ГРКО-ПОА е името под кое бара регистрација

  • Креатор на темата Креатор на темата Bratot
  • Време на започнување Време на започнување

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Веб-сајт
www.macedonianspark.com
ВРАНИШКОВСКИ ГИ ОТВОРА КАРТИТЕ

ГРКО-ПРАВОСЛАВНА ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА
Ова е името на Црквата со кое Јован Вранишковски бара регистрација на неговата верска организација, дознава Вечер.

Барањето до надлежниот, Основен суд 2 во Скопје, било доставено деновиве, откако претходно Судот одби, Вранишковски да го впише во единствениот регистар на верски органзиации под името Ставропигијален манастир, "Св. Јован Златоуст".
Префиксот ГРКО пред ПОА Вранишковски го избрал со цел да направи дистинкција меѓу името на Македонска православна црква, неопходен услов што новиот закон за верски заедници го бара, за да може да се регистрира нова верска заедница.

Добри познавачи на црковните прилики за Вечер, велат дека, тоа што Вранишковски на својата верска организација го додава овој термин, всушност значи доближување и поистоветување со блокот грчки цркви, кои во своите називи го имаат токму префиксот ГРКО, од една страна, но од друга страна и директно посочување дека Охридската архиепископија всушност има грчки корени.

Овој чекор на Вранишковски, велат истите извори, е логичен, бидејќи изминативе неколку години, неговата ПОА се финансираше токму од грчките и од српските црковни фондови. Во моментов најбитно за Вранишковски е да добие правен статус во Македонија, а името на Црквата за него е небитно.

Случајно или не, минатата недела Соборот на Српската црква, во чиј состав е ПОА, констатираше дека сосотојбата на Јовановата ПОА во Македонија се подобрила и затоа за СПЦ сега се отворале можности за продолжување на разговорите со МПЦ. Дали констатацијата за подобрените услови, всушност е резултат на можноста набргу Вранишковски да добие правен статус, токму под ова име, ќе покаже судската одлука?

Во МПЦ засега официјално не го коментираат ниту најновото барање на Вранишковски за регистрација, иако неофицијално велат дека таквото име всушност ги разоткрива сите политички намери на Вранишковски, ниту пак го коментираат повикот на СПЦ за обновување на разговорите.

Синодот на МПЦ, како што дознава Вечер на правата седница ќе го рзгледува ова прашање, но засега меѓу македонските владици се уште владее песимизам дека разговорите со СПЦ можат да бидат обновени.
- Најбитно е да се констатира дали кај СПЦ постои искрена желба за разговори, велат високи црковни извори.

Од друга страна, пак, и кај СПЦ се уште владеат одредени нејаснотии. И тамошниот Синод ќе треба да дефинира неколку појдовни точки пред разговорите. Како и во кој обем, формално или неформално, со или без Вранишковски ќе се одвиваат идните разговори меѓу двете цркви?- се само дел од прашањата, на кои во моментов одговор немаат ниту архејереите на СПЦ.

Вечер
 
Несакајќи, се почесто дознавам за присталици на изродот Јован. Се собирале по цркви во блиска околина на Скопје и имале се повеќе присталици.

Ова е вистинската трагедијата што ни се дешава, та како сакал да ја вика, ме заболе...:toe:
 
Со вакви негирања ниту една држава на светов не си има проблеми. Ние сме специмент во интер планетарни рамки. Не верувам дека воопшто во космосот ако некаде постојат држави и цивилизација има вакви негирања на една земја и еден народ од сите негови соседи.
 
во 19 век имаше еден владика мелетија фанариот грк....е тој ``многу убо`` си минуваше низ југозападна Македонија.....еве шанси за втор таков
 
Несакајќи, се почесто дознавам за присталици на изродот Јован. Се собирале по цркви во блиска околина на Скопје и имале се повеќе присталици.

Ова е вистинската трагедијата што ни се дешава, та како сакал да ја вика, ме заболе...:toe:

Јас па сакајќи го дознавам обратното.

Пробај на друга врата да протнуваш вакви пропаганди.

И последен пат опоменувам во врска со вакви “натурања“.
 
во 19 век имаше еден владика мелетија фанариот грк....е тој ``многу убо`` си минуваше низ југозападна Македонија.....еве шанси за втор таков

Така е и овај ептен убо ќе си помини да го начекаме на улица во Битола :vozbud:

Леле срамот најголем на Битола е овај. :kesa:
 
Јас па сакајќи го дознавам обратното.

Пробај на друга врата да протнуваш вакви пропаганди.

И последен пат опоменувам во врска со вакви “натурања“.

Не се опуштај со вакви коментари. Зборувам за луѓе што ги познавам и што никогаш не сум претпоставила какви хонорарни дејанија имаат.

Ако велам дека Јован е изрод (и притоа не користам наводници), истото укажува дека тоа и го мислам. Инсинуации, заклучоци и слични манифестации на локално мозочно ниво. :smir:
 
Регистрирање на правен субјект неможе да биде спречен.
Меѓутоа ако се повлечат прави потези може да се одигра умно. Тој може да си отвори своја црква, меѓутоа користењетео на имињата:

Македонска Православна Црква
Охридска Архиепископија

Или било која комбинација која би покажувале сличност или забуна кај постоечките верници, треба да биде оневозможена.

Чисто јасно, педантно и мудро.. Постои нешто што во светот е познато како БРЕНД.. и тие се веќе постојни, историски, и функционираат.

Зоран може да си отвори црква како Зоранова, Грчко- Зоранова, или Зоранско -Грчка црква.. Тука треба да се одигра чисто интелегентно и административно.. (фината со зајко, и носењето на капа во диско)

ДА НЕ СЕ ДОЗВОЛИ ИСТАТА ГРЕШКА ШТО ДПМНЕ ја употреби на времето.. (Се качи на емоциите на овој напатен народ со употреба на историските букви на ВМРО..)
 
Да не знае некој, дали губрето Јован Вранишковски се чуствува, определува како македонец или...?
 
Види, јас нема да ти објаснувам повеќе. Точно знам што зборам.

Шемите ви се одамна провалени.

----------------------

Под името „Гркоправославна охридска архиепископија“ расколникот Јован Вранишковски се обидува да ја регистрира неговата црква во Македонија. Како што јавија медиумите, тој веќе поднел барање за регистрација до Основниот суд Скопје 2.

http://www.novamakedonija.com.mk/De...=2&fCat=1&top=1&EditionID=404&ArticleID=25509
 
Да не знае некој, дали губрето Јован Вранишковски се чуствува, определува како македонец или...?
Дали мислиш дека ако се чувствува како македонец би го правел сево ова?
 
Регистрирање на правен субјект неможе да биде спречен.
Меѓутоа ако се повлечат прави потези може да се одигра умно. Тој може да си отвори своја црква, меѓутоа користењетео на имињата:

Македонска Православна Црква
Охридска Архиепископија

Или било која комбинација која би покажувале сличност или забуна кај постоечките верници, треба да биде оневозможена.

Чисто јасно, педантно и мудро.. Постои нешто што во светот е познато како БРЕНД.. и тие се веќе постојни, историски, и функционираат.

Зоран може да си отвори црква како Зоранова, Грчко- Зоранова, или Зоранско -Грчка црква.. Тука треба да се одигра чисто интелегентно и административно.. (фината со зајко, и носењето на капа во диско)

ДА НЕ СЕ ДОЗВОЛИ ИСТАТА ГРЕШКА ШТО ДПМНЕ ја употреби на времето.. (Се качи на емоциите на овој напатен народ со употреба на историските букви на ВМРО..)

нека стават и кмерите вмро-сдсм ))))))))))
 
Дали мислиш дека ако се чувствува како македонец би го правел сево ова?

Па баш затоа ме интересира за гнасата. Ако е македонец (а ваљда се чуствува така), уште полошо. Онака, чисто ме интересира :)
 
Види, јас нема да ти објаснувам повеќе. Точно знам што зборам.

Шемите ви се одамна провалени.

----------------------

Под името „Гркоправославна охридска архиепископија“ расколникот Јован Вранишковски се обидува да ја регистрира неговата црква во Македонија. Како што јавија медиумите, тој веќе поднел барање за регистрација до Основниот суд Скопје 2.

http://www.novamakedonija.com.mk/De...=2&fCat=1&top=1&EditionID=404&ArticleID=25509

Јас не те разбирам човеку! Ако јас сум од другата страна и го мразам Јован треба да ми имплицира дека си негов следбеник со коментариве?

Ако не може некој да си го каже ставот без инсинуации и длабоко-конспиративни толкувања, форумов е комплет за во канта.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom