- Член од
- 21 февруари 2009
- Мислења
- 1.315
- Поени од реакции
- 47
значи да се плукало само
ќе ви пастирам последниот дел
Новинарско видување на балканската трагедија
Во следните броеви на „Глобус“ ќе се обидеме да ви презентираме еден досега неоткриен аспект на македонската историја. Низ серија ексклузивни и досега необјавени текстови изворно ќе ви го пренесеме пишувањето на американскиот печат од крајот на 19 и почетокот на 20 век, за речиси сите клучни настани кои се случувале во поширокиот географски регион на Македонија: Илинденското востание, Солунските атентати, киднапирањето на Мис Стон, Младотурската револуција, акциите и политиката на ВМРО, т.е. на Македонскиот комитет, улогата на големите европски сили, но и на балканските држави во креирањето на амбиентот во кој Македонија испиша уште една страница од својата историја.
Периодот од 1890 до 1910 година, кој ќе биде опфатен во овој фељтон, на виделина ги вади сите контрадикторности, апсурди, недоречености и трагедии на балканскиот полуостров, а особено во Македонија. Ќе забележите во наредниот период следејќи го овој фељтон, дека, со ретки исклучоци, бројните дописници на американските печатени медиуми сместени во Софија, Белград, Истанбул, Солун, Скопје и Битола во своите извештаи не споменуваат постоење на македонски народ, јазик, култура во тој период. Напротив, на неколку места отворено се тврди дека такво нешто не постои, а се зборува за Бугари, Грци, Срби, итн. на територијата на Македонија. Зошто е тоа така, одговор нека даде науката. Целта на овој фељтон не е ниту да го отвора, ниту да го решава македонското национално прашање, туку да и' понуди на пошироката публика ретка можност да ѕирне во богатите архиви на весниците од таа страна на Атлантикот и да добие увид во тоа како цивилизираниот свет гледал на тоа што се случувало на овие простори. Треба да се има предвид дека станува збор во најголем дел за новинарски извештаи и анализи, со сите субјективности, дезинформации, влијанија на пропагандите и обиди да се скандализира тамошната јавност и да се влијае врз домашните влади. Во обид текстовите да ви ги пренесеме во нивната изворна форма, онака како што биле објавени пред повеќе од еден век, редакцијата на „Глобус“ направи минимални корекции во опремата на текстовите, а се' друго, дури и топонимите, ви ги пренесуваме онака како што биле објавени во оригиналите.
Иначе се зборува за тоа како изгледавме во очите на новинарите во тој период никадене се шири пропагандфа туку се изтражува историјата низ објктивот на америчките новинАРИ ЗНАЧИ ОД ВЛАКНО СЛОН ДА СЕ ПРАВЕЛО
drugarke ovde se postavuva prasanjeto zosto se forsiraat takvi natpisi koga site znaeme deka ima i mnogu drugi natpisi sto se vo nasa korist a ovie ni serviraat nesto drugo, da ne recam istata propaganda sto ja gledame od strana na grcija i bugarija.