Просечната плата во март 19.746 денари

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Некако ми е смешен начинот на кој сакате со сила на народот да му ги натегнете розевите очила.
Кај мене во приватна фирма, тој што ни утовара роба, обичен амал да го кажам зема 15000 денари, заедно со домаќинката на објектот, што чисти и одржува.
После него се 18000 и нагоре.
Платите ги качивме лани летоска и тоа се должеше на подобрената деловна клима во изминатите 2 години.

Сега не разбирам, нешто што е розево е розево, црно е црно, ниту е се црно ниту е се розево.

Не ми одговори податокот не е точен ?

Или ајде.

No comment.
 
Гоч

33 1/3 rpm
Член од
17 мај 2009
Мислења
1.417
Поени од реакции
47
Се е ОК за тие 19.000 денари, само друг е проблемот кај нас - невработеност од 30 и кусур посто. Да имаме како нормална држава 10-15 посто невработеност тогаш и тоа ќе се примети.
Вака, nice, but no cigar...
 
statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617

тачноо...никој не го негира тоа, ама генерално платата како плата си е повеќе од скромна...
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.581
Кај мене во приватна фирма, тој што ни утовара роба, обичен амал да го кажам зема 15000 денари, заедно со домаќинката на објектот, што чисти и одржува.
После него се 18000 и нагоре.
Платите ги качивме лани летоска и тоа се должеше на подобрената деловна клима во изминатите 2 години.

Сега не разбирам, нешто што е розево е розево, црно е црно, ниту е се црно ниту е се розево.

Не ми одговори податокот не е точен ?

Или ајде.

No comment.
Ретки се таквите фирми.
Мајка ми работи во Fornetti и зима 7 000+превоз 1500+пријавена е+ храна од местото каде што работи.
Израчунај грубо колку е се вкупно.
 
M

marsovka

Гостин
Немојте бе со овакви хипотетички работи на статистички податок.

За да живее подобро му треба минимални примања од 1000 евра, 2 х 500.
За да стигнеш од 200 до 500 евра, односно да ги удвоиш примањата потребно е и економијата да ја удвоиш.
Тоа не се прави за 2,3 или 5 години.
Тоа е процес подолготраен.

Битно е да после замрзнати плати во изминативе 20 години, работите да се придвижат напред.
А тоа е за поздрзавување.
:pos:
стварно работите се придвижуваат?
Не заебвај
според што ?
според Државнот заводот за статистика?Кој работи за власта а не е независна институција?
Оди прашај го мисирков на колку начини може да се обработат едни исти податоци....и колку различни релзултати ќе добиеш
 
Гоч

33 1/3 rpm
Член од
17 мај 2009
Мислења
1.417
Поени од реакции
47
И ја знам луѓе кои работат за 6.000 денари (без пријава) во текстилни фирми, но и менаџери кои земаат над 2.000 ЕУР плата.... Затоа се вика просек...

Државен завод за статистика е под директна супервизија на меѓународни организации.
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Pobarav na Ask.Com ama ne mi dade odgovor

Baram nekoj Solomon da mi pomogne da go resime prasanjevo:

Kako da prezivee edno semejstvo vo Makedonija so 19.746 denari?

Ако се двајцата вработени тогаш сметката е чиста мислам...
Ако не тогаш горе доле секое семејсто има некој дедо , баба , вујко , вујна во Америка , кои ќе ушприцат по некое евро...
Како и да е во Македонија има многу малку фамилии кои немат за јадење...
Условите не научиле да бидеме скромни и така да преживееме...
Инаку каква е ситуацијата во Македонија најдобро говорат полните кафичи , убаво облечената младина, распродадените туристички аранжмани...Мислам дека ситуацијата во Македонија не е толку црна како што некој сака да ја представи...
 
statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
Ако се двајцата вработени тогаш сметката е чиста мислам...
Ако не тогаш горе доле секое семејсто има некој дедо , баба , вујко , вујна во Америка , кои ќе ушприцат по некое евро...
Како и да е во Македонија има многу малку фамилии кои немат за јадење...
Условите не научиле да бидеме скромни и така да преживееме...
Инаку каква е ситуацијата во Македонија најдобро говорат полните кафичи , убаво облечената младина, распродадените туристички аранжмани...Мислам дека ситуацијата во Македонија не е толку црна како што некој сака да ја представи...
ама забораваш што кажа Гоч...Ситуацијата во Македонија не е толку црна, за оние кои имаат редовна плата, макар и минимална, а камоли просечна...
 
Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
:pos:
стварно работите се придвижуваат?
Не заебвај
според што ?
според Државнот заводот за статистика?Кој работи за власта а не е независна институција?
Оди прашај го мисирков на колку начини може да се обработат едни исти податоци....и колку различни релзултати ќе добиеш
ОК.
Работниците ми умираат, плата не земаат.
Кој работи 16 саати за 6000 денари, кој со скршена рака утовара за 4000.
Не се пријавени, немаат здравствено ништо.
Кога ќе се разболат на бајачи одат.

ОК е ?
 
M

marsovka

Гостин
И ја знам луѓе кои работат за 6.000 денари (без пријава) во текстилни фирми, но и менаџери кои земаат над 2.000 ЕУР плата.... Затоа се вика просек...

Државен завод за статистика е под директна супервизија на меѓународни организации.
Дали ти ме слушаш?
Податоците можат да се обработат на повќе начини за на крај да се добие резултат каков што они сакаат
Тоа се вика манипулација со податоците а не изменување
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Prosek e 8.500 den. a vlasta moze da kaze deka e 100.000.
Ovie statistiki gi vagjaat od anusot verojatno.
Blaze si onie koj si veruvaat.
 
Филозофка

Amelie Poulain
Член од
21 јануари 2009
Мислења
1.680
Поени од реакции
525
Просечната плата во Америка е 2500 евра = 152 700 денари и покрај рецесијата!!! версус 311 евра = 19 000 денари кај нас (тоа е 8 пати повеќе) Пазете ова е за струките како административен консултант така нешто а не за програмер или некој далеку подобро платени професии а

прехрамбените продукти се иста цена ако не и нешто поефтинки ова проверено верувајте.:uvo: а друга прикаска е кој ги зима овие пари кај нас бонус е ако најдеш воопште така платена работа:nesvest:
 
Гоч

33 1/3 rpm
Член од
17 мај 2009
Мислења
1.417
Поени од реакции
47
Ако се двајцата вработени тогаш сметката е чиста мислам...
Ако не тогаш горе доле секое семејсто има некој дедо , баба , вујко , вујна во Америка , кои ќе ушприцат по некое евро...
Како и да е во Македонија има многу малку фамилии кои немат за јадење...
Условите не научиле да бидеме скромни и така да преживееме...
Инаку каква е ситуацијата во Македонија најдобро говорат полните кафичи , убаво облечената младина, распродадените туристички аранжмани...Мислам дека ситуацијата во Македонија не е толку црна како што некој сака да ја представи...
Епа полните кафичи, полните бутици, мерцедесите и другите коли се една страна на МКД. Од друга страна имаш луѓе кои преживуваат со 6.000 денари плата и кои немаат кој да им прати од страна.

Дали ти ме слушаш?
Податоците можат да се обработат на повќе начини за на крај да се добие резултат каков што они сакаат
Тоа се вика манипулација со податоците а не изменување
Ај објасни како ќе ги обработиш резултатите за просечна плата за да излезе поголема отколку што навистина е? Кажав некој 6.000, некој 60.000.... Ова е просечна плата, а не минимална.
 
M

marsovka

Гостин
Епа полните кафичи, полните бутици, мерцедесите и другите коли се една страна на МКД. Од друга страна имаш луѓе кои преживуваат со 6.000 денари плата и кои немаат кој да им прати од страна.

Ај објасни како ќе ги обработиш резултатите за просечна плата за да излезе поголема отколку што навистина е? Кажав некој 6.000, некој 60.000.... Ова е просечна плата, а не минимална.
Побарај медодологии мемрзи да барам
плус прашај го модераторот мисирков он работи со статистика ин итн
Има дури и книги за тоа
 
Kajgana Shop

На врв Bottom