Фантом организација го преплави Скопје со плакати

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
За жал, има многу луѓе што не се гордеат со фактот што се Македонци и се премногу извештени во спортот на плукање на сè свое Македонско. Плакатов е примарно за нив.
Плакатов одма ќе им смени мислење. А да пробаат со друг начин да им го сменат мислењето? На пример да не бидеме последна држава на Балканов по плати, среќни граѓани(имаше едно испитување и вакво) итн.

Друга е намената :)

Како што приметуваш, некому сметаат овие плакати, зарем би требало?

Вака бар ги имаме на увид.
Не би требало :)
А намената е да видиме на кој му сметаат а? Хахаха
 
Многу ѕверско.
Ги видов пред некој ден на битпазар, глеам почна да се шират и по другите населби.
Сакам еден ваков плакат у соба.:pipi:
 
Ги видов уше првиот ден и вака чисто информативно според законот за јавна чистота има казни за поставување на плакати, освен оние на акцент медиа и лазов груп и слични на нив.

Сепак тоа не значи дека нема миЉон плакати така бесправно поставени, па зошто не би стоеле и овие. Посебно бидејќи сите знаеме од кого се поставени.

Е сеа, за содржината... не е лошо да се гордееме со нашата историја и историски личности ама мене барем ми е глупаво некој да ми го кажува тоа. Исто ко шо е глупо владана ко ќе ми кажит дека работит посветено 24/7 и не спиет само за нас да ни е поубо.

То е.

Не е финтава што луѓето не знаат што се туку во медиумите моментално има кампања за негриајне на се што е Македонско а ова е само некоја си реакција на тоа, пошто знаеме дека има опасност со тек на време луѓето да омекнат во ставовите.
 
А намената е да видиме на кој му сметаат а? Хахаха

Види како ќе се наместат самите сега
tank.gif
 
Види како ќе се наместат самите сега
tank.gif

Сеа као мене ми сметале а? хехех
Не бе златен, нека лепат колку сакаат само пари фира да не одат. И да имаат некоја цел.
 
Не бе тебе хехе :helou:

На медиумите мислев.
Почнаа да прегледуваат профили на фејсбук, на хај5 јбт.. недај Боже некој патриотски мотив, одма вест на денот.

Така и со овие плакативе, жалосно е колку се провидни.
 
Значи А1 има проблем со плакатот?

А зошто А1 има проблем со овој плакат?
затоа што се предавници, одработуваат нечија агенда за кеш и моќ. тие теткиците што ги читаат вестите се жива гревота за бедни 300 евра читаат "сатански стихови", ја трујат јавноста...
 
Ги видов уше првиот ден и вака чисто информативно според законот за јавна чистота има казни за поставување на плакати, освен оние на акцент медиа и лазов груп и слични на нив.

Сепак тоа не значи дека нема миЉон плакати така бесправно поставени, па зошто не би стоеле и овие. Посебно бидејќи сите знаеме од кого се поставени.

Е сеа, за содржината... не е лошо да се гордееме со нашата историја и историски личности ама мене барем ми е глупаво некој да ми го кажува тоа. Исто ко шо е глупо владана ко ќе ми кажит дека работит посветено 24/7 и не спиет само за нас да ни е поубо.

То е.

Дали ти е глупаво Грција да ти кажува дека не си Македонец? И да ја уверува Европа во тоа, па потоа Европа да ти го кажува истото?
 
Плакатов одма ќе им смени мислење. А да пробаат со друг начин да им го сменат мислењето? На пример да не бидеме последна држава на Балканов по плати, среќни граѓани(имаше едно испитување и вакво) итн.

Е многу сакаш сега и ти. Плакатите нека ти бидат доволни. Плус тоа националната свест расте кога е државата во беда или под закана, инаку националните теми се забораваат. Така да ако ни се подобри економската состојба ќе ни падне националната свест и после тешко нас.
 
Не е финтава што луѓето не знаат што се туку во медиумите моментално има кампања за негриајне на се што е Македонско а ова е само некоја си реакција на тоа, пошто знаеме дека има опасност со тек на време луѓето да омекнат во ставовите.
За ова зборвев ја уствари..
И као се планира ова..

Иде чоек по улица кој не е горд шо е Македонец, и го глеа плакатов и е горд после а?

Офф, за да си горд Македонец не ми треба плакат. Или си, или не си.
Што се однесува до пропагандата...
Пак ќе треба да го цитирам Армин...

За вакви прашања тешко влијае пропагандата, каква и да е :helou:
 
Се токмев да одлепам еден за дома да си го залепам, заборавив. Обавезно ќе си земам 1-2 плакати. Содржината е бесценета, и Господ здравје да им даде на тие што ги прават плакативе.

Г
Е сеа, за содржината... не е лошо да се гордееме со нашата историја и историски личности ама мене барем ми е глупаво некој да ми го кажува тоа. Исто ко шо е глупо владана ко ќе ми кажит дека работит посветено 24/7 и не спиет само за нас да ни е поубо.

То е.
Мене пак ми е глупо новинарине да уништуваат се што е со добра причина направено.

Дали не сакаш да ти кажува девојка ти, родителите ти дека те сакаат иако го знаеш тоа?..

Јас сакам секогаш да ме потсетува нешто на тоа кој сум и што сум, не дека ќе заборавам, туку ми годи на душава.
 
За ова зборвев ја уствари..

Што се однесува до пропагандата...
Пак ќе треба да го цитирам Армин...

За вакви прашања тешко влијае пропагандата, каква и да е :helou:

Се согласувам. Кажи им на Грците и на Грчката влада да престанат со пропагандата дека Македонија е Грчка, во тој случај. И ЕУ да нè прими веднаш, бидејќи ги исполнуваме сите услови, а исто така и НАТО.
 
Мене ме интересира само која е причината за лепењето на овие плакати, немам ништо против, сепак не се анти-македонски, убави се, али мора да има и причина.Која е причината??
 
Е многу сакаш сега и ти. Плакатите нека ти бидат доволни. Плус тоа националната свест расте кога е државата во беда или под закана, инаку националните теми се забораваат. Така да ако ни се подобри економската состојба ќе ни падне националната свест и после тешко нас.

Многу сакам а? Ако сакам пристоен живот, тоа е многу? брао

И шо предлагаш? Да стагнира сегашнава „економска состојба“, да ја дигнеме националната свест и тогаш сме на коња? Јеи
 
Е многу сакаш сега и ти. Плакатите нека ти бидат доволни. Плус тоа националната свест расте кога е државата во беда или под закана, инаку националните теми се забораваат. Така да ако ни се подобри економската состојба ќе ни падне националната свест и после тешко нас.
Море дај нека ни се подобри економската состојба...
Верувај ми, на луѓено шо се заебаа од Свидмилк многу им е поважна економската состојба :helou:

Дали ти е глупаво Грција да ти кажува дека не си Македонец? И да ја уверува Европа во тоа, па потоа Европа да ти го кажува истото?
Пак ли да го цитирам Армин? :nesvest:

Поинаку се решава тоа со Грција.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom