Велешанец (КАЈГАНЏИЈА!) исчезна во водите на Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата аце_шваба
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Голема е трагедијата, без разлика дали завршила и како ќе заврши - затоа се воздржувам од некои коментари.

Ве молам, без избрзани изјави од типот „бог да го прости“, дур не помине уште некое време... Исто така, сега не е моментот да се плука по дечкото заради тоа што користел дрога. Требало да мислите на тоа пред да се случи несреќава. Поготово вие што го знаете лично, а не ние што се обидуваме да докажеме некоја поента преку напишаното. Сега не се осеќате толку убаво како кога пашкавте и дававте поддршка на сите „уживатели“ тука, нели? Сега нема веже „уживање“ - остана само горчина.

Јас се надевам дека сето ова ќе заврши среќно. Не го отпишувајте сеуште, зошто може е некаде на копно до реката сеуште жив. Не знаеме точно што се случило и како ќе заврши на крај. Така да, внимателно со коментарите.
 
Трагедија:nesvest: да се надеваме на најдоброто:toe:
 
Се надевам дека е жив и здрав. Во секој случај, ме потресе сето ова. До вчера што се вика, праев со него на мсн муабет. :toe:
 
Може се самоубил, од кај знаеш:tapp:
И да не му се живеело,нема да се фрли ви Вардар додека е надуван и додека е со другар.

Свашта бе.
Се лизнал значи..

Абе тој се “лизнал“ уште одамна,кога зел лепак да дува......:toe:
 
Прв пат слушам за членов :( Се надевам дека ќе го најдат
 
Се надеваме на најдоброто, но спремни сме на најлошото.
Трагедија е ова што се случува.

Се` уште не можам да поверувам. :nesum:
Ајде, нека се среди се.
Надежта последна умира.
 
ау
зошто ли ја отворив темава
за да мусе ситат стоки шо себе се сметаат за ангели
добро бе ти на мравка ли не газиш шо си толку совршен па си зимаш за право да критикуваш некој друг?
 
Да беше сеа до мене, коа ќе ти ја влепев една...

Вистината понекогаш е далеку поболна одколку најголемата лага,ама треба достоинствено да се соочиме со неа.:toe:
 
Мразам што го зборам ова, но го бараат од вчера, а Вардар не е Амазон.


Немам зборови...
Се видовме пред 2 дена, насмеан идеше у библиотека...
 
Вистината понекогаш е далеку поболна одколку најголемата лага,ама треба достоинствено да се соочиме со неа.:toe:

Добро Dr. House, знајме... паметен си, ама верувај ништо не помагаш со вакви мислења. Барем само чекај новост, не мора да пишуваш. Ајт.
 
Добро Dr. House, знајме... паметен си, ама верувај ништо не помагаш со вакви мислења. Барем само чекај новост, не мора да пишуваш. Ајт.

Добро де Б_О_Ж_И_Н_О,заќутувам на оваа тема,само да си ја земам дозата Викодин.:jaj:
 
се надевам на најдоброто дека ќе го најдат онаму долу гевгелија како игра на апарати и се заебава со девојки ама :nesum::nesum:
 
Денес дојде другарче кај мене дома...и отвараме интернет и на homepage ми е стаена time.mk....и кликам онака инстиктивно на веста за "изчезнато 20годишно момче во Вардар-Велес"....

Уште кога прочитав 20годишен Велешанец со име Љупче Солев....изрипав од столот и срцето ми чукаше 200...и почнав ко улав во паника да се дерам "абе овоа е Суцо"....

Другарчево ми вика чоек шо ти е бе уште не си го дочитал насловот ти збудале....
Дојде и еден другар кај мене шо заедно со Суцо бевме неразделни до 4та година средно и почнавме да вртиме по броеви,и ни кажаа дека сетоа тоа што сме го читале е точно....

Едноставно до моментов кога пишувам не ми се верува дека овакво нешто се десило....а плус тоа најглупо од се ми е шо со најциганската работа "лепак" го заврши животот(што јас уште сум оптимист дека е негде на суво)....и најглупо заради тоа што нема изговор или да најдеш друга кривица за утеха од настанот....значи едноставно нема место за шпекулациии!!!

Несакам да пишувам опроштални писма или блабла...бидејќи не е сега моментот за изразување на креативноста на ваков настан...

Криво ми е само заради тоа што,милион пати сме му викале дека со оваквите работи од типот на лепаци,тромадоли и трава...дека со нив никој не станал човек и дека сите негови другари ги напуштија на време тие темни збиралишта по парковите и станаа луѓе!

п.с и прочитајте го постот на Ацид пред да почнете,да оставате постови со содржина од типот..."кој го терал да диши лепак"!!!
 
Иако си атеист еве јас ќе се помолам за тебе за кога ќе те пронајдат бидеш добро и да дојдеш на темата за да послушаш барем еден совет.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom