1. Јас не мислам, туку верувам дека Бог е мој Творец.
2. Фосилите и било кој друг историски остаток, сами по себе се факти кои не зборуваат за еволуцијата, туку за сосема други процеси и настани. Таков настан е, на пример, Потопот, кој целосно го смени изгледот од Земјава. Фосилите не говорат за еволуцијата, туку говорат за постоењето на битија, кои по стек од геолошки околности, денес не постојат.
3. Користењето огромни цифри за минатите времиња, како оние од стотици илјади па и милијарди години, се наивна категорија. За човековито ум, тие цифри се непојмливи. Нема научна метода која може да ни потврди толкави временски периоди во минатато.
Патем кажано, пронајдните јајца од диносауруси во Мексико, не се постари од 500 г. Таа проценка е заснована на периодот од полураспаѓање на ДНК од исите тие јајца, па наивно звучи тезата дека диносаурисуте изгинале пред наводните 65 мил. години, од наводниот пад на метеорит, кој никој не го видел!
4. И пред 2 000 и пред 5 000 г., постоеше истиот Бог. Него Го познаваа само јудеите, а веќе 2 000 г. по ред, Го познаваат и многу други народи.
5. Пронајдените остатоци од човечки коски ни велат дека не така одамна, луѓето биле физички и умствено поспособни од денешните луѓе. Наивно е да се верува дека во меѓувреме, сме еволуирале и дека наводно, сме станале поспособни од историските луѓе.
6. Науките се занимаваат со материјално-физичките категории, секоја со својот објект на опсервација. Не посоти наука која непосредно Го проучува Бога, оти со Него се бави религијата, на свој начин, со свои средства и методи. Затоа, ниедна наука не може ниту да го потврди ниту да го одрече Божјото постоење, но токму научните сознанија ни велат дека сето ова околу нас, е премногу добро уредено, за да биде случајно настанато.