Кујната на Иванов --> 160.000 евра

  • Креатор на темата Креатор на темата firewall
  • Време на започнување Време на започнување
Прибидејќи нејќум да бидам ко тебе и да те навредам ќе се цитирам.

И да, би те замолил кога ме цитираш да одговараш со текст и речник кој одговара на твојата возраст.
Фала, пријатно.
ako ja povikuvas vozrasta zasluzuvas vospita ))))))
 
Кога твојата кујна ќе ја купиш од мои пари ќе рикам,а не да пишам само:smir:

Тие 100 илјади евра се и од мој џеб, мајката ми се расплака од плаќање даноци. Ама ај сега вака јас имам друго прашање: колку парио чини досегашната кујна на Претседателот и на Премиерот? Колку пари се потрошени на опремување на кујните во Парламент и Влада? Знаеш што е полошо? Што немаме информации за порано за да споредиме :toe: Не се овие 100 илјади евра проблем овие ги кажале проблем се оние кои се скриени! А тоа нема ниту една Влада да ти каже колку потрошила за лични работи.
 
А прскалките за трева од четириес иљадарки кај се? Џе су паре бре?!?!!! :sakas_ust
 
Едиторијал
Малку усул
0A5A70ECDC158045935E59E3541A9DDD.jpg

Новата претседателска резиденција, вилата „Водно“, е рај на земјата. Место каде што не допира никаква криза, па нека е и светска. Замислете, си седите во кожената гарнитура, си пиете вино од скапите цирконски чаши, ручате од ХАЦЦП-кујна и си ги одморате очите од зеленилото во градината наводнувано од прскалки што чинат 40.000 евра. И додека економијата ни виси, вам друштво ви прави висечки рузмарин. Додека невработеноста ни достига рекордни височини, баш обратно од ситуацијата во Јапонија, на пример, вие си уживате покрај бонсаи паркчето и јапонските црвени јавори... Идеално опкружување за да се одржува контакт со реалноста. Само некоја друга реалност, не македонската.

За изградбата на вилата се потрошени над пет милиони евра, плус за опремување уште најмалку 600.000 евра буџетски пари. Точно е дека се работи за претседател на држава и дека вилата треба да биде претставителна, па дури и да биде луксузно опремена. Велат, вилата се опремува еднаш и тоа ќе трае. Точно, но исто така е точно дека во време на криза треба да се има барем малку усул. Ако луксузен ресторан за триста гости има ХАЦЦП-кујна од 30.000 евра, нема ниту една причина таа во резиденцијата да биде пет пати поскапа! Станува збор за тоа колку плаќа Владата, односно граѓаните преку даноците, за луксузот на претседателот. На сегашниот, на идниот, на тој по него... Не е важно. Важно е дали постои одговорност кога се трошат туѓи пари или не постои. А тоа граѓаните можат сами да си го заклучат кога ќе слушнат колкави суми се потрошени за градината, за мебелот, за кујната...

Набавките за претседателската вила ги вршела Службата за општи и заеднички работи на Владата преку јавен оглас. Таа служба постои откога постои власта во Македонија. Кога ќе се прочита внимателно, самото име на оваа служба е сковано така што ќе може да се користи за речиси секоја потреба. Општа служба за заедничките работи. А досегашните искуства покажуваат оти најточното име веројатно треба да биде Општа служба за јавно перење заеднички пари. Затоа, во случајот со претседателската палата, вината најмалку треба да се бара кај претседателот Ѓорге Иванов. Сигурно дека тој самиот не сурфал по интернет и нарачувал ваква или таква прскалка за дворот. За сето тоа постои процедура што ја контролира владината служба, која секогаш со парите имала добра дружба. Тоа што може да го направи Иванов е како прв станар на луксузната вила јавно да повика на повеќе скромност и прибраност на владините институции што се расфрлаат со народните пари.
Горан Ризаов
 
овој горан ризаов му е нешто на емил ризаов?

аха син му бил на ерола ц ц ц соросоид ))))))))))))))))))
 
Кујната на Иванов не е во негова сопственост туку во државна сопственост.
Но проблемот е тоа што тајмингот со неговата инаугурација се поклопи со отварањето на резиденцијата.
 
овој горан ризаов му е нешто на емил ризаов?

аха син му бил на ерола ц ц ц соросоид ))))))))))))))))))

koj saka neka e...

секоја влада добива неверојатен нагон на секој четрири години да троши милиони во набавка на мебел...од премногу работа најверојатно се лижат тоа фотељите и бироата..па еве сега и баснословните кујни....

крлежи и црнци..на тоа се сведе државата...
 
Крлежите ги знам... Кој се црнци?:smir:
 
Eh znaeme i nie kako se zivee na visoka noga, ama so nasi pari koj gi nemame.
 
Крлежите ги знам... Кој се црнци?:smir:

црнци се сите што не се удомени во државната администрација , сите кој не се здоени со партиското млеко..сите кој црнчат за парче леб и еден куп даноци казни и рекети за партиските перални кујни фотељи и авиони....

ссве остало е црно и мачно..за тие кујни или рејбан цвикери на фрчко, крајслери на доста и тенкови на бучко, сите ринтаат, црнчат за на крајот да им ги земат и тие малце пари по основа измислен закон, неправилно паркирањ без паркинг или рекет у име избори...

ти ебам и едни и други без ден пот мака и работа
 
Јас по описот сум апла во црнците ама многу сум плавуша...

Е, тоа ти е лоша комбинација...
 
А замислете бараме пари како голи кучиња,за да му дадеме на стопанството за да може да не рани како држава,а на некој баш сега му текна дека треба да уредува резиденција,да лие коњи и магариња.
Да бевме некој богаташи,на овие 5 метри земја сите ќе дадевме по некој денар од златни чешми да пијат вода,бидејќи ни дале убав живот.Ама на овие,хммм.
 
Демек ако тие 160.00 евра не ги дале за кујна, ќе се спасевме од кризава ?! Кујната останува таму не мрда нигде ... :salut:
Прашање за стручњаците по економија
За колку луѓе може да се обезбеди кров над глава со тие 160.000 евра и како нечија кујна вреди колку што просечен работник заработува за 90 години. Ако не е некоја пара зошто од џеб не си ја платил тој?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom