Просечната плата во март 19.746 денари

Vnuce

http://abix.mk
Член од
20 март 2006
Мислења
2.602
Поени од реакции
223
Све експерти, маме му ... сите знаат подобро од државата колку е просечна плата, како сите живеат, дали/како/зашто се местат бројките... бре бре бре...
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.887
Поени од реакции
12.421
Разговараат американец германец и македонец, кој како ја троши платата и дали му е доволна.

-Американецот вели: Ја зиам 3000 долари плата, 500 кредит за колата, 500 за куќата, уште илјада за живеачка и сметки, и уште илјада долари каде ми одат, поим немам.

- Германецот вели: Ја зимам 2500 евра плата. 500 евра плаќам кирија, 200 евра давам за превоз, 300 за алиментација, илјада евра за храна и струја и вода, и другите каде ми одат, ако знам да ме убиеш.

-Македонецот вика: Ја зимам 200 евра плата. Шест илјади денари за кирија, пет илјади за комуналии, седум илјади за основни намирници, пет илјади ми одат на ручеци по ресторани, уште пет за швалерката, три илјади да им купам по нешто на децата, четири илјади еден викенд до Охрид во месецот, две илјади за кафиња преку ден, илјада и петсто за телефон, и другите пари каде ми одат... стварно не знам :toe:
Ха, сакав да го споменам ова кога ја пишав таа реченица ама ја си велам доста е, али добро што се сети. Баш како што си е :)
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Во Скопје може да е просек 15 000,но во сите останати градови не надминува над 12 000 па ако сака и на трепки нека застанат.
 

Vnuce

http://abix.mk
Член од
20 март 2006
Мислења
2.602
Поени од реакции
223
А, на што се темели ова тврдење?

Не знам по кој метод се пресметувало, како се решени пиковите и сл... али не видов јас некој да даде издржана анализа, или било што слично, што ќе потврди дека бројката од 19 746 денари е нереална. Само чаршиски муабети од типот “Абе, Перо зима 9000, а Станка во Тинекс зима 6000, не може да биде просекот 20 000“. :toe:
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.887
Поени од реакции
12.421
Доволно е да отвориш сајтот и сам да заклучиш.
Еве
Потрошувачка кошница, значи основни артикли
Сиромаштија во Република Македонија
Ако гледаш колку е потребно само за јадење (првиот линк) ќе забележиш дека за декември кошницата е 12.500. А просек плата била 17.000. Значи ако е стварно мучка со бројкава и ако просек е ај да кажеме 10.000, како само за основна прехрана (во декември кога цените беа пониски) се троши 12.000, а каде е вода, струја, телефон, па и интернетов сигурно не е бесплатен, облека како и погорните трошоци за нормален живот (бензин, автомобил, мобилен, друга техника, исхрана во ресторани, ..ај да не се дуплирам).
Најверојатно вицот што Викторгг го кажа е кај нас реалност. Магионичари.

Вториот линк е навистина сиромаштијата, е процент кој сето ова погоре му е мисловна именка, ако анкетираните во тоа истражување кажале искрено, оти и при анкетирање може комотно да се лаже.
Има примери на многу сиромашни, кои не можат ни леб да купат, па купуваат од вчера, завчера поефтино, а има примери каде се троши на се и сешто и тоа поприлични суми. Зелка и месо, просекот е сарма, но ако се осврнеш наоколу (зависи во кој дел од Скопје или во кој град од Македонија) ќе добиеш друга слика.

Колку сме посиромашни, толку повеќе сме ориентирани кон трошење и купување на некои артикли или водење одреден живот кој во не така далечното минато пред 20-25 години немало да ни текне ни да ги споменеме, не па да ги купиме или искористиме како услуга.

Но и да е помала просечната плата (ај сега на жими мајка, од ракав-но еве како претпоставка дека владата мести бројки) значи тие средства за недвижнини со огромна цена па и продукти кои се доста луксузни и солени сигурно не се од небо. Значи дополнителен приход од дејност, продажба, наемнина...
 

Vnuce

http://abix.mk
Член од
20 март 2006
Мислења
2.602
Поени од реакции
223
Ако гледаш колку е потребно само за јадење (првиот линк) ќе забележиш дека за декември кошницата е 12.500. А просек плата била 17.000. Значи ако е стварно мучка со бројкава и ако просек е ај да кажеме 10.000, како само за основна прехрана (во декември кога цените беа пониски) се троши 12.000, а каде е вода, струја, телефон, па и интернетов сигурно не е бесплатен, облека како и погорните трошоци за нормален живот (бензин, автомобил, мобилен, друга техника, исхрана во ресторани, ..ај да не се дуплирам).
Значи... само фактите извадени:
Официјално, потрошувачка кочница е 12 500. Ок
Официјално, просечна плата е 17 000. Значи, доволно за потрошувачка кошница и сметки.
Според тебе, просечна плата е 10 000. Значи, сите изумревме од глад.

Ми делува дека си ја утнал математиката :smir:
 
B

Borg_Drone

Гостин
Во Скопје може да е просек 15 000,но во сите останати градови не надминува над 12 000 па ако сака и на трепки нека застанат.

Грешка :).Додуша во Скопје да, можеш на некои места да добиеш толку голема плата, ама во 90% од фирмиве што се тука (без разлика дали е тоа фирма за градежништво, фирма за трговија и.т.н.) тешко.Да не зборам па што ги пријавуваат на пола работно време, што не се здравствено осигурани, што примаат пари во плико, на рака а не на трансакциска сметка и.т.н.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
А, на што се темели ова тврдење?

Не знам по кој метод се пресметувало, како се решени пиковите и сл... али не видов јас некој да даде издржана анализа, или било што слично, што ќе потврди дека бројката од 19 746 денари е нереална. Само чаршиски муабети од типот “Абе, Перо зима 9000, а Станка во Тинекс зима 6000, не може да биде просекот 20 000“. :toe:
За жал нема друга институција која прави статистички истражувања за овие податоци.Сите институции во државава ги користат податоците на државен завод за статистика кој најчесто е во улога на власта.Кога беше владејачкава партија во опозиција плукаше на институцијава и бројкиве,сега истото го прави и моменталната опозиција.
Барајќи одговор на твоево прашање,морав да ја пребарам методологијата по која се пресметува овој податок.За методологијата пишува:
Izvor na podatoci
Podatocite za prose~nata isplatena mese~na neto-plata se od redovnoto mese~no statisti~ko istra`uvawe Trud.1 so koe se opfateni 70% od vrabotenite vo sekoj oddel od Nacionalnata klasifikacija na dejnostite.
So istra`uvaweto se opfateni site vraboteni koi zasnovale raboten odnos (na opredeleno ili na neopredeleno vreme) so delovnite subjekti od site oblici na sopstvenost i organite na dr`avnata vlast, organite na lokalnata samouprava, politi~kite partii, op{testvenite organizacii i zdru`enija vo Republika Makedonija.
Vo istra`uvaweto ne se opfa}aat: licata koi samostojno vr{at dejnost-profesija i licata koi rabotat kaj niv i individualnite zemjodelci.
Opfat i sporedlivost
So istra`uvaweto za prose~nata isplatena mese~na neto-plata po vraboten se opfateni isplatenite mese~ni neto-plati na vrabotenite koi imaat zasnovano raboten odnos.
Koga vrabotenite za eden ili pove}e meseci ne primaat plata, vo toj slu~aj se isklu~uva podatokot za brojot na vraboteni pri presmetuvaweto na prosekot za toj mesec.

Прости за фонтот.
http://www.stat.gov.mk/pdf/2009/4.1.9.35.pdf

Ова покачување како што стои се должи на зголемената просечна плата во здраство,каде настана конфликт помеѓу министерот и фондот токму како резултат на различната пресметка на платите,кои заеднички ќе ги пресметууват овој пат.


Потоа разликата помеѓу региони е огромна,а тоа значи и платите имаат огромна разлика:
[FONT=Tahoma, Verdana, Arial][FONT=Tahoma,][FONT=Tahoma,] Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, најголемо учество во бруто-домашниот производ на Република Македонија во 2006 година има Скопскиот регион со 47.4%, додека, пак, најмало учество има Североисточниот регион со 4.4%.

[/FONT]
[/FONT]
[/FONT]Малку каснат затоа е и овој податок,но грубо тоа останува и до ден денес.

Кога на ова ќе ги додадам резултати со економски параметри за првиот квартал годинава:

http://www.nbrm.gov.mk/default-MK.asp?ItemID=B145A2C71D7AA5458C462D192C5CA9AB

Во првите месеци од годината, двојно е зголемен дефицитот во тековната сметка, во услови кога нето-приливите во капитално-финансиската сметка се пониски за околу 40%, што доведе всушност до високиот обем на интервенции од девизните резерви. Со состојба на 22.05.2009 година, бруто девизните резерви изнесуваат 1.184,7 милиони евра и во однос на крајот на 2008 година тие се намалени за 310,2 милиони евра. Притоа, најголем придонес за продлабочување на дефицитот на тековната сметка има продлабочувањето на јазот меѓу извозот и увозот на годишна основа, согласно со поголемиот пад на извозот од 34,5% наспроти падот на увозот од 16,7% во првото тримесечје. Намалувањето на надворешната побарувачка, чие закрепнување нема да се случи на краток рок, особено ги погоди нашите најзначајни извозни гранки (годишно намалување на нето-извозот на железото и челикот за 74,7% и на облеката и текстилот за 12,7%). Од друга страна, пак структурната анализа на увозот покажува годишен пораст на увозот на стоки за широка потрошувачка во првиот квартал за 1,9%, со што ја надминува проекција на НБРМ за 15,6%. Во првиот квартал, увозот на возила на годишна основа е понизок за 18,8%, но сепак и оваа категорија ја надминува проекцијата на НБРМ (за 9,9%). Ова покажува дека и покрај постепеното забавување на кредитниот раст, сепак, увозот на потрошните добра бавно се прилагодува на нивото на расположливоста на девизните средства во домашната економија.
2)На продлабочувањето на дефицитот на тековната сметка влијаат и пониските нето-приливи од менувачкото работење (како доминантна компонента на приватните трансфери), коишто на кумулативна основа, заклучно со април, бележат пад од 29,3%. Иако во април овие приливи остварија годишен пораст, сепак нивната натамошна динамика е тешко предвидлива во услови на глобална криза од вакви размери.
















Кога се ќе соберам излегува дека некој лаже,а кој пресуди си сам:smir:


едит:

Бидејќи нема нови податоци ќе се користам со некои вакви од 2008 Ноември:

[FONT=Tahoma, Verdana, Arial][FONT=Tahoma,][FONT=Tahoma,]


[/FONT]
[/FONT]
[/FONT][FONT=Tahoma, Verdana, Arial][FONT=Tahoma,][FONT=Tahoma,] Просечната нето-плата по работник за ноември 2008 година изнесуваше 16 859 денари. Со вкупните трошоци за исхрана и пијалаци од 12 238 денари, за задоволување на останатите потреби остануваат 4 621 денари, односно 27.4%.

[/FONT]
[/FONT]
[/FONT]Сметките за струја,вода и парно,само во мојот стан 3000 денари.Од 4 621 кога ќе одземам 3000 нема да имам за цигари.Замисли и дете да имаш на факултет:)Немора факултет доволно е тинејџер.


Потоа податоци од сиромаштијата и 33,5% невработеност:):
[FONT=Tahoma, Verdana, Arial][FONT=Tahoma,][FONT=Tahoma,] Стапката на сиромаштија кај невработените е 39.1%, односно 45.9% од сите сиромашни се невработени лица.[/FONT][/FONT][/FONT]
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.887
Поени од реакции
12.421
Значи... само фактите извадени:
Официјално, потрошувачка кочница е 12 500. Ок
Официјално, просечна плата е 17 000. Значи, доволно за потрошувачка кошница и сметки.
Според тебе, просечна плата е 10 000. Значи, сите изумревме од глад.

Ми делува дека си ја утнал математиката :smir:
Не е моја таа математика. Бараше податоци, ете ги. Тие се за декември (кошница и плата). А тоа 10.000 се од претходните страни некои размислувања од други членови -реков ај да кажеме 10.000. И не е доволно 17.000 ако треба да јадеш за минимум 12.000, за сметки дефинитивно не. Само за струја, вода и случни основни задолжителни месечни давачки е над 6-7000, зависи на што се грееш, кај живееш, колку е за комуналии...
 

Vnuce

http://abix.mk
Член од
20 март 2006
Мислења
2.602
Поени од реакции
223
За жал нема друга институција која прави статистички истражувања за овие податоци.
За жал... Во секој случај.. ова, веќе, не е чаршиски муабет за Перо и Стојанка. :smir:

Не е моја таа математика. Бараше податоци, ете ги. Тие се за декември (кошница и плата).
Епа, според официјалните податоци за кошница и плата, може да се преживее. Тие, фамозните, 10 000 кои што ги вметна (ти или било кој друг на претходните страни) не се совпаѓаат со математиката.
Не ти ја сфаќам насоката на муабетот. Тврдиш дека и тие 17 000 се премалку за да може да се преживее еден месец, а во исто време тврдиш дека просечната плата не е 17 000, туку (паушал) 10 000. Значи, повторно, сам се наметнува заклучокот дека сите изумревме од глад.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.887
Поени од реакции
12.421
За жал... Во секој случај.. ова, веќе, не е чаршиски муабет за Перо и Стојанка. :smir:



Епа, според официјалните податоци за кошница и плата, може да се преживее. Тие, фамозните, 10 000 кои што ги вметна (ти или било кој друг на претходните страни) не се совпаѓаат со математиката.
Не ти ја сфаќам насоката на муабетот. Тврдиш дека и тие 17 000 се премалку за да може да се преживее еден месец, а во исто време тврдиш дека просечната плата не е 17 000, туку (паушал) 10 000. Значи, повторно, сам се наметнува заклучокот дека сите изумревме од глад.
По вторпат, не тврдам јас, не реков инаде дека 19 и нешто не е нормална бројка, тоа го тврдат некои членови на темава. Па ако добро прочита реков
ако е стварно мучка со бројкава и ако просек е ај да кажеме 10.000
како што некој сака да прикаже дека е просекот многу мал.
А за парите секако според податоците (од декември 17 со 12) се малку. Зарем не ти требаат гаќи, пантолони, облека, дополнителни средства за хигиена, здравствени трошоци?

Според тебе се малку или многу? ти како гледаш на просекот од 19.000, како местенка на податок или статистички вообичаен показател? Еве напрај анализа да се види дали се или не се доволни и дали според тебе е реален статистичкиот податок.
 

Vnuce

http://abix.mk
Член од
20 март 2006
Мислења
2.602
Поени од реакции
223
По вторпат, не тврдам јас,
Сеа, не ме терај да враќам назат.. во споредбата 17к со 12к од декември, *ти* напиша “да речеме дека е 10 000“... Не напишав јас, ебаго! ММЕ кој прв почнал, али ако не памтиш што си зборел, врати се малце назад, потсети се.. тоа е убавината на форумот.

Според тебе се малку или многу? ти како гледаш на просекот од 19.000, како местенка на податок или статистички вообичаен показател?
Ако збориме за дали се доволни 19 000 месечно, според мене не се. Знам дека мене не ме расправаат тие пари месечно, не се ниту блиску.
А, што се тиче тоа дали се реален податок или не, како просечна плата во МК... Немам ни од далеку доволно информации за да можам да тврдам било што. Со тој муабет и се уклучив на темата, пошто врие од “експертски“ мислења за тоа колку е просечната плата во Мк.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.887
Поени од реакции
12.421
Сеа, не ме терај да враќам назат.. во споредбата 17к со 12к од декември, *ти* напиша “да речеме дека е 10 000“... Не напишав јас, ебаго! ММЕ кој прв почнал, али ако не памтиш што си зборел, врати се малце назад, потсети се.. тоа е убавината на форумот.
Паметам многу добро, но ако сфаќаш хипотетика, претпоставки...нема везе, вака убедувајќи се меѓусебно замина цела страна.

А за податокот дали е точен...Славјански пиша на страна 4 дека му се верува на еден податок ако покаже пад, а не му се верува на друг ако покаже пораст. Значи ова се однесува точно за односот кон службени податоци. Доколку ни одговара во моментот тој податок, точен е, доколку не, не е точен.
 
Член од
8 август 2008
Мислења
1.309
Поени од реакции
151
Ај ти извади просек во малите градови:
-Во колонијал најголема 7 000 деанри
-Во конфекција најголема 8 000,при тоа најголем процент земаат 5 000
-И најголемото достигнување во приватна фирма 10 000 ејј,ако ти дадат 15 000 тоа веќе во богаташ те сметаат (раководно место)

Кој е просекот?
не ми беше целта да бранам некој и некоја политика,само реално глеам инаку Кавадарци е мал град:smir:
 

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
645
Ова со просециве од секогаш ме нервирало и ми изгледало нереално. Едноставно мразам просеци, бидејќи се нереални. Зошто? Едноставно е.
Административец зема 15-18 000 ден. директор зема 100 000 ден. а текстилен работник 5000 ден.
Или народски кажано во однос на терминот "просек"-
Јас јадам месо, ти јадеш само грав, а во просек и двајцата јадеме и месо и грав.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom