- Член од
- 19 јули 2006
- Мислења
- 3.157
- Поени од реакции
- 129
Делумно ќе се согласам но не потполно а ќе кажам и зошто:Културната и јазичната разноликост во светот е многу важна и треба да се чува и негува, а не да се генерализирааат и уништуваат јазици само за да повеќе народ збори еден ист јазик. Точно е дека повеќе народ полесно ќе се разбира, ама со губењето на таа разноликост само се губи на инвентивност и способноста на гледање на работите од повеќе аспекти, и следствено давање повеќе можни решенија за одредени проблеми. Освен тоа ако веќе станува збор за луѓето во светот полесно да се разбираат, повеќе од јасно е дека на никој човек не му е проблем да научи два јазика уште од мали нозе, мајчиниот и еден кој ќе се користи за побрза комуникација помеѓу сите луѓе во светот.
Службен јазик не уништува дијалекти туку зема неколку и ги конзервира на подолг рок со тоа што им става правила и норми на користење како еден официјален службен јазик. Останатите дијалекти и понатаму се развиваат и тој процес никој не може да го спречи. Проблемот може да настане ако службениот јазик е лошо конструиран па постои опасност делумно да им повлијае на дијалектите и на некој начин да ги расипе ама тоа е веќе сосема друга проблематика.
Се согласувам но за тоа треба пред се да ги обвиниме франкската империја и хабсбуршката монархија кои си наметнале свои унифицирани јазици на користење.А веќе кога спомнуваш на генерализирање на повеќе јазици и ги спомнуваш германскиот во германија, австрија и швајцарија, јас веднаш ќе ти кажам дека сите тие дијалекти кои најверојатно некогаш постоеле и ги правеле да можат да се дефинираат како засебни јазици е уништено преку долгата традиција за образование преку кое сите го имаат учено и го учат стандардизираниот германски јазик.
Ти си во Германија јас сум во Австрија значи и двајцата можеме од прва рака да кажеме искуства за германскиот јазик. Моето искуство и мислење е спротивно од твоето. Австријци со голема мака разбираат Швајцарци на дијалект а ако Швајцарецот им збори стварно на потежок дијалект може и да не го разберат. На ТВ има обавезно превод на службен германски. Некои австријски дијалекти се толку тешки (Тирол и Форалберг) што е едноставно мака да ги разбереш.Следствено денес разликите помешу австриските, германските и швајцарските дијалекти е далеку помало од разликата помеѓу македонскиот и бугарскиот бидејќи помеѓу македонскиот и бугарскиот и српскиот јазик има очигледни граматилчки разлики, додека помеѓу германските дијалекти и австрискиот и швајцарскиот дијалект граматички разлики нема само некогаш различни зборови се користат за исти поими.
И само еден практичен пример до мен живее една бугарка од варна, кој повеќе сака да зборием на германски меѓусебе, бидејќи јас кога и се обраќам на Македонски јазик таа вели дека и е премногу стран и многу тешко го разбира.
Ако споредам македонски со бугарски јас лично не наоѓам такви разлики иако еве тоа е мое субјективно мислење и не мора да сум во право.
Читајќи стари текстови (од пред 100 години) сум дошол до заклучок дека од егејските дијалекти можело многу лесно да се направи еден службен јазик без притоа некој да биде оштетен или нечив дијалект да загине. Не треба да се заборави дека и македонскиот и бугарскиот службен јазик после војната имаат претрпено корекции и се имаат на некој начин оддалечено еден од друг. Јазиците се менуваат некогаш на подобро а некогаш на полошо во зависниост од способноста и знаењето на лингвистите кои го кодираат.
И да завршам за да не бидам погрешно разбран бидејќи сум свесен дека темата може лесно да отиде во несакан правец, во мојот пост немаше политика (иако поимот политика го спомнав) затоа што јас не сугерирам како треба или требало да биде туку само потенцирав од лингвистички аспект што можело да биде без притоа некој да биде оштетен. Впрочем многу јазици се службени затоа што одреден владетел или држава на одредена територија успеала да ја прошири и да ја задржи власта доволно долго.
Пак ќе повторам, мое лично мислење кое не мора да е потполно точно :smir:.