Претседателот на Бока го откри интересот на Милан за Банега
Ѕвездата на Бока, Евер Банега, е цел на италијанскиот гигант Милан, кој веќе испратил официјална понуда.
Играчот од средниот ред беше голема ѕвезда на Светското Првентство за играчи до 20 години во Канада, и голем број екипи пројавија интерес за него.
Претседателот на Бока, Мурицио Мацри, го обелодени интересот на Милан, но исто така напомена дека веднаш ја одбиле понудата.
“Да Милан испрати понуда за Банега (
видео). Понудија Ј8 милиони, но тоа не е доволно ние бараме најмалку двојно повеќе.” – рече тој.
Интерес за Банега покажа и Атлетико Мадрид, чиј спортски директор се наоѓа во Аргентина каде треба да преговара со неколку играчи меѓу кои и Банега.
Милан го обновува интерсесот за Фреј
Милан повторно е во преговори со Фиорентина околу можна преселба на нивниот голман Себастијан Фреј на Сан Сиро.
Минатиот месец по скандалот на Дида на натпреварот со Селтик управата на Милан покажа интерес за голманот на Фиорентина, Себастијан Фреј.
Росоњерите сега повторно се распрашуваат за Францускиот интернационалец и сакаат тој да се пресели во нивните редови, уште во јануари.
Според францускиот весник Il Firenze, за да дојдат до услугите на Фреј, Росоњерите се подготвени да му понудат многу поголема плата од таа која моментално тој ја заработува во екипата на Фиорентина, а изнесува Ј1 милион.
Покрај тоа како дел од трансферот на Фреј, во обратен правец би заминал голманот Џиро Полито.
Спортскиот директор на Фиорентина, Панталео Корвио, не сака да се откаже од услугите на својот голман во текот на сезоната, и е уверен дека Фреј нема да има пад во формата поради интересот на Милан