- Член од
- 7 октомври 2008
- Мислења
- 6.055
- Поени од реакции
- 6.443
Откажана посетата на Сејдиу на Македонија
По целодневното тактизирање, Фатмир Сејдиу вечерва одлучи да не допатува во посета на Македонија.
Официјално образложение поради кое косовскиот Претседател решил да ја откаже средбата со Иванов е затоа што Македонија одлучила да го смени официјалниот карактер на посетата.
Сејдиу додава дека Косово и понатаму е заинтересирано за почитување на билатералните односи со Македонија.
На ова, од Кабинетот на Иванов за А2 велат дека жалат поради откажаната посета, и дека Македонија останува посветена на зајакнувањето на меѓусоседските односи со Косово.
Жидас Даскаловски
На прашање дали и зошто е сменет карактерот на протокол за најавената посета на Сејдиу од официјален во работен, од Кабинетот на Иванов тврдат дека ништо не менувале, а протоколот бил така третиран поради се уште невоспоставени дипломатски односи.
Според домашните аналитичари, ваквата политика на официјална Приштина до некаде е разбирлива, особено поради тактизирањето на македонското раководство во однос на воспоставувањето на дипломатски односи со северниот сосед.
„Кога веќе сме го потегнале првиот чекор, треба нормално да ги воспоставиме тие дипломатски односи час поскоро, бидејќи Косово е пазар во којшто ние сме моментално втора или трета земја по извозот и ние треба да го освојуваме тој пазар, а без дипломатски односи тоа е малку покомплицирано. Дава некој сигнал дека се уште има некоја скепса, и на бизнисмените и на граѓаните, а тоа не треба да го правиме“, изјави Жидас Даскаловски, Центар за креирање политики.
„И во случајов дури, иако состанокот е работен, значи на таков состанок воопшто нема потреба од специјални церемонии, тие инсистираат. Значи точно заради тоа што нивниот статус е се уште нејасен, и сакаат да го потврдат во регионот. Тие сега инсистираат да има такви церемонии, дури и го условуваат“, додаде Даскаловски.
Башким Бакиу
„Не е битно каква е посетата, битен е чинот. Значи конечно Македонија одлучи да стреми кон своите интереси. Наш интерес е да воспоставиме дипломатски односи со Косово. Не треба ние да изигруваме дека ќе ја лутиме Србија, и треба да го игнорираме Косово, туку напротив, приоритет треба да ни биде во овој момент Косово, бидејќи не воспоставувањето на дипломатски односи, и таквата политика којашто досега се водеше кон Косово, може да репродуцира и нестабилност“, вели Башким Бакиу, аналитичар.
Откако свесно или не, Македонија не го покани косовскиот Претседател на инаугурацијата на претседателот Иванов, сега постои опасност дополнително да се заладат односи меѓу двете соседни земји.
Заложбите на тазе избраниот македонски шеф на државата беа интензивирање и продлабочување на соработката со соседите.
Сега со двата пропусти кон најмладиот македонски сосед, се поставува прашањето дали таа политика ќе успее и во пракса.
A1