Кујната на Иванов --> 160.000 евра

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Абе ајде,оти е претеризам сите гледаме,ама по некој од нас се толку мутави па се фатија веднаш за скапите “сукала“.Па 160 000 евра за кујна е чиста навреда на целиот Македонски род,само оној бескомпромисниот окулу сопственото име.:toe:
 
Член од
30 април 2009
Мислења
795
Поени од реакции
91
Се работи за голема набавка на полици, фрижидери, работни маси, шпорети, клима-комори и комори за пареа и други работи. Се' е инокс-техника - вели Васе Доневски, директор на Службата за општи и заеднички работи на Владата. Иако на тендерот имало поевтини понуди, владината служба ја избрала најскапата понуда зашто имала повеќе сертификати за квалитет, без разлика што главен услов на огласот била цената. За цената се добивале 70 поени, а за квалитетот 15 поени
 
Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
265
Рајската градина не' чини пеколно
Вкупно околу 600.000 евра буџетски пари чинат тревата, дрвцата, цвеќенцата и другите дреболии потребни за одржување на градината, за инокс-кујната, како и за работната дабова маса, кожените бордо гарнитури за седење и маси со витражно стакло во црвено-жолт дезен

Прскалките за наводнување на тревата чинат колку еднособен стан или автомобил од луксузна класа - 40.000 евра
Рајска градина. Така може да се опише амбиентот во кој ќе живее и ќе работи новиот претседател на државата Ѓорге Иванов. Италијанска трева, јапонски црвени јавори, бонсаи-паркчиња, зелени оази, камелии и висечки рузмарин во зелена и во сина боја.

Ова е само дел од над 7.000 квадратни метри распосланата градина низ која претседателот ќе може да воздивнува по напорниот државнички ден. Рајски е амбиентот, но затоа сумите платени за него се пеколни. Парите потрошени за опремување на градината во дворот, како и на ентериерот на резиденцијата на претседателот достигнуваат речиси небесни височини. Вкупно околу 600.000 евра буџетски пари чинат тревата, дрвцата, цвеќенцата и останатите дреболии потребни за одржување на градината, за инокс-кујната по „ХАЦЦП“ - за која веќе пишуваше „Дневник“, како и за работната дабова маса, кожените бордо гарнитури за седење и маси со витражно стакло во црвено-жолт дезен.

Најинтересна е веројатно цената на една од „дреболиите“ за одржување на дворот - за прскалките за автоматско наводнување на тревата се платени пари колку за еднособен стан или автомобил од луксузна класа - 40.000 евра. Италијанската трева, како и дрвцата и цвеќињата чинат 90.000 евра. За луксузниот мебел на претседателот, граѓаните ќе платат нешто помалку од 300.000 евра. Како што веќе информиравме, инокс-кујната чини 160.000 евра. Ова се само дел од набавките. Недостигаат сумите за проектите за внатрешното уредување и за осмислување на градината, бидејќи директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата вчера не беше достапен за изјава.

За жал, на читателите не можеме да им го илустрираме со фотографија претседателскиот амбиент бидејќи не добивме дозвола за влез и за снимање во резиденцијата. Сите набавки биле темпирани да завршат до инаугурацијата на претседателот на 12 мај, но задоцнила тревата, која треба да стаса до почетокот на идниот месец. Затоа, за свечениот чин трева била „позајмена“, како и други растенија за декорација на дворот.

- Дворот од 7.000 квадратни метри ќе биде уреден по највисоки стандарди, според однапред подготвен проект на друга фирма. Станува збор за садници увезени од Италија со сите сертификати за квалитет. Ќе има неколку зелени оази, ќе има камелии, јапонски црвени јавори. Тревата е висококвалитетна. Скалите ќе бидат уредени со висечки рузмарин во зелена и во сина боја, кој ќе виси од корита, каде ќе има и црвен јапонски јавор. Лево од бонсаи-градината ќе има прекрасен простор уреден со убави и ретки џуџести видови. Тоа ќе биде еден од ретко убаво уредените дворови и сите што ќе го посетат ќе се воодушеват - вели Мите Филков, сопственик на „Хорти експерт“, фирмата што го добила тендерот за хортикултурно уредување на дворот вреден 90.000 евра. Ентериерот е исто така исклучително луксузен.

- Се' е изработено од масивно дабово дрво, а гарнитурите се од висококвалитетна италијанска кожа. Нема да има резби и тежок мебел. Направивме спој меѓу класичниот и модерниот мебел. Деведесет отсто е од масивно дабово дрво, со топли нијанси на темноцрвена боја и кафена нишка. Има витражно стакло на масите во црвена и жолта боја, што ја симболизираат земјава - вели Јорданчо Велков, директор на „Дизајн фантазија“, компанијата што го обезбеди мебелот за вилата. Мебелот е изработен според однапред подготвен проект, кој исто така не се знае кој го добил и колку чини. Само дел од техниката ќе биде преземена од кабинетот на поранешниот претседател Бранко Црвенковски, во кој се вселува спикерот Трајко Вељановски.

- Преземени се дел од компјутерите, ТВ, принтерите, дивиди-плеерите и слично. Ќе се набават нови диктафони, телефони, фотоапарати. Во тек е вмрежувањето на компјутерите - велат во кабинетот на Иванов.

Дневник

Море имаТ да се знајт... Претседател е или што е... и тоа на Македонија, местото од каде започнала човековата цивилизација, земјата на Македоноидите, претците на Адам и Ева... алооооооооооооооооооу... малку се трошоциве, шо ви е вас... :helou:
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.035
Абе ајде,оти е претеризам сите гледаме,ама по некој од нас се толку мутави па се фатија веднаш за скапите “сукала“.Па 160 000 евра за кујна е чиста навреда на целиот Македонски род,само оној бескомпромисниот окулу сопственото име.:toe:
Гледаш дека човекот е со вкус и бескомпромисен по прашање на став!:toe:

Се работи за голема набавка на полици, фрижидери, работни маси, шпорети, клима-комори и комори за пареа и други работи. Се' е инокс-техника - вели Васе Доневски, директор на Службата за општи и заеднички работи на Владата. Иако на тендерот имало поевтини понуди, владината служба ја избрала најскапата понуда зашто имала повеќе сертификати за квалитет, без разлика што главен услов на огласот била цената. За цената се добивале 70 поени, а за квалитетот 15 поени
Ееее, сертификатите се зае***а работа...

Рајската градина не' чини пеколно
Вкупно околу 600.000 евра буџетски пари чинат тревата, дрвцата, цвеќенцата и другите дреболии потребни за одржување на градината, за инокс-кујната, како и за работната дабова маса, кожените бордо гарнитури за седење и маси со витражно стакло во црвено-жолт дезен

Прскалките за наводнување на тревата чинат колку еднособен стан или автомобил од луксузна класа - 40.000 евра
Рајска градина. Така може да се опише амбиентот во кој ќе живее и ќе работи новиот претседател на државата Ѓорге Иванов. Италијанска трева, јапонски црвени јавори, бонсаи-паркчиња, зелени оази, камелии и висечки рузмарин во зелена и во сина боја.

Ова е само дел од над 7.000 квадратни метри распосланата градина низ која претседателот ќе може да воздивнува по напорниот државнички ден. Рајски е амбиентот, но затоа сумите платени за него се пеколни. Парите потрошени за опремување на градината во дворот, како и на ентериерот на резиденцијата на претседателот достигнуваат речиси небесни височини. Вкупно околу 600.000 евра буџетски пари чинат тревата, дрвцата, цвеќенцата и останатите дреболии потребни за одржување на градината, за инокс-кујната по „ХАЦЦП“ - за која веќе пишуваше „Дневник“, како и за работната дабова маса, кожените бордо гарнитури за седење и маси со витражно стакло во црвено-жолт дезен.

Најинтересна е веројатно цената на една од „дреболиите“ за одржување на дворот - за прскалките за автоматско наводнување на тревата се платени пари колку за еднособен стан или автомобил од луксузна класа - 40.000 евра. Италијанската трева, како и дрвцата и цвеќињата чинат 90.000 евра. За луксузниот мебел на претседателот, граѓаните ќе платат нешто помалку од 300.000 евра. Како што веќе информиравме, инокс-кујната чини 160.000 евра. Ова се само дел од набавките. Недостигаат сумите за проектите за внатрешното уредување и за осмислување на градината, бидејќи директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата вчера не беше достапен за изјава.

За жал, на читателите не можеме да им го илустрираме со фотографија претседателскиот амбиент бидејќи не добивме дозвола за влез и за снимање во резиденцијата. Сите набавки биле темпирани да завршат до инаугурацијата на претседателот на 12 мај, но задоцнила тревата, која треба да стаса до почетокот на идниот месец. Затоа, за свечениот чин трева била „позајмена“, како и други растенија за декорација на дворот.

- Дворот од 7.000 квадратни метри ќе биде уреден по највисоки стандарди, според однапред подготвен проект на друга фирма. Станува збор за садници увезени од Италија со сите сертификати за квалитет. Ќе има неколку зелени оази, ќе има камелии, јапонски црвени јавори. Тревата е висококвалитетна. Скалите ќе бидат уредени со висечки рузмарин во зелена и во сина боја, кој ќе виси од корита, каде ќе има и црвен јапонски јавор. Лево од бонсаи-градината ќе има прекрасен простор уреден со убави и ретки џуџести видови. Тоа ќе биде еден од ретко убаво уредените дворови и сите што ќе го посетат ќе се воодушеват - вели Мите Филков, сопственик на „Хорти експерт“, фирмата што го добила тендерот за хортикултурно уредување на дворот вреден 90.000 евра. Ентериерот е исто така исклучително луксузен.

- Се' е изработено од масивно дабово дрво, а гарнитурите се од висококвалитетна италијанска кожа. Нема да има резби и тежок мебел. Направивме спој меѓу класичниот и модерниот мебел. Деведесет отсто е од масивно дабово дрво, со топли нијанси на темноцрвена боја и кафена нишка. Има витражно стакло на масите во црвена и жолта боја, што ја симболизираат земјава - вели Јорданчо Велков, директор на „Дизајн фантазија“, компанијата што го обезбеди мебелот за вилата. Мебелот е изработен според однапред подготвен проект, кој исто така не се знае кој го добил и колку чини. Само дел од техниката ќе биде преземена од кабинетот на поранешниот претседател Бранко Црвенковски, во кој се вселува спикерот Трајко Вељановски.

- Преземени се дел од компјутерите, ТВ, принтерите, дивиди-плеерите и слично. Ќе се набават нови диктафони, телефони, фотоапарати. Во тек е вмрежувањето на компјутерите - велат во кабинетот на Иванов.

Дневник

Море имаТ да се знајт... Претседател е или што е... и тоа на Македонија, местото од каде започнала човековата цивилизација, земјата на Македоноидите, претците на Адам и Ева... алооооооооооооооооооу... малку се трошоциве, шо ви е вас... :helou:

Уште не сме ја завршиле кујната, ти тука нешто прскалки, градината...

Па добро бре, Јован, не се стасува?!?!?
 
Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
Важно! Од сигурни извори разбрав дека га*от на претседателот ќе му го брише опозицијата, која како знак за домаќинско работење ќе се вклучи во намалување на трошоците од буџетот предвидени за набавка на тоалет хартија.
 
Член од
29 декември 2008
Мислења
1.505
Поени од реакции
43
Станува збор за набавка на стотина најсовремени апарати од нерѓосувачки челик, односно инокс. Тие се наменети за главната и за помошната кујна во резиденцијата, во која се подготвува храната за претседателот, неговото семејство и за „високите“ гости.
Како што објавува денешен „Дневник“, Владата купи „ХАЦЦП-кујна“ вредна 160.000 евра за новата претседателска вила на Водно во која е сместен претседателот Ѓорге Иванов.
Станува збор за набавка на стотина најсовремени апарати од нерѓосувачки челик, односно инокс. Тие се наменети за главната и за помошната кујна во резиденцијата, во која се подготвува храната за претседателот, неговото семејство и за „високите“ гости.
Според Законот за безбедноста на храната, македонските компании што се во допир со пазарот на храна требаше до 1 јануари да го воведат овој стандард, кој предвидува исклучување на сите точки со кои храната се загадува.
Казните за невоведување на системот за безбедност на храната, Владата ги одложи до крајот на годинава. Тендерот за апаратите во кујната на претседателот Иванов го доби фирмата ЛТХ, која обезбедила опрема според највисоките стандарди, односно инокс-техника за двете кујни во вилата на Водно.
„Се работи за голема набавка на полици, фрижидери, работни маси, шпорети, клима-комори и комори за пареа и други работи. Се' е инокс-техника“, изјавува за „Дневник“ Васе Доневски, директор на Службата за општи и заеднички работи на Владата.
Иако на тендерот имало поевтини понуди, владината служба ја избрала најскапата понуда зашто имала повеќе сертификати за квалитет, без разлика што главен услов на огласот била цената. За цената се добивале 70 поени, а за квалитетот 15 поени.
„Цената е решавачка на тендерот само ако се работи за две фирми со иста понуда и исти сертификати за квалитет, а не ако тоа што се нуди не е квалитетно. Целата постапка е во согласност со законот“, вели директорот Доневски.

Скопските угостители, што ги консултиравме вчера, велат дека набавката на кујна по ХАЦЦП за нов ресторан чини многу помалку. Сопственик на реномиран ресторан, кој сакаше да остане анонимен, вели дека платил околу 30.000 евра за нова инокс-кујна. Речиси цела опрема е набавена од истата фирма - ЛТХ. Според него, неговата кујна е изработена за опслужување на 300 луѓе.
„Професионален шпорет од инокс за ресторантска кујна чини околу 1.500 евра, за 2.000 евра се купува фрижидер од инокс. Околу 500 евра чини фритеза, цената на работните маси зависи од површината и од квалитетот на иноксот“, ја пренесува „Дневник“ изјавата на бизнисменот.
Тој објаснува дека во неговиот ресторан има и луксузна фурна од инокс за подготовка на традиционални македонски јадења која чини околу 6.000 евра. Оваа цена е пресметана во вкупната сума од 30.000 евра. Притоа објаснува дека има попусти за големи набавки, кога не важат малопродажните цени.
Угостителот вели дека во висината на цената најмногу учествуваат коморите за одржување на квалитетот на храната и од големината на кујната зависи и бројот на коморите. Има повеќе фрижидери за одржување на различни температури.
„Бројот на работните маси зависи од бројот на готвачите, кои според ХАЦЦП-стандардите треба да имаат дефиниран простор за работа“, вели угостителот.
Од фирмата ЛТХ тврдат дека владината набавка е неспоредлива во однос на она што го набавуваат рестораните. Според нив, во случајот се работи според однапред изработен проект.
„Производите се од увоз, но мора да имаат сертификати. Се наоѓаат во поевтина изведба, а ист тип инокс. Тие се декларирани дека се изработени од инокс, но квалитетот е послаб. Најбитно е да има сертификат за квалитет, а некои го немаат“, велат во ЛТХ.
Оттаму потврдуваат дека од кај нив имаат купувано опрема и неколку скопски ресторани. Тие објаснуваат дека целата опрема во вилата е според ХАЦЦП-стандарди и е изработена според сите потребни сертификати за безбедност.
„Се работи за комплетна технолошка опрема за кујна. Има над сто парчиња бела техника. Во тендерот, на пример, за ладилникот се бара да ја мери температура на храната, да биде лесен за одржување, да биде од инокс, а истото важи и за печката. Опремата е целосно според системот за безбедност на храната, а и работните маси се од инокс. Станува збор за две кујни со повеќе од сто елементи, во кои влегуваат и мали уреди за сечкање салати, мешалки за тесто и шлаг“, велат во ЛТХ.
A1

edna od podobrite antikrizni merki :)
А ти можеби очекуваше да купи половни лајци и виљушки?Се фаќате за глупости ко глувиот за тел.слушалка.Па зарем несудениот прецедателски кандидат не купуваше слики за во амбасада?
 
Член од
14 декември 2007
Мислења
3.271
Поени од реакции
708
Kujna ,gradina,luksuz ..mozebi sakaat da go omeknat Ivanov za razumen kompromis :)
 
Член од
30 април 2009
Мислења
795
Поени од реакции
91
Ту каква радосна вест после ќе се мењаат овие кога ке станат опозиција ќе им бришат г*зови на овие што ќе бидат позиција. Тоа е домаќинлук им текна фала богу. и до сега тоа си правеа само сега ќе стане изгледа официјално. :)
 
J

Johnny Stulic

Гостин

Ima mnogu sto mu gi lizat i na obete pa nema potreba :)
 
delfybuba

Schatje
Член од
22 октомври 2008
Мислења
1.212
Поени од реакции
93
Ако де,нека купи човекот кујна,после и на другите ќе им служи,нели?
Подобро отколку да си подаруваат часовници од 20 00евра како Саркози и Карла Бруни...
 
ogledalo

провинцијалец
Член од
12 мај 2008
Мислења
3.198
Поени од реакции
174
Рајската градина не' чини пеколно
Вкупно околу 600.000 евра буџетски пари чинат тревата, дрвцата, цвеќенцата и другите дреболии потребни за одржување на градината, за инокс-кујната, како и за работната дабова маса, кожените бордо гарнитури за седење и маси со витражно стакло во црвено-жолт дезен

Прскалките за наводнување на тревата чинат колку еднособен стан или автомобил од луксузна класа - 40.000 евра
Рајска градина. Така може да се опише амбиентот во кој ќе живее и ќе работи новиот претседател на државата Ѓорге Иванов. Италијанска трева, јапонски црвени јавори, бонсаи-паркчиња, зелени оази, камелии и висечки рузмарин во зелена и во сина боја.

Ова е само дел од над 7.000 квадратни метри распосланата градина низ која претседателот ќе може да воздивнува по напорниот државнички ден. Рајски е амбиентот, но затоа сумите платени за него се пеколни. Парите потрошени за опремување на градината во дворот, како и на ентериерот на резиденцијата на претседателот достигнуваат речиси небесни височини. Вкупно околу 600.000 евра буџетски пари чинат тревата, дрвцата, цвеќенцата и останатите дреболии потребни за одржување на градината, за инокс-кујната по „ХАЦЦП“ - за која веќе пишуваше „Дневник“, како и за работната дабова маса, кожените бордо гарнитури за седење и маси со витражно стакло во црвено-жолт дезен.

Најинтересна е веројатно цената на една од „дреболиите“ за одржување на дворот - за прскалките за автоматско наводнување на тревата се платени пари колку за еднособен стан или автомобил од луксузна класа - 40.000 евра. Италијанската трева, како и дрвцата и цвеќињата чинат 90.000 евра. За луксузниот мебел на претседателот, граѓаните ќе платат нешто помалку од 300.000 евра. Како што веќе информиравме, инокс-кујната чини 160.000 евра. Ова се само дел од набавките. Недостигаат сумите за проектите за внатрешното уредување и за осмислување на градината, бидејќи директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата вчера не беше достапен за изјава.

За жал, на читателите не можеме да им го илустрираме со фотографија претседателскиот амбиент бидејќи не добивме дозвола за влез и за снимање во резиденцијата. Сите набавки биле темпирани да завршат до инаугурацијата на претседателот на 12 мај, но задоцнила тревата, која треба да стаса до почетокот на идниот месец. Затоа, за свечениот чин трева била „позајмена“, како и други растенија за декорација на дворот.

- Дворот од 7.000 квадратни метри ќе биде уреден по највисоки стандарди, според однапред подготвен проект на друга фирма. Станува збор за садници увезени од Италија со сите сертификати за квалитет. Ќе има неколку зелени оази, ќе има камелии, јапонски црвени јавори. Тревата е висококвалитетна. Скалите ќе бидат уредени со висечки рузмарин во зелена и во сина боја, кој ќе виси од корита, каде ќе има и црвен јапонски јавор. Лево од бонсаи-градината ќе има прекрасен простор уреден со убави и ретки џуџести видови. Тоа ќе биде еден од ретко убаво уредените дворови и сите што ќе го посетат ќе се воодушеват - вели Мите Филков, сопственик на „Хорти експерт“, фирмата што го добила тендерот за хортикултурно уредување на дворот вреден 90.000 евра. Ентериерот е исто така исклучително луксузен.

- Се' е изработено од масивно дабово дрво, а гарнитурите се од висококвалитетна италијанска кожа. Нема да има резби и тежок мебел. Направивме спој меѓу класичниот и модерниот мебел. Деведесет отсто е од масивно дабово дрво, со топли нијанси на темноцрвена боја и кафена нишка. Има витражно стакло на масите во црвена и жолта боја, што ја симболизираат земјава - вели Јорданчо Велков, директор на „Дизајн фантазија“, компанијата што го обезбеди мебелот за вилата. Мебелот е изработен според однапред подготвен проект, кој исто така не се знае кој го добил и колку чини. Само дел од техниката ќе биде преземена од кабинетот на поранешниот претседател Бранко Црвенковски, во кој се вселува спикерот Трајко Вељановски.

- Преземени се дел од компјутерите, ТВ, принтерите, дивиди-плеерите и слично. Ќе се набават нови диктафони, телефони, фотоапарати. Во тек е вмрежувањето на компјутерите - велат во кабинетот на Иванов.

Дневник

Море имаТ да се знајт... Претседател е или што е... и тоа на Македонија, местото од каде започнала човековата цивилизација, земјата на Македоноидите, претците на Адам и Ева... алооооооооооооооооооу... малку се трошоциве, шо ви е вас... :helou:
иронија и сарказам...од геро шо ќе научи полтрончево соросоидно
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Kujna ,gradina,luksuz ..mozebi sakaat da go omeknat Ivanov za razumen kompromis :)
Демек ако го смените името,голем број на вашите држалници ќе можат да си приуштат ваква или слична кујна.:tapp:
 
Член од
20 мај 2009
Мислења
344
Поени од реакции
11
Kulinarskata emisija cetri sezoni so poznatiot voditelot Dejan nema veke da se emituva.
Zamena za Dejan ke bide Gorgi Ivanov so novata emisija
KAJ PRETSEDATELOT INOX 160000.
Sepak TV A1 se opredeli da go osvezi mediumskiot eter so novo lice i so nov enterier. Vo novite epizodi ke ni se dolovi magijata i gastronomskite afiniteti na edno novo lice i ke prestavuva vistinsko osvezuvanje na koj ne naviknale TV gurmanite.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Е ама чуден народ сте.Што се 160 000 евра за кујна,што се 3% од буџет за споменици,што се 10 000 евра за чаши.Ги собирате ли парите или секој случај поедничено го гледате?И како може со Обама да се прави споредба?
Мој предлог е да изградат по една пирамида за секој,штета е македонски претседател или премиер така да лежи во земја,ништо само 600 000 евра ќе не кошта де.
 
Да,само да биде од Македонски камен,а не од Босански како што нарача Пенов за Скопскиот плоштад,додека беше градоначалник.:smir:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom