FTTH (Fiber To The Home) во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Sheldon Cooper
  • Време на започнување Време на започнување
Јас знам дека и неотел моментално поставува оптика :)
 
Ова ти вака со цел памет го кажуваш? Оннет има договор со Телеком за да ја рента мрежата која во моментов е составена од бакарни жици. Која будала ке ти даде да користиш оптика ако тој платил за имплементација и ако планира да ги нуди своите услуги преку неа?:tapp::tapp::tapp:


Секој!

Тие кога поставуваат, предимензионирани се каблите и има мнооооогу простор, баш за да го продаваат после.

Не е ефтино да се мести оптика, така да на сите ќе му одговара и на тој што мести и на тој што рента.
 
А дали некој знае со овој фајбер ту хоум што го поставуваат ќе има нови паќети нешто како нов посебен интернет или со тој кабел стариве паќети ќе ги зголемат и слично. А да и да проширам вести дека веќе во капиштец почнаа да го поставуваат кабелот ни дадоа и известување дека ќе сепоставува по нашите згради.
 
А дали некој знае со овој фајбер ту хоум што го поставуваат ќе има нови паќети нешто како нов посебен интернет или со тој кабел стариве паќети ќе ги зголемат и слично. А да и да проширам вести дека веќе во капиштец почнаа да го поставуваат кабелот ни дадоа и известување дека ќе сепоставува по нашите згради.


Ќе биди посебен интернет , и цените на почеток ќе бидат поскапо :smir:
 
Не само што се поставуваат цревата, почнуваат и со дување на кабел...Ќе го биде наскоро.. :smir:
 
Секој!

Тие кога поставуваат, предимензионирани се каблите и има мнооооогу простор, баш за да го продаваат после.

Не е ефтино да се мести оптика, така да на сите ќе му одговара и на тој што мести и на тој што рента.


Можеби понатака, но на почеток нема шанси да ја рентаат мрежата, затоа што нормално, ке сакаат што повеќе корисници да мигрираат кај нив.
 
Секој!

Тие кога поставуваат, предимензионирани се каблите и има мнооооогу простор, баш за да го продаваат после.

Не е ефтино да се мести оптика, така да на сите ќе му одговара и на тој што мести и на тој што рента.

Ако некој го интересира нешто повеќе, http://en.wikipedia.org/wiki/Dark_fiber
 
Оптика до домот – драматичен преод на корисниците на Македонски телеком во сосема нов

t-home-logo.jpg

„Оптички кабел до дома“ (Fiber to the home) е еден од клучните проекти на Македонски Телеком зацртани во плановите за 2009 година, чија реализација се очекува да донесе многу нови услуги.

“Ќе имаме експлозија од пропусен опсег за корисниците, со што ќе се овозможи развој на нови производи и услуги“, вели главниот директор за техника на компанијата, Торстен Алберс во кусото интервју.

Илустрирајќи само дел од капацитетите на овој проект, Алберс додава дека со оптичкиот кабел до домот ќе се овозможи на пример, преземањето на едно музичко CD (кое денес може да се најде во продажба) да трае околу 2 минути како аудио CD и само 20 секунди како MP3.

Реализацијата на проектот треба да започне годинава со 4-5 области во Скопје и постепено ќе се проширува низ земјата во наредните неколку години.

Можете ли да ни дефинирате што значи Оптика до домот („Fiber to the home“)?

- Ако се гледа прашањето од техничка страна, тоа е поврзување на секој корисник со оптички влакна наместо со сегашната бакарна линија во неговиот стан или куќа, со што му се овозможуваат говорни, интернет и ТВ услуги со пропусен опсег многу поголем од сегашниот. Гледајќи го прашањето од поинаков агол, тоа претставува драматичен преод на корисниците во еден нов свет на можности за кориснички производи и овозможува нов начин на корисничко однесување. На пример, симетричните услуги со голема брзина овозможуваат споделување на податоци, како што се видеа со вашите пријатели и членови на семејството, за многу кратко време.

Кои од нашите услуги ќе се подобрат со спроведувањето на овој проект и како?

- Ќе стекнеме поголеми можности за нашите 3 Max производи, што ќе ни овозможи да обезбедиме уште повисок квалитет на слика и HDTV канали. Освен тоа, ќе можеме да создадеме производи со повеќе од 2 сет топ боксови за да се задоволи потребата на некои од нашите корисници. Сепак, сметам дека најголем ефект ќе се постигне на полето на производите со брз интернет.

Оваа мрежа, исто така ќе и овозможи на Македонија деловен развој во иднина, доколку компаниите започнат да ги користат можностите за соработка во рамките на новата мрежа со голема брзина. FTTH може да овозможи и работни модели како Далечинско работно место (Remote workplace). Брзината ќе дозволува на оние што „работат од дома“ да го имаат истото чувство како да се поврзани на локалните мрежи на компаниите.​
 
да им текне како бугарите да се поврзат сите во локална мрежа и да не го сметаат тој внатрешен сообраќај и сите ке бидат среќни
 
Џабе му е MAX ов реално е тапа со канали, а башка е скап скоро 450 денари со се ДДВ ми иди на сметка испод 2500 денари месечно не сум комплет со интернетот и телефонот, така да тешко дека ќе го прошират и 100 мбпс да пуштат.

Да ми заврши договорот си се префрлам пак на Call&Surf.
 
Да бе лудило интерент со фер користење односно 100 гига :pos2:
 
Зелено светло за старт на проектот „Оптички кабел до дома“

04.12.2008
Одборот на директори на Македонски Телеком АД-Скопје на состанокот одржан на 01.12.2008 година го усвои годишниот Бизнис план на компанијата за 2009 година. Бизнис планот за 2009 година овозможува инвестиции за развој на мрежата, воведување на нови телекомуникациски решенија и услуги за корисниците.

Во тој контекст, на состанокот Одборот на директори на Македонски Телеком АД-Скопје го одобри и почетокот на спроведувањето на проектот „Оптички кабел до дома“ или Fiber to the home, кој е еден од клучните проекти на компанијата во 2009 година.

Со проектот „Оптички кабел до дома“ се овозможува изградба на врвна телекомуникациска мрежа која нуди големи предности, како што се ултра брз интернет пристап до 100 Mbps, поголем проток на информации итн.
Проектот ќе стартува во урбаните области почнувајќи со Скопје, Тетово, Битола, Куманово и Охрид, а подоцна постепено ќе се имплементира и во останатите градови. Инвестицијата е вредна неколку милиони евра.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom