jamajka
mode: Calm
- Член од
- 28 април 2007
- Мислења
- 19.577
- Поени од реакции
- 27.422
Можеби си во право за брендот, пошто и КПМ на некој начин во континуитет е продолжение на левица на ВМРО (Влахов, Ченто, Шарло), а самото уфрлање на надворешни структури во Македонските партии (кои реално излегуваат од ВМРО) било и ќе остане рак рана на Македонскиот народ.Е овде се согласувам и со двајцата .Сепак 91 година требаше да се расчисти со квазипатриотизмот и со траде марката дпмне.
Така денес немаше некој да го злоупотреби името на ВМРО како средство за лажни цели.
Тоа што го имаме сега, не е ништо поразлично од тоа што сме го имале во 20тите години, борби меѓу декларативните левица и десница. Велам декларативните, дека нивната идеологија е личната борба за престолот.
Проблемот е во лоцирањето на сомнителните цели, било наметнати, било несвесно форсирани, во двете структури. Денеска, еден политичар на кој му е Македонија над некоја партија и идеологија е маргинализиран. Здравата идеја целосно се исфрла или партиски се филтрира, а со тоа и инфицира.
Во борбата за власт не се препознава вистинската и искрена критика, а исто и не се бираат средства за собирање на ситни политички поени на сметка на Македонија.
Во моментов, СДСМ прави голема штета на државата со тоа што ја саботира позицијата на Македонија на преговорите со грција. Свесно или несвесно, како собиралиште на интернационалистите (како и секоја светска левица), тоа го прави, типичен пример е со подршката на ставовите на Геро (само заради тоа дека ја напаѓа владата). Оваа грешка е очигледна и прашањето се доведува само по себе, дали во СДСМ останале само интернационалисти на кои името и идентитетот не им значи ништо, или останале само куп неспособници кои без да знаат дека нанесуваат штета пробуваат да се реетаблираат повторно. А сето тоа и те како го користат грчките структури, на кои тоа им е работа. Инфилтрација во СДСМ има (наметнување на ставови кои и одговараат на Грција), најмногу преку грчкото антиглобалистичко движење.