Не ми се верува ако го земе Ибра, Барса да зима уште еден скап напаѓач.
Силва е плус кај и да игра, одличен играч. Иако повеќе сакам шанса на Ел пирате да му дадат.
Нема да земе Барса уште еден скап напаѓач туку ќе го задржи Ето.
Силва ви е најдобар како лево крило или LM. Лани и ние бевме заинтересирани ама изгледа сеа сме позагреани за Рибери.
--------Раул/Виља--Игуаин----
Силва--Лас--Диара--Кака
-ХХХ---Албиол-Пепе--Рамос
Пелегрини игра 4-4-2. Со еден креативен среден играч (во виљареал беше Казорла тука Кака) и со еден играч кој што може да делува и како крило (Пирес во Виљареал, Силва кај вас).
После сака два DM од кој едниот е покреативен од другиот. Lass е доволно креативен, Махмаду е еден од најдобрите деструктивци во светот. Во Виљареал играше со Сена и Годин(?).
Може ќе биде подобро без Чаби Алонсо затоа што со Чаби, Силва и Кака ќе направите гужва во средниот ред и нема да функционира како што треба.
Можно е во секој случај да земете и повеќе ѕвезди од ова ама не ја гледам причината освен да се задоволат навивачите и егото на Перез.
Виља место Раул би било добар потег ама се повеќе од тоа може само да му направи проблеми на тимот и да нема време да се уиграат новите играчи што би значело лош почеток. Лош почеток може да ви го уништи целиот проект.