Јас морам да прашам (а те цитирам и прашувам тебе, зошто за разлика од добар дел од идиотите на темава - знам дека си способен да дадеш издржан одговор, кој личи на здраворазумно мислење...) - по кое правило се гледа кој е одроден, кој е предавник, кој е татар, кој е неосвестен македонец итн итн...
Зошто сето ова ми беше залепено (заедно со муабетот како моите се продале за да се Бугари, исто и јас после нив) и malheureusement, до една од лепенките ја доживеав како исфрустрирано, не претерано интелигентно, примално плукање... Вака, кога гледам дека се општоприфатени поими, би сакала расветлување.... Очигледно, мојата македонштина и мојот Македонски јазик, како и генералниот световид, ми се разликуваат од општоприфатените (бар овдека...)
Како што можеш да приметиш самата, а како што јас имам прилика веќе неколку години да се занимавам со нивните случаи, се работи за 2-3 Македонци по потекло кои се ставаат во функција на Бугарските негатори на Македонците, се разбира за соодветно стипендирање на нивниот престој во БГ, а тие за тоа време ни глумат “Бугари“ на форумов и не убедуваат дека сме биле и ние Бугари, во некој претходен живот. ( Неможат директно да ни кажат вие сте Бугари, поради правилата на форумов, па велат - пред 1945 немало Македонци ).
До тој степен да избегнуваат и да пишуваат дури на македонски и тераат на бугарски, па од време на време се забораваат и имаме прилика да се увериме за што станува збор - наши македонци, одродени или продаени подобро, кои што доаѓаат да не негираат и да ни ја пропагираат бугарската историска “вистина“.
Татарското потекло на Бугарите(оние правите кои се населиле овде од регионот на Волга) од каде што го наметнуваат името Болгари (Според реката Волга-Волгарија) на христијанското славјанско население кое живеело на територијата на денешна Бугарија.
Иако повеќе немаат допирни точки со вистинските Болг-ари, ние во знак на револт што ни доаѓаат со ефтина пропаганда ги одбиваме нарекувајќи ги според вистинското значење на името кое ни го натураат.
http://www.tatar-history.narod.ru/histori_tatar_main.htm
http://culture.tatar.ru/rus/index/museum/all/bolgar.htm
Предавник нема потреба да објаснувам..или има? Се знае кој би бил предавник, доколку ги предава нашите интереси, нашите вредности и сл.
Неосвестени Македонци се оние кои се дефетистички анационално настроени и подложни на пропаганда.
Според мене нема зашто ти да се поистоветуваш со оние кои доаѓаат на форумов да прават “зулуми“, ниту некој има право да те поистоветува си истите.
Поради некои недоветни коментари, мислам дека не вреди да си земаш при срце.
Она што “натрапнициве“ го создаваат на форумов, се стереотипите кои после се рефлектираат врз мислењето на Македонците за Бугарите, оние кои немаат ништо допирно со шовинистите и стипендистите.