Кујната на Иванов --> 160.000 евра

Член од
14 декември 2007
Мислења
3.271
Поени од реакции
708
Станува збор за набавка на стотина најсовремени апарати од нерѓосувачки челик, односно инокс. Тие се наменети за главната и за помошната кујна во резиденцијата, во која се подготвува храната за претседателот, неговото семејство и за „високите“ гости.
Како што објавува денешен „Дневник“, Владата купи „ХАЦЦП-кујна“ вредна 160.000 евра за новата претседателска вила на Водно во која е сместен претседателот Ѓорге Иванов.
Станува збор за набавка на стотина најсовремени апарати од нерѓосувачки челик, односно инокс. Тие се наменети за главната и за помошната кујна во резиденцијата, во која се подготвува храната за претседателот, неговото семејство и за „високите“ гости.
Според Законот за безбедноста на храната, македонските компании што се во допир со пазарот на храна требаше до 1 јануари да го воведат овој стандард, кој предвидува исклучување на сите точки со кои храната се загадува.
Казните за невоведување на системот за безбедност на храната, Владата ги одложи до крајот на годинава. Тендерот за апаратите во кујната на претседателот Иванов го доби фирмата ЛТХ, која обезбедила опрема според највисоките стандарди, односно инокс-техника за двете кујни во вилата на Водно.
„Се работи за голема набавка на полици, фрижидери, работни маси, шпорети, клима-комори и комори за пареа и други работи. Се' е инокс-техника“, изјавува за „Дневник“ Васе Доневски, директор на Службата за општи и заеднички работи на Владата.
Иако на тендерот имало поевтини понуди, владината служба ја избрала најскапата понуда зашто имала повеќе сертификати за квалитет, без разлика што главен услов на огласот била цената. За цената се добивале 70 поени, а за квалитетот 15 поени.
„Цената е решавачка на тендерот само ако се работи за две фирми со иста понуда и исти сертификати за квалитет, а не ако тоа што се нуди не е квалитетно. Целата постапка е во согласност со законот“, вели директорот Доневски.

Скопските угостители, што ги консултиравме вчера, велат дека набавката на кујна по ХАЦЦП за нов ресторан чини многу помалку. Сопственик на реномиран ресторан, кој сакаше да остане анонимен, вели дека платил околу 30.000 евра за нова инокс-кујна. Речиси цела опрема е набавена од истата фирма - ЛТХ. Според него, неговата кујна е изработена за опслужување на 300 луѓе.
„Професионален шпорет од инокс за ресторантска кујна чини околу 1.500 евра, за 2.000 евра се купува фрижидер од инокс. Околу 500 евра чини фритеза, цената на работните маси зависи од површината и од квалитетот на иноксот“, ја пренесува „Дневник“ изјавата на бизнисменот.
Тој објаснува дека во неговиот ресторан има и луксузна фурна од инокс за подготовка на традиционални македонски јадења која чини околу 6.000 евра. Оваа цена е пресметана во вкупната сума од 30.000 евра. Притоа објаснува дека има попусти за големи набавки, кога не важат малопродажните цени.
Угостителот вели дека во висината на цената најмногу учествуваат коморите за одржување на квалитетот на храната и од големината на кујната зависи и бројот на коморите. Има повеќе фрижидери за одржување на различни температури.
„Бројот на работните маси зависи од бројот на готвачите, кои според ХАЦЦП-стандардите треба да имаат дефиниран простор за работа“, вели угостителот.
Од фирмата ЛТХ тврдат дека владината набавка е неспоредлива во однос на она што го набавуваат рестораните. Според нив, во случајот се работи според однапред изработен проект.
„Производите се од увоз, но мора да имаат сертификати. Се наоѓаат во поевтина изведба, а ист тип инокс. Тие се декларирани дека се изработени од инокс, но квалитетот е послаб. Најбитно е да има сертификат за квалитет, а некои го немаат“, велат во ЛТХ.
Оттаму потврдуваат дека од кај нив имаат купувано опрема и неколку скопски ресторани. Тие објаснуваат дека целата опрема во вилата е според ХАЦЦП-стандарди и е изработена според сите потребни сертификати за безбедност.
„Се работи за комплетна технолошка опрема за кујна. Има над сто парчиња бела техника. Во тендерот, на пример, за ладилникот се бара да ја мери температура на храната, да биде лесен за одржување, да биде од инокс, а истото важи и за печката. Опремата е целосно според системот за безбедност на храната, а и работните маси се од инокс. Станува збор за две кујни со повеќе од сто елементи, во кои влегуваат и мали уреди за сечкање салати, мешалки за тесто и шлаг“, велат во ЛТХ.
A1





edna od podobrite antikrizni merki :)
 

VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
Од кој шљунак од медиуми најде да пренесуваш?

Дневник и А1?

Или тие се независни?

Колку чини кујната на Обама?

Колку чинеше храната на кучето на Џорџ Буш?

Колку чинат патиките на Тадич?

Колку чинат рачните саати - поклон од Грците на Бранко и Грчко?:helou:
 
Член од
14 декември 2007
Мислења
3.271
Поени од реакции
708
Од кој шљунак од медиуми најде да пренесуваш?

Дневник и А1?

Или тие се независни?

Колку чини кујната на Обама?

Колку чинеше храната на кучето на Џорџ Буш?

Колку чинат патиките на Тадич?

Колку чинат рачните саати - поклон од Грците на Бранко и Грчко?:helou:
Obama potrosi 100000 $ za renoviranje na delot kaj sto zivee vo Belata Kuka-->duplo pomalku od Ivanov :helou:
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.035
Па Претседател е, јеби га... Нема ваљда од Бујото да земе кујна. Е какви сте значи... Што треба да земе евтино тавче па да му загори вечера за ВИП гости?

Како свекрви сте...:smir:
 
Член од
4 јуни 2007
Мислења
2.885
Поени од реакции
189
Obama potrosi 100000 $ za renoviranje na delot kaj sto zivee vo Belata Kuka-->duplo pomalku od Ivanov :helou:
Обама потроши над милион за инаугурацијата, 10-15 пати повеќе од Иванов.

п.с. Пардон 170 милиони.

Едно 200-300 пати повеќе...
 

VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
Obama potrosi 100000 $ za renoviranje na delot kaj sto zivee vo Belata Kuka-->duplo pomalku od Ivanov :helou:

:pos2::pos2::pos2:

Обама троши 100000 долари за тоалетна хартија месечно:helou:
 

ogledalo

провинцијалец
Член од
12 мај 2008
Мислења
3.198
Поени од реакции
174
bucko potrosi 3-4 miliona za rezervni tenkovski delovi ))))))))))))))))))))))))
isnifaris potrosi 100 000 evra za nov krljug za ovcite ))))
 

kod

Член од
2 април 2008
Мислења
1.113
Поени од реакции
86
Трошење на парите за непотребни работи.. Ако е председател незначи дека треба да тера луксузи додека другите гладуваат.

Попаметно ќе бил да ги дадел парите за помош на децата без родители, на хендикепираните лица или некој кој навистина ќе има помош од нив.
 
Член од
4 јуни 2007
Мислења
2.885
Поени од реакции
189
Трошење на парите за непотребни работи.. Ако е председател незначи дека треба да тера луксузи додека другите гладуваат.

Попаметно ќе бил да ги дадел парите за помош на децата без родители, на хендикепираните лица или некој кој навистина ќе има помош од нив.
А да купел барбики на сите?!
 

Елф

of Northern Mirkwood
Член од
31 јануари 2008
Мислења
1.373
Поени од реакции
148
bucko potrosi 3-4 miliona za rezervni tenkovski delovi ))))))))))))))))))))))))
isnifaris potrosi 100 000 evra za nov krljug za ovcite ))))
+ 11 000 000 USD за авион, да му биде меко на газот....
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Трошење на парите за непотребни работи.. Ако е председател незначи дека треба да тера луксузи додека другите гладуваат.

Попаметно ќе бил да ги дадел парите за помош на децата без родители, на хендикепираните лица или некој кој навистина ќе има помош од нив.
Ајдеее...па не се тоа негови пари како прво, не одлучува он за реновирање на резиденцијата, башка во таа резиденција сите претседатели понатамошни ќе престојуваат и живеат додека им трае мандатот, што имаше врска ова со децата без родители.

Нема врска човекот со тоа, не е негово тоа па он да одлучува.
 

kod

Член од
2 април 2008
Мислења
1.113
Поени од реакции
86
А да купел барбики на сите?!
Зошто почнувате веднаш со иронии и тропање глупости?
Оправдуваш трошење на толкави суми за кујна на председателот? Па нема врска од која политичка партија е сепак е претерано.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Xak
Член од
14 декември 2007
Мислења
3.271
Поени од реакции
708
Na Gruevski letnata garderoba mu e uzas ..tamu treba da bidat nasoceni parite :)
 
B

Borg_Drone

Гостин
Овој потрошил, оној потрошил, тој потрошил, таа потрошила.А што велите за овој коментар на самата А1 страна:

1.D.S. од New York, USA на 27.05.2009 во 13:07 напиша: Inoks kujnata e za predsedatelot, a ne za Ivanov. Toj nema da ja zeme so sebe posle mandatot. Ne naveduvajte na pogresni patokazi.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom