ова го пишав еднаш ама сеа ај подетално:
Напаѓачот на Милан, Филипо Инѕаги смета дека неговиот дрес со бројот 9 не треба да биде повлечен кога ќе ја заврши кариерата.
Овој поранешен играч на Јувентус е еден од најефикасните голгетери на сите времиња и само германската легенда, Герд Милер има постигнато повеќе голови на европска сцена од него.
Суперпипо поентираше и во вторникот на натпреварот од Лигата на Шампионите против Бенфика, кој шампионот на Европа го доби со 2-1. Неговите многубројни херојски моменти откако премина во Милан во 2001, ги натераа навивачите на Росонерите да бараат повлекување на „деветката“ откако Инѕаги ќе се пензионира.
„Деветката не смее да биде повлечена кога ќе ја завршам кариерата“, скромно изјавува Инѕаги. „Таква чест не му беше укажана ниту на големиот Марко Ван Бастен, кој го носеше истиот број, па не би требало да ми биде укажана ни мене.“
Во моментов селектор на Холандија, Марко Ван Бастен играше за Милан во периодот 1987-1993 и постигна неверојатни 128 гола во 147 настапи за Росонерите.
Иако оспоруван од многумина, со двата гола против Ливерпул во ланското финале на Лигата на Шампионите, Пипо им ги затна устите и на најголемите злобници. Кога овој 34-годишен играч ќе се повлече, ќе биде запаметен како еден од најголемите голгетери во италијанската фудбалска историја.