Па што ако зема 1000 евра? Што се 1000 евра? Пола од тие пари ќе ги фрли на гардероба и мара за настапот, плус некој трошок... И со колку ќе живее, со 300-400 евра? Кои пари ќе ги направи од тоа?
Ох девојче.. Не знам уште колку како тебе треба да се појават за да се повторувам. Гледам дека и кај Тони Зен кењаш за истата приказна.
Џеј-Зи ама во БАШ ниту еден мал контекст не ни пробав да го сврзам или споредам со Слаткар. Тоа е прво смешно, а потоа и патетично.
Песната на Џеј-Зи ти ја дадов (ако ја разбра), како еден начин на кој би ти го објаснила гледиштето за комерцијалата ПРЕКУ него. Потоа само реков дека судејќи го според светските стандарди и неговиот успех, и тој самиот е комерцијала па не му се замара.
Гледам дека не ми ја сфати поентата што ти ја укажав. Гледам дека немаш познавање со Хроник 3, како што ги напиша, ниту пак имаш елементарно познавање КОИ СЕ Токсикологија за да ги осудуваш членовите или дел од музиката. Да, имам право да ги бранам како секој друг кој секојдневно ги слуша и почитува. Вложуваш дел од себе кога се интересираш за нешто, така и јас со нив.
За мене најреално кажано
не постои андерграунд. Постојат тешки и лесни,певливи лирики. Се е комерцијала.
Еднаш многу го разглабав ова и оттогаш верувај ми затнав многу усти кои не ме разбираа. Се убив од барање и конечно го пронајдов мојот пост, специјално за тебе и еве ќе ти кажам вака ..за Слаткар, за Токсикологија, за цела фама околу
комерцијала vs. андерграунд на ниво на македонскава `сцена`. И ова ќе ми биде последно бесцелно препуцавање, затоа што кој сака - разбира. А кој знае да кења-ќе кења. Јас не знам да кењам за вашите метал/рок групи, ниту пак се замарам со таква музика, уште помалку ме занима. Мирна глава, не?
Дечкиве се реткост. Зошто? Затоа што тешко кој умее да навлезе во целата нивна приказна, целта на нивново творење. Ако слушнеш барем 5% од СЕТО она што јас и останатите активни слушатели го имаат преслушано ќе имаш поинакво гледиште, верувај ми. Го слушаш затоа што ТИ сакаш, тебе ти прија. Не ти е наметнато, никој не те тера да го слушаш. Знаеш ли зошто си ти на темава? Боли затоа што Слсткаристика и Токсикологија се прославија? А вашиот омилен метал бенд не, тешко е можеби, ама никој не ви е виновен.
И да. Морав да ти реплицирам за ова. Кацар почнал да се занимава со музика со `Болно`? Што прочитав..
Кацар пред Болно не се ни замараше толку со музика, сеедно му е што и многу го поштувам тој став

Ти очигледно не знаеш кого почитуваш. Затоа јас јадам гомна цело време. Затоа што некој кој НЕ ГО ПОЗНАВА ОВА, НЕ МОЖЕ во НИКОЈ случај да седне и да ми соли памет мене и на сите будали тука што го слушаме ова катадневно.
Зошто не си живееме сите јас со моето - ти со твоето? Створени сме да кењаме, факат.
Каде се `Римуван стих`? Или почетоците `Почни` и ред други Немаме кредит, Да бидеш.., Уста, рука,
пи*ка, гз, Не тропај на мојата врата, Скокај.. Повеќето се соработки на Кацар со некој. Сега затоа си има улога на придружен вокал и тоа му одговара очигледно. И АцеНЛ е придружен вокал, па има направено многу траки и вложува во себе можам да кажам ПОВЕЌЕ од Кацар. Го знам Кацар и лично, знам каков му е стилот и знам како се однесува. Можеби има повеќе талент од сите собрани заедно, но не се труди доволно да го истакне тоа. Знаеш ли колку ТОЈ го цени твојот плукан Слаткаристика ? Поим немаш. По цел ден се заедно, СПИЈАТ буквално во студио. Како може да се толку активно и секој месец да вадат нешто ново.. Замисли, да не паѓаат од небо траките, којзнае. Или сега ќе испадне крадат од некој?
Ова ти е доволно, дури и премногу од мене.. и веќе не се ни трудам да реплицирам. Поздравинавле !