Фан Клуб: Милан

  • Креатор на темата Креатор на темата zocipro
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Абе Амброзини за разлика од Броки е каде каде подобар ама не треба да игра секој натпревар мора малце место на Гуркуф и Емерсон , а Кака гледа неможе да се пробие катанаѓото и мораше да се обиде од далечина ... мора да се преземе некоја мерка и во одбраната мн. место им оставаат на противничките играчи да шутираат...
 
Треба да ја надминеме оваа криза на домашен терен, во тоа е проблемот. Со истите играчи на гостински терен Милан победува.
 
Мислам дека веќе е време да се смени нешто во Милан... Гуркуф што не го играат од почеток е вистинска штета, а и Роналдо треба да се опорави и да се врати во тимот. Неможе цел тим да се потпира на играта на Кака и Зидорф. Требаат промени, нови играчи за да бидне нешто од тимот. Како што тргнало Анчелоти ке биде прв на листата за промени...
 
еве добра вест за Роналдо

Напаѓачот на Милан, Роналдо конечно закрепна од повредата и е подготвен повторно да се врати во составот
"Проблемите со повредата се минато. Три месеци поминаа откако не сум стапнал на терен. Ова беше навистина тежок период за мене и навистина сум среќен што сето тоа помина. Сега сум концентриран на тренинзите и што побргу да бидам во стартната постава. Практично сезоната за мене започнува сега, малку е доцна, но среќен сум што ќе можам да му помогнам на тимот", изјави Роналдо.

ај нека се врати побрзо па да видимо како ќе функционира со Џила во нападот ...

322AAFBEDA5A3A4A83BEBC0359C2CD8C.jpg
 
Да се надеваме дека пред да почне да игра Роналдо, Милан ќе се врати на старите патеки, а Ел Феномено само нека го докаже она што го знае.
 
Би сакал да играм во Милан
Дефанзивецот на Реал Мадрид, Фабио Канаваро сензационално изјави дека би сакал пред крајот на својата кариера да се врати во Италија и да го облече дресот на Милан. Капитенот на италијанската репрезентација што минатата година во Германија стана светски првак не успеа комплетно да се снајде во Шпанија иако во овие 15 месеци одигра околу 40 натпревари за тимот на Реал. Неколкупати во овој период излегоа шпекулации дека би можел да направи кам-бек во Италија, но тие никогаш не се остварија.
"Карло Анчелоти е одличен тренер, еден од најдобрите во светот. Покрај тоа, мислам дека би биле одличен одбранбен тандем со Алесандро Неста, а би бил воодушевен кога би можел да игра во ист тим со Кака за кого сметам дека оваа година ќе ја освои Златната топка", изјави Канаваро.

Дека постојат реални шанси тој да дојде на Сан Сиро зборува и неговата возраст имајќи предвид дека во моментов е 34-годишниот, отприлика колку просечната старост на тимот на Милан.
 
angeloti ne bi zadovolen od igrata i od realizacijata na Gilardino pa da ne
planiraat da mu gi pakuvat kuferite!!
 
леле ова со Канаваро ме изнервира ... ако толку сака да игра со старци во тимот Анчелоти нека го врати и Костакурта од пензија па нека играат Костакурта,Малдини,Канаваро и еве Фавали нека биде сите се дедовци...
 
нормално дека не е задоволен од реализацијата а за куферите тешко...
 
леле ова со Канаваро ме изнервира ... ако толку сака да игра со старци во тимот Анчелоти нека го врати и Костакурта од пензија па нека играат Костакурта,Малдини,Канаваро и еве Фавали нека биде сите се дедовци...

Од ова со Канаваро не верувам дека ќе биде нешто, а и да биде така ќе може да седи до дедо Емерсон. Нека се топлат.:toe:
 
754 - е бројот на годините на играчите во Милан , рачунав на памет може и сум промашил некого ама за 2 сезони со гарант ќе стигнеме до 1.000 ...

рекордери сме бе :pos:

п.с. Канаваро поубаво нека се врати во Јуве не ни треба ...
(подобро ќе си го земеме Компани отколку него)
 
Dedo Kanavaro........:tapp: . Neka si ostani vo Real ili neka odi kaj saka ama ne vo Milan.
 
абе може да се трампамо со Реал ние ќе им ги дадеме Фавали и Кафу они Канаваро ...
даваш 1 добиваш 2-ца :pos:
 
754 - е бројот на годините на играчите во Милан , рачунав на памет може и сум промашил некого ама за 2 сезони со гарант ќе стигнеме до 1.000 ...

рекордери сме бе :pos:

п.с. Канаваро поубаво нека се врати во Јуве не ни треба ...
(подобро ќе си го земеме Компани отколку него)

Види вака сега. Оваа сезона се гледа дека шансите за Серија А ни се мали, со тоа што може и да не се избориме за пласман во ЛШ. Во таков случај ќе играме Куп Уефа, единствената титула што ни недостасува во плакарот. Ова со годините, може и ќе влезе во Гинис. Значи нас не интересираат само нови предизвици:).
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom