слободно да си правите педер бал!:(:toe:
 
Член од
21 април 2008
Мислења
180
Поени од реакции
35
Следната сезона 'El Classico' ќе биде нерешено се на се
5 - 0 а бернабе и 0 - 5 на Камп ноу:pos2::pos2::pos2::pos2::pos2:
samo sonuvajte si mene me plasi da ne bide pak 2 : 6 na bernabe a inace kako ke se custvuvate koga ke go gledate Puyol kako go podiga peharot od LS na bernabe hahahahahahahahaha Mas Que Un Club FC BARCELONA :vozbud:
 
Г

Грејвдигер

Гостин
samo sonuvajte si mene me plasi da ne bide pak 2 : 6 na bernabe a inace kako ke se custvuvate koga ke go gledate Puyol kako go podiga peharot od LS na bernabe hahahahahahahahaha Mas Que Un Club FC BARCELONA :vozbud:
Ааа надевај се, оваа јубилејната 10та титула во ЛШ ќе си ја прославиме на наш стадион... 100% сум сигурен
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom