VOLK2234
еврофоб и хомоскептик
- Член од
- 16 септември 2008
- Мислења
- 5.517
- Поени од реакции
- 4.387

Просечната месечна нето-плата по вработен во Македонија во март годинава била 19.746 денари. Во март исто така, 3,4 отсто од вработените во Македонија не примиле плата, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Инаку, просечната нето-плата по вработен во март 2009, во однос на март 2008, е поголема за 27,2 отсто.
Ваквото зголемување, според ДЗС, се должи пред се на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: здравство и социјална работа (47.6%), снадбување со електрична енергија, гас и вода (42.7%) и јавна управа и одбрана, задолжителна социјална заштита (36.2%).
Најголем пораст на просечната плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележан во секторите: снадбување со електрична енергија, гас и вода (4.7%), градежништво (4.6%) и преработувачка индустрија (3.7%)
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во март 2009 изнесува 29.602 денари.
Автор на веста: Нетпрес
Објавена на 27.05.2009 13:43:01
http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=56512&kategorija=2
http://www.stat.gov.mk/