Bratot
Стоик и Машкртник!
ВРАНИШКОВСКИ ГИ ОТВОРА КАРТИТЕ
ГРКО-ПРАВОСЛАВНА ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА
Ова е името на Црквата со кое Јован Вранишковски бара регистрација на неговата верска организација, дознава Вечер.
Барањето до надлежниот, Основен суд 2 во Скопје, било доставено деновиве, откако претходно Судот одби, Вранишковски да го впише во единствениот регистар на верски органзиации под името Ставропигијален манастир, "Св. Јован Златоуст".
Префиксот ГРКО пред ПОА Вранишковски го избрал со цел да направи дистинкција меѓу името на Македонска православна црква, неопходен услов што новиот закон за верски заедници го бара, за да може да се регистрира нова верска заедница.
Добри познавачи на црковните прилики за Вечер, велат дека, тоа што Вранишковски на својата верска организација го додава овој термин, всушност значи доближување и поистоветување со блокот грчки цркви, кои во своите називи го имаат токму префиксот ГРКО, од една страна, но од друга страна и директно посочување дека Охридската архиепископија всушност има грчки корени.
Овој чекор на Вранишковски, велат истите извори, е логичен, бидејќи изминативе неколку години, неговата ПОА се финансираше токму од грчките и од српските црковни фондови. Во моментов најбитно за Вранишковски е да добие правен статус во Македонија, а името на Црквата за него е небитно.
Случајно или не, минатата недела Соборот на Српската црква, во чиј состав е ПОА, констатираше дека сосотојбата на Јовановата ПОА во Македонија се подобрила и затоа за СПЦ сега се отворале можности за продолжување на разговорите со МПЦ. Дали констатацијата за подобрените услови, всушност е резултат на можноста набргу Вранишковски да добие правен статус, токму под ова име, ќе покаже судската одлука?
Во МПЦ засега официјално не го коментираат ниту најновото барање на Вранишковски за регистрација, иако неофицијално велат дека таквото име всушност ги разоткрива сите политички намери на Вранишковски, ниту пак го коментираат повикот на СПЦ за обновување на разговорите.
Синодот на МПЦ, како што дознава Вечер на правата седница ќе го рзгледува ова прашање, но засега меѓу македонските владици се уште владее песимизам дека разговорите со СПЦ можат да бидат обновени.
- Најбитно е да се констатира дали кај СПЦ постои искрена желба за разговори, велат високи црковни извори.
Од друга страна, пак, и кај СПЦ се уште владеат одредени нејаснотии. И тамошниот Синод ќе треба да дефинира неколку појдовни точки пред разговорите. Како и во кој обем, формално или неформално, со или без Вранишковски ќе се одвиваат идните разговори меѓу двете цркви?- се само дел од прашањата, на кои во моментов одговор немаат ниту архејереите на СПЦ.
Вечер