SuicideMessiah
Советник
- Член од
- 7 јули 2008
- Мислења
- 5.574
- Поени од реакции
- 295
Ајдееее нека живее Макошпед со новите газди Мијалкови.Одземена дозволата за работа на Фершпед
--------------------------------------------------------------------------------
Царински долг од над 10.000 евра и прекршоци за кои Фершпед треба да плати глоба поголема од 10.000 евра. Ова се главните аргументи поради кои Царинската управа денеска на најголемата шпедитерска компанија и го одзема одобрението за работа во шпедитерскиот бизнис. Ова значи дека Фершпед во следната година нема да може да застапува во царински постапки - извоз и увоз на стоки за други фирми. Ова е најголем дел од шпедитерскиот бизнис – компанијата ќе може само да врши дејност превоз, логистика и транзит.
Одговорните во царина велат дека одобрението се одзема зашто компанија што има серија прекршоци и неподмирен долг кон државата не ги исполнува условите да се занимава со шпедиција.
Решението што денеска лично го потпиша директорот Каргов е извршно и покрај тоа што компанијата има право на жалба. На Фершпед му е даден рок од 30 дена да ги заврши постапките со започнатите царински декларации, но да не почнува нови. Раководството на компанијата уште не го добило решението, но претпладнево директорите биле кај Каргов – доставиле аргументи, кои велат во царина, не биле доволни да се одлучи поинаку.
Фершпед е една од најмоќните компании во земјава. Освен со шпедиција се занимава со игри на среќа, винарство, брокерство, хотелиерство.
Кој комунизам бе, може гомна да јаде спрема овие.