Вчера еден твој сограѓанин ни две ни три или ќе бидеме равноправни или оваа држава нема да ја има. Теута Арифи, ако до есен не се реши името Албанците ќе побараат други решенија.
Добро. Кажи до кога ќе се влечкаме и ќе преговараме за тоа како да се викаме, за да знам да и пренесам на Теута лично. Најискрено, ќе и тропнам на врата, тето Теута, кажаа славомакедонците уште две години ќе преговараат. Ќе ме послуша и ќе ќути. Ама нека бидат барем две години, а не 20. Не ми се вергла веќе чоече. Не сакам ни ја НАТО со уцени, ама знаеш и самиот дека секогаш постојат алтернативи. Ние алтернативи не бараме (државата барем). Албанскиот народ бара решение. Никаде Теута не рекла дека мора промена на име. Теута само кажува решавање на проблемот со името. Макар било и прекин на преговори ебем ли га.
Една посета е откажана од Косово и се реагира небаре атомска бомба фрлила Македонија на Косово или објавила војна.
Ајде најискрено. Во Албанија се собираат сите претседатели за инаугурација за Ајдеми Попуши. Сите ги покануваат, а Иванов не го канат, демек нешто протоколот не испратило покана по грешка, па не знаеле, па знаеле, па се двоумеле. После две недели го викаат Иванов ама чисто онака на кафе. Без никакви почести кои што треба да бидат применети при посета на некој претседател.
Е сега, не сакам да бидам параноичен, не си ни ти параноичен, ама после толкава фама толку муабети, не сакам да помислам дека не го удостојуваат типот само поради тоа што е албанец. Ја лично знам дека толку им сече на нашиве тука. Сепак, Косово го имаме признаено како држава, и треба така и да се однесуваме. Дека да не заборавиме, и ние молиме другите да не признаат, а не ни е убаво кога некој не дрибла. Ама испаѓа дека сакаме да дрибламе други.
Изјава од ДПА дека Албанија и Косово треба најостро да превземат реципрочни мерки!
Нормално, ДПА ќе кажува еден милион работи кои мене и тебе нема да ни бидат јасни. Опозиција се. Исто како јас сега да се фатам на изјавите на СДСМ и да почнам тука ааааа, па ете Бучко вика државата не е македонска, па ете Кокино било фалширано...вие намерно не лажете, македонците се криви, дрн дрн јариња..сфаќаш нели?
Сме збореле каде е кривицата и основата на проблемите се во лошата економија и тотално неспособната политика а се друго е последица и борба за власт.
Така е, политика која да бидеме реално, во минатото а особено во моментов е под македонска команда. Е сега, да би бил енглез, би рекол овие македонците или се луди, не знааш што прават, или ептен се паметни па имаат некоја си скриена агенда чим намерно не сакаат да просперираат. Кажи ми ти, на мене енглезот, зашто не ја опраите политиката?
Ама пак јас, како државјанин на оваа држава, јасно ми е како бел ден, дека има таму некои си кругови политичари, на кои што им годе да се збогатат, да го опашаат народот, дека крај краева го делам воздухот тука со толку проста маса, што албанците се секогаш дежурни кривци. Доста е некој да посочи со прст кон албанците, и 20 зелени мајмуни ќе се лепат на мојов ко на банана. А политичката тајфа дома со бемвиња си иде, и си делат по 15.000 денари за секоја седница што стискаат копчиња и фалшираат присуство.
Многу е просто и нема врска со параноја :smir:.
Паранојата кај вас е. А се спомне призренска лига, сите мислат дека тоа е светски заговор против Македонија, за креирање на Голема Албанија, а пустите тие, ни воведот на конгресот на Призренската Лига го немаат прочитано. А тоа за рамноправност, не сме деца веќе, ете и Славјански јавно си призна, не купувал од албанец уште од 80тите дека со тоа го финансирал албанското движење. Јебем ли га, од 10 денари патлиџани кило, ептен ќе финансирал тој...Само уште да знаеше дека и цигарите дома што ги пуши (ако е пушач) и алкохолот што го пие (ако пие) идат од албанскиот бизнис во Македонија, тогаш ќе почне коси да си кубе дека цело време не финансирал кутриот...а не знаел. Како и многу ред други работи што се прават во државава, од незнаење..