- Член од
- 1 мај 2009
- Мислења
- 204
- Поени од реакции
- 52
Пред некој ден Скопје осамна облепено со плакати кои не повикуваат да бидеме горди на нашата историја, култура и народност. Да сме горди затоа што сме Македонци. Ќе се согласиме дека е корисна иницијатива да се потсетат нашите сограѓани дека гордоста и национализмот ни се потребни во овие времиња кога некои земји и народи против нас спроведуваат земјограбливи походи. Мене ме засега колку тоа Македонците разбираат што значи поимот “единство“ и што ги поттикнува да прават необјасливи потези кои одат наспроти тоа што сакаме сите да го постигнеме како народ.
На ова размислување ме натера нешто што видов на телевизија пред десетина минути. На натпреварот Фершпед-Фени Индустри што се одржа во салата во градски парк, скопските навивачи ги дереа грлата со една одвратна порака до навивачите од Кавадарци. Пораката гласеше: “СКОПЈЕ ДРЖАВА“ и беше громогласно повторувана повеќе од 5 минути.
Ако земе човек да размисли подлабоко, ова не е само обична навивачка провокација туку доказ дека уште постојат луѓе во земјава кои немаат осет за национално единство. Ако скопјаните го сметаат Скопје за држава тогаш што ќе ни е Македонија???
Доколку има луѓе на форумов што се блиски со навивачката група на фершпед работничи...кои ли се? Комити или Лојал Фанс? Сеедно. Нека им се пренесе дека се инфантилни кретени и подобро нека не навиваат затоа што само и штетат на Македонија. Нит развиваат некаква навивачка култура, ни прават нешто корисно. Они само си лечат фрустрации преку дерење на утакмици и прават штета на единството на македонскиот народ.